feature

Алиоски во идеалниот тим на првенството на Саудиска Арабија

Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски доби место во тимот на сезоната во Саудиска Арабија.

Алиоски со добрите настапи започна да ги освојува симпатиите во Ал Ахли уште по првата сезона. Тимот на Ал Ахли е второпласиран на табелата во првенството зад лидер Ал Итихад, а до крајот на сезоната има уште четири кола. Ал Ахли заостанува шест бода.

Во редовите на Ал Ахли Алиоски пристигна како слободен играч од Лидс откако му заврши договорот со англискиот премиерлигаш. Во својата прва сезона оствари учинок од шест гола и седум асистенции.


Божо Анџелиќ е нов член на РК Вардар 1961

Репрезентативецот на Црна Гора, Божо Анџелиќ е новото засилување во екипата на Вардар за следната сезона.

30-годишниот Црногорец игра на позицијата среден бек, а во Вардар пристига од тимот на Ференцварош од Унгарија.

Договорот со Анџелиќ е потпишан на една сезона, со можност за продолжување на уште една. Тој е второ засилување на тимот за следната сезона, после Словенецот Цехте.


Хазенхитл: За Саутемптон натпреварот со Ливерпул е како финале во Лигата на шампиони

Екипата на Ливерпул, која сеуште има шанса за освојување на титулата во Премиер лигата, вечерва гостува во Саутемптон. Црвените од Ливерпул, заостануваат четири бода зад Манчестер Сити, но имаат натпревар помалку кој мора да го добијат ако сакаат да ја продолжат трката за трофејот.

Тимот на Саутемптон игра доста променливо во вториот дел од сезоната и се соочува со доста проблеми. Сепак, домаќините посакуваат победа над финалистот во ЛШ.

„Нашите навивачи знаат против кого играме, знаат колку е тешко и во каква форма е Ливерпул, иако имаат неколку повредени играчи. Ова е наше финале во Лигата на шампиони и ќе дадеме се од себе на овој натпревар“, изјави тренерот на „светците“, Ралф Хазенхитл.


Бејл ќе се врати во англискиот фудбал од следната сезона

Агентот на Герет Бејл официјално потврди дека Велшанецот ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.

Договорот на Бејл истекува во јуни и ќе биде слободен агент, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

„Герет ќе се раздели со Реал, тоа е дефинитивно. Мислам дека постои реална можност тој да се врати во англискиот фудбал. Неговата иднина зависи од тоа дали Велс ќе се пласира на Светското првенство“, изјави агентот.

Бејл е во Реал од 2013 година, а минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем.


Тен Хаг одбива да замине на годишен одмор

Фудбалскиот клуб Ајакс ја заврши сезоната, а Ерик тен Хаг деновиве ќе отпатува за Манчестер и ќе ја започне својата нова етапа во кариерата.

Холанѓанецот ќе биде новиот тренер на Јунајтед во мошне тежок момент. Тој ќе раководи со тим кој не успеа да стигне до Лигата на шампионите и кој го очекуваат големи промени.

Поради сето тоа, Тен Хаг реши уште веднаш да ги засука ракавите и да ја започне својата работа во новата средина.

Навивачите на Јунајтед масовно го поздравија неговиот потег и веруваат дека клубот го направил вистинскиот избор, бидејќи доаѓа некој кој уште од првиот ден ќе инсистира на напорна работа и кој ќе прави ред во соблекувалната .


Џоковиќ е против бојкот на Вимблдон: Постојат подобри решенија

Најдобриот светски тенисер, Новак Џоковиќ, е против бојкот на Вимблдон, после одлуката на челниците на гренд слем турнирот да им забранат настап на руските и белоруските играчи поради војната во Украина.

Српскиот тенисер вели дека бојкотот е екстремно работа и дека има многу подобри решенија.

„Спортистите се тука за да се занимаваат со спорт, ако ги исклучиме од спортот само поради фактот дека доаѓаат од одредена земја, тогаш тоа е лоша одлука. Потребна ни е поголема комуникација со Вимблдон. Не сум вклучен во преговори како пред десет години и немам разговори со претставниците на Вимблдон, но имам информации дека тие се многу строги“, изјави Џоковиќ.


Неизвесна иднината на Тер Штеген во Барса

Голманот на Барселона и Германија, Марк-Андре тер Штеген би можел да го смени клубот во текот на летниот преоден рок. Каталонскиот клуб ќе размисли за продажба на германскиот голман доколку добие достојна понуда. Тер Штеген го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на коленото и раководството на Барселона не е целосно задоволно од неговиот настап.

30-годишниот германски голман за Барселона настапува од 2014 година. Договорот на германскиот интернационалец со клубот е до јуни 2025 година. Според Трансфермаркт, голманот има пазарна вредност од 45 милиони евра.

Тер Штеген оваа сезона имаше 34 настапи во Примера, а на 11 од нив ја остави мрежата на неговиот тим недопрена.


Лапорта: Би сакал Меси да се врати на „Камп Ноу“

Навивачите на Барселона тешко дека го преболеле заминувањето на Лионел Меси, а за целата ситуација беше обвинето претходното раководство на чело со Бартомеу кое клубот го остави во лоша ситуација.

Лапорта за викендот се сретна со таткото на Меси, а тоа привлече големо внимание. Сега Барселона изгледа многу поставилна, но во овој момент Меси е играч на ПСЖ и клубот од Париз многу се прашува за неговата иднина.

Кога во прашање е Лапорта тој би сакал да го види Меси повторно во Барселона.

„Дали би сакал да се врати Меси во Барселона? Да, секако“, кратко одговорил Лапорта.

Претходно и таткото на Меси имаше изјава дека би сакал еден ден неговиот син да го види повторно во Барселона.


Мбапе третпат е играч на сезоната во Лига 1

Килијан Мбапе е прогласен за најдобар играч во сезоната во француската Лига 1.

Напаѓачот ја доби наградата од Унијата на фудбалери на Франција (УНФП), победувајќи го во изборот Висам Бен Једер од Монако, Дмитри Паје (Олимпик Марсеј), Лукас Пакета (Лион) и Мартин Териер (Рен).

За најдобар тренер во тековната сезона беше прогласен Бруно Женесио, кој е на чело на Рен.

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар голман во сезоната на Лига 1.


Реал Мадрид го претстави дресот за наредната сезона

Во периодот пред борбата за титулата европски првак, Реал Мадрид ги претстави новите домашни дресови за следната сезона.

Традиционално доминира белата боја со црн принт, но и јака која потсетува на ретро варијанти на дресовите на „кралскиот клуб“.

Трите линии на Адидас се обоени во виолетова, што претставува врска со кралското семејство, додека шорцевите ќе бидат бели.