feature

Стерлинг ги договори личните услови со Челзи

Фудбалерот на Манчестер Сити Рахим Стерлинг ги договори личните услови со Челзи околу неговиот трансфер на Стенфорд Бриџ.

Тренерот на Челзи Томас Тухел го назначи Стерлинг за приоритет во летниот преоден рок. Договорот на англискиот репрезентативец со Сити истекува следното лето, а актуелниот шампион на Премиер лигата не сака да го спречи неговото заминување и желбата за поголема минутажа.

Стерлинг во Премиер лигата има настапувано за Манчестер Сити и Ливерпул, одигра вкупно 468 натпревари и постигна 285 гола.


Бергвајн на тестови, денес потпишува за Ајакс

Холандскиот репрезентативец Стивен Бергвајн е на медицински прегледи пред реализација на неговиот трансфер од Тотенхем во Ајакс, објави Фабрицио Романо.

Двата клуба веќе се договорија за зделката која е вредна 30 милиони евра. Бергвајн го напушта Тотенхем по две и пол сезони поминати со нив и се враќа во својата татковина. Во јануари 2020 година тој беше купен од ПСВ Ајндховен за иста сума од 30 милиони евра.

Напаѓачот најнапред беше дел од младинската школа на Ајакс, по што се пресели во ПСВ Ајндховен.


Дарвин Нуњез е фудбалер на сезоната во Португалија

Фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњез , кој играше за Бенфика минатата сезона, ја освои наградата за играч на сезоната 2021/22 во португалската Примеира.

„Тој беше најдобар стрелец, беше во идеалниот тим на сезоната и сега е прогласен за МВП на првенството. Оваа награда оди кај Дарвин Нуњез!“, стои на Твитер профилот на лигата.

Нуњез постигна 34 гола и даде четири асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања за португалска екипа Бенфика минатата сезона во 2021/2022 година. Уругвајскиот напаѓач беше во клубот од септември 2020 година.

Во октомври 2019 година, Нуњез го направи своето деби за репрезентацијата на Уругвај, постигнувајќи два гола на 11 натпревари. На 14 јуни оваа лето беше најавен трансфер во англискиот Ливерпул.


Серхио Љуљ останува во Реал Мадрид до 2024 година

Шпанскиот кошаркар Серхио Љуљ го продолжи договорот со екипата на Реал Мадрид. 

34-годишниот играч имаше актуелен договор до крајот на оваа сезона, а со новиот договор тој ќе продолжи да настапува за кралскиот клуб до 2024 година.

Серхио Љуљ е член на Реал од 2007 година. Со тимот од Мадрид двапати ја освои Евролигата, а седумпати е шампион на шпанската лига.


Себатијан Алер промовиран во нов играч на Борусија Дортмунд

Досегашниот фудбалер на Ајакс, Себастијан Алер потпиша четиригодишен договор со екипата на Борусија од Дортмунд. Тој во новиот тим ќе го носи дресот со број девет, и ќе биде замена за Ерлинг Халанд кој замина во Манчестер Сити.

Алер во минатата сезона одигра 42 натпревари за Ајакс, постигна 34 гола и девет асистенции. Со своите 11 погодоци во Лигата на шампионите беше третиот најдобар стрелец после Бензема и Левандовски.

За 28-годишниот фудбалер ова ќе биде второ враќање во Бундеслигата каде во периодот од 2017 до 2019 година играше за Ајнтрахт од Франкфурт.


Аксел Витсел е првото засилување за Атлетико Мадрид

Искусниот фудбалер за врска Аксел Витсел официјално е претставен како нов играч на Атлетико Мадрид.

33-годишниот репрезентативец на Белгија е првото засилување за шпанскиот клуб во овај преоден рок. Тој во Мадрид доаѓа како слободен играч од Борусија Дортмунд и потпиша договор до јуни 2023 година.

Својата кариера Витсел ја започна во Стандард, а потоа го носеше дресот на Бенфика, Зенит, кинескиот Тјанџин, и Борусија Дортмунд. За репрезентацијата на Белгија има одиграно 124 натпревари и постигнато два гола.


Пакета ќе ги одбие сите понуди и ќе остане во Лион

Играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Лукас Пакета го привлече вниманието на врвните европски клубови.

Според „ESPN“, претставници на Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Арсенал и Тотенхем биле во контакт со играчот од средниот ред во последните недели, но не успеале да постигнат напредок во преговорите.

Бразилецот е задоволен од својата позиција во тимот и нема да бара да биде продаден. Се очекува тој да продолжи со Олимпик Лион и следната сезона.

Лукас Пакета минатата сезона имаше 35 настапи и 15 постигнати гола во дресот на својата екипа.


Шалке го ангажира капитенот на Јапонија

Повратникот во Бундеслигата екипата на Шалке соопшти денес дека нов играч во тимот е Јапонецот Маја Јошида.

Доскорешниот фудбалер на Сампдорија со Шалке потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона.

33-годишниот Јошида поголемиот дел од кариерата го мина во екипата на Саутемптон каде одигра вкупно 194 натпревари.


Монца сака нова ѕвезда, Галијани преговара со Џеко

Трансфер пазарот е на големо отворен, така е и во Италија, а еден од оние кои би можеле да ја променат средината во наредниот период е Един Џеко, барем според медиумите во Италија.

Џеко моментално е играч на Интер и има статус на „сигурен“ кај Нероаѕурите, но без разлика на тоа, италијанските медиуми продолжуваат да шпекулираат за иднината на капитенот на Босна и Херцеговина.

Денес пристигнува по малку изненадувачка вест за евентуалниот трансфер на Џеко.


Бодирога ќе биде нов претседател на Евролигата

Прославениот српски кошаркар Дејан Бодирога ќе биде назначен за нов претседател на Евролигата, додека Маршал Гликман ќе ја преземе функцијата на привремен извршен директор.

Се очекува Бодирога да биде предложен за претседател на состанокот на акционерите од Евролигата кој ќе се одржи во Петок.

Според информациите, сопствениците на Евролигата веќе подолг период размислуваа и донесоа одлука да му ја доверат функцијата на Бодирога од кого се очекува во потполност да го трансформира и унапреди ова натпреварување.