feature

Битолски браќа успешни на меѓународниот натпревар “Алексо Огненовски” во бокс

Битолските Боксери Браќата Ален Рустемовски и Ружди Рустемовски кои се Репрезентативци на Боксерската Федерација на Македонија настапија на Меѓународниот натпревар “Алексо Огненовски” кој се одржа во Охрид.
На натпреварот учество зедоја повеќе Европски Држави: Германија, Шведска, Швајцарија, Албанија и Една Африканска земја Еритреа. Ален Рустемовски настапи во Јуниоркса конкуренција до 57кг.
А, Ружди Рустемовски исто така настапи во Јуниорска конкуренција до 66кг.
Двата Боксери беа подобри од своите противници, Ален Рустемовски против Сухејб Матраку победа со прекин во првата рунда.
Ружди Рустемовски против Сајди Беголи убедлива победа на поени 5:0.
Двата се закитија со Злато, а Ален Рустемовски беше прогласен за најдобар Македонски Боксер на турнирот.
Нивниот тренер Јове Петровски Оцо е многу задоволен како боксерите настапија на овој турнир.
Наша следна цел е “Златна Војводинска Нараквица” за која се зборува дека е “мало светско првенство” со оглед на тоа дека доаѓаат земји од сите континенти.
– “Пред се да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на луѓето кои колку можат ама искрено не подржуваат”:
Евро Тип обложувалници
Голд Слот
Портал Кафе
Сендвичара Кико
Роса Вита Аптеки
– велат од клубот.


УЕФА побара симулаторите да бидат построго казнувани

Прес-службата на УЕФА на официјалната веб-страница објави годишна порака до судиите кои ќе ги судат натпреварите од европските купови во сезоната 2022/2023. Во него се наведува дека од судиите ќе се бара построго да одговорат на манифестациите на симулација на играчите, масовните препукувања и обидите за притисок врз судиите.

„Не сакаме да гледаме такво нешто во играта и решени сме да го заштитиме имиџот на фудбалот. Сметаме дека се неприфатливи одредени типови на однесување на теренот и на клупите. Кога некој играч се обидува да казни друг играч, тоа не е фер кон фудбалот. Ова претставува нечесно однесување на играчите кон нивните колеги – лош пример за непочитување“.

Играчите кои се обидуваат да ги измамат официјалните лица со симулација или претерано реагираат на лесни фаули по контакт треба да бидат казнети. Дополнително, арбитрите мора да применат строги санкции во ситуации кога играчите се обидуваат да ги измамат судиите да им дадат црвени или жолти картони на противничките играчи.


Попович: Европската кошарка ја подобри НБА лигата

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович не сакаше да го пропушти Евробаскетот. Тој беше гостин на тимот Милано и тренерот Армани Еторе Месина, со кого соработуваше во Спарс, а во таа прилика за италијански Скај проговори колку се блиски американската и европската кошарка.

Грег Попович го следеше дуелот помеѓу Италија и Грција на кој играа двајца НБА играчи Симоне Фонтекио и Јанис Адетокунбо. Флавио Транкило од „Sky Sports“ побара интервју од харизматичниот Поп и доби доста интересни одговори.

„Пред десет години американската кошарка се базираше на тројки и забивања. Со доаѓањето на кошарката на европската телевизија, мислам дека сите беа возбудени поради тоа. Европската кошарка има многу повеќе движења без топка, двата света долго време беа разделени но сега се се поблиску. Посебно ние тренерите, менаџерите почнуваат да го разбираат тоа. Благодарение на толку многу странци во НБА, видовме дека се повеќе играчи се свртуваат кон основите, различните вештини, особено кога станува збор за шутирање. Научивме дека треба да се вратиме на основите“, рече Грег Попович.


Двата директори на ПСЖ не се мирисаат еден со друг

Во раководството на Пари Сент Жермен има сериозно недоразбирање и нетрпеливост помеѓу двајца директори, открива „Екип“.

Тоа стана очигледни при трансферот на Карлос Солер од Валенсија, кој всушност беше и последен трансфер за „светците“ ова лето. Според информацијата, Валенсија во рок од два часа добила две различни понуди за Карлос Солер.

Најпрво се јавил Луис Кампош и понудил 18 милиони евра плус бонуси за ангажман на Солер. Два часа подоцна се јавил Антеро Енрике, кој пак предложил Шпанецот да се пресели во Париз на позајмица, со опција за откуп.

На крајот трансферот се реализираше за 18 милиони евра, а очигледно е дека Кампош и Енрике немаат добра комуникација, или станува збор за аматеризам.


Анчелоти има план како да го менува Бензема во нападот на Реал

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти откри кој би можел да го замени напаѓачот Карим Бензема во неговиот тим.

„Не е точно дека нема кој да го замени Бензема. Ги имаме Маријано, Азар, Родриго, понекогаш Асенсио, па дури и Модриќ. Бензема игра на секои три дена, а понекогаш му треба одмор. Со еден натпревар неделно добро се снаоѓа. На средбата со Бетис не успеа на крајот, но тоа не е поради неговата физичка состојба“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид во саботата во четвртото коло од шпанското првенство го победи Бетис со 2-1. 


Џејмс доби нов договор со Челзи

Дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс наскоро ќе потпише нов договор со клубот. Новиот договор ќе важи до 2028 година. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид е заинтересиран за играчот.

Според изворот, раководството на лондончани сака во договорот да биде вклучена и опцијата за продолжување на соработката. Преговорите за условите на новиот договор влегуваат во последната фаза.

22-годишниот Џејмс е дете на лондонскиот клуб. Сезонава на 5 натпревари во сите натпреварувања, дефанзивецот постигна еден гол и имаше една асистенција. Актуелниот договор меѓу Џејмс и Челзи истекува во летото 2025 година.


Шестнеделна пауза за Дани Олмо од РБ Лајпциг

На синоќешниот меч во Бундеслигата меѓу Ајнтрахт и РБ Лајпциг, шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се повреди уште во 4. минута по еден дуел со противничкиот играч Џибрил Соу. Иако се обиде да го продолжи натпреварот, Олмо се здоби со повреда на коленото поради која беше заменет во 11. минута.

Неговиот клуб соопшти за каква повреда се работи.

„Дани Олмо доживеа делумно кинење на левите лигаменти на гостувањето против Ајнтрахт и ќе отсуствува меѓу четири и шест недели“, објави германскиот прволигаш.


Постигнат договор, Икарди доаѓа во Галатасарај

За неколку дена животот на Мауро Икарди целосно ќе биде променет. Тој ќе биде пречекан од илјадници навивачи на Галатасарај каде што ќе биде еден од најскапите и најдобрите играчи кои некогаш играле за тој клуб. За трансферот на Аргентинецот се зборува долго време, а турски „ТРТ“ пишува дека сега се е договорено со ПСЖ.

Договорот помеѓу Икарди и Галатасарај е во тек веќе неколку дена, но Пари Сен Жермен малку го одложи. Наводно во целиот процес се вклучил и Фенербахче и вечниот ривал на Галата се обидел да им го презеде Мауро.

Сепак, сега ТРТ пишува дека зделката меѓу Галатасарај и Пари Сен Жермен е завршена и дека се работи за едногодишна позајмица.


Марсело пред потпис со Лестер Сити

Новинарот на „Марка“, Марти Мирас, тврди дека легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело, во тековнава сезона ќе игра за Лестер.

Бразилецот откако го одработи договорот со шпанскиот состав,  сега ќе се проба во Премиер-лигата.

Според објавеното, левиот  бек откако ќе ги помине лкераските прегледи, ќе потпише едногодишен договор со „лисиците“.


Челзи потроши најмногу во Европа ова лето

Екипата на Челзи постави апсолутен рекорд во историјата на Премиер лигата кога станува збор за реализирани трансфери.

Лондончани сигурно ја поминаа границата од 250 милиони фунти а Лондон Ивнинг Стандард проценува дека вкупниот износ е 273,5 кога ќе се додадат и бонусите.

Сепак, новиот сопственик на „сините“, Тод Боли, не успеа да го собори рекордот на Реал Мадрид од летото 2019 година кога кралскиот клуб потроши околу 292 милиони фунти.