feature

Червар: Ќе навивам за Македонија на Европското првенство

Лино Червар не ги крие симпатиите кон Македонија пред Европското првенство кое ќе стартува на 13. јануари.

Червар ги анализираше селекциите во регионот и испрати поддршка за Лазаров и Македонија.

„Искрено, јас ќе навивам за мојата втора татковина, Македонија. Мораме да сме објективни, репрезентацијата на Македонија поминува низ многу промени доаѓа смена на генерации. Тимот го води најголемата легенда во државата, Кире Лазаров. Кире е човек кој го сакам и почитувам, сите треба да го следат неговиот пример. Иако рано влезе во тренерските води мислам дека има квалитет да покаже многу. Сигурен сум дека на ниту една репрезентација нема да и биде лесно со Македонија“, изјави Червар.


Алегри: Мората сигурно ќе остане во Јуве

Алваро Мората е голема желба на Барселона и се шпекулираше дека Шпанецот може да се пресели на „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок.

Меѓутоа, тренерот на Јувентус, Макс Алегри денес потврди дека Мората сигурно останува во Торино до крајот на сезоната.

„Јас и директорот на клубот се сретнавме со Алваро Мората и му ја соопштивме одлуката – тој не е за продажба. Алваро е под договор со нас, ние не планираме да се разделиме и нема сомнеж дека тој ќе остане до крајот на сезонава. Мората останува 100%, крај на приказната“, изјави Алегри.


Лука Станковски потпиша за турскиот Газијантеп

Еден од најталентираните македонски фудбалери и досегашен член на Работнички, Лука Станковски, направи трансфер во турскиот прволигаш Газијантеп. Тој во наредните четири и пол години ќе го носи дресот на турскиот прволигаш.

„Среќни сме што можеме да го потврдиме трансферот на нашиот досегашен фудбалер, талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газијантеп. Работнички продолжува да реализира големи трансфери на своите фудбалери и во овој тежок период на пандемија на коронавирусот низ целиот свет“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.

Тимот на Работнички ќе ги стартува зимските подготовки на 8. јануари, а втората фаза ќе ја одработи во Анталија, од 20 до 31 јануари.


Вардар го врати Дарко Мицевски по едногодишна пауза

Дарко Мицевски е нов играч на ФК Вардар. Тој денес потпиша четири и пол годишен договор со најтрофејниот македонски фудбалски состав. Повратникот во Вардар е освојувач на шампионската титула во сезоната 2019/20.

“Ми претставува голема чест и задоволство враќањето во Вардар, едноставно повикот од најтрофејниот македонски фудбалски клуб не се одбива. Им благодарам на сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски за повикот и довербата, лесно се договоривме и заеднички ги усогласивме целите на клубот. Верувам во овој проект, искрено се надевам дека ќе биде еднакво успешен како и при мојот претходен престој тука. На сите навивачи и приврзаници на Вардар им ја честитам новата година и божиќните празници, се гледаме на терен, да го вратиме Вардар таму каде што му е местото.”, изјавил Мицевски.


Стивен Џерард го носи Кутуњо во Астон Вила

Екипата на Астон Вила започна преговори за ангажирање на играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо.

Клубот предводен од Стивен Џерард, сака да го доведе Кутињо на позајмица во јануари и тој да остане во Астон Вила до завршетокот на сезоната.

Барселона има голема желба да се ослободи од 29-годишниот Бразилец, бидејќи на тој начин ќе ја забрза регистрацијата на новото засилување на екипата, Феран Торес, кој нема право на настап поради правилото за финансиски фер плеј.

Според информациите од Англија, ссвен Астон Вила, во трката за Кутињо би се вклучиле и Њукасл Јунајтед и Арсенал.


Алегри: Мората останува во Јувентус, Ремзи може да го напушти клубот

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги демантираше шпекулациите дека Алваро Мората е пред трансфер во Барселона и стави јасно до знаење дека тој останува во Торино.

„Веќе имав разговор со Алваро и му кажав дека тој останува тука и нема да го напушти Јувентус, и таа тема е веќе затворена“, изјави Алегри.

„99 проценти од нашиот сегашен тим ќе биде ист за продолжението на сезоната, додека дозвола за заминување од клубот има само Арон Ремзи“, истакна тренерот на „Старата дама“.


Одложен дуелот од Евролигата помеѓу екипите на Макаби Тел Авив и Басконија

Од организацијата на Евролигата соопштија дека натпреварот меѓу Макаби Тел Авив и Басконија е уште еден дуел од 19. коло кој е одложен поради Ковид-19.

Натпреварот беше закажан за 6 јануари, но нема да се одигра, бидејќи Басконија има неколку заразени играчи и не се во можност да го соберат потребниот минимум од 8 кошаркари.

Претходно пради истите причини беа одложени натпреварите меѓу Реал Мадрид и Уникс Казан, како и дуелот помеѓу француските екипи Асвел и Монако кои требаше да се одржат на 7 јануари.


Меси доби негативен тест, експресно се враќа во Париз

Во текот на својот престој во родната Аргентина за време на кратката пауза Лео Меси доби позитивен тестн а коронавирус.

По позитивниот тест Меси остана во „Росарио“ и не можеше да биде со тимот на ПСЖ во куп натпреварот.

Меѓутоа Аргентинецот вчера доби негативен тест и бил забележан во Росарио како со приватен авион заминува за Париз. Освен Меси позитивни беа Серхио Рико, Нејтан Битумазала и Џанлуиџи Донарума.


Онана потпишал за Интер, италијанскиот првак доби бесплатна замена за Хандановиќ

Голманот на Ајакс, Андре Онана ставил потпис на договор со Интер и од следната сезона ќе игра за нероазурите. Онана синоќа беше во Милано на медицински тестови кој завршија успешно.

Според Фабрицио Романо, голманот потоа потпишал петгодишен договор според кој ќе заработува годишна плата од 3 милиони евра.

Тој ќе ја доигра сезоната во Ајакс и од следната ќе се пресели во Интер како слободен играч.


Ливерпул фаворит за потписот на Дембеле

Од шпанските медиуми стигна информација дека најверојатно Усман Дембеле ќе ја напушти Барселона. Како фаворит за потписот на францускиот репрезентативец се јавува англискиот гигант Ливерпул.

Интересот од страна на „црвените“ за крилниот напаѓач е доста сериозен, па дури постои и шанса Јирген Клоп да се обиде да го доведе во јануари.

Оваа опција му одговара и на Барселона која на овај начин може да заработи на продажба на Дембеле, во спротивно тој ќе го напушти „Камп Ноу“ како слободен играч.

Усман Дембеле во Барселона пристигна од Борусија Дортмунд во 2017 година за 135 милиони евра.