Лопетеги фаворит за менаџерското место во Вулверхемптон
Актуелниот тренер на Севиља, Јулен Лопетеги може да заземе испразнетото место во англискиот Вулверхемптон. Ова го пренесува Телеграф, откако веќе беше објавено дека екипата го отпушти Бруно Лаж од оваа позиција.
Лопетеги ја презеде Севиља во летото 2019 година. Оваа сезона тимот под негово водство имаше неуспешен старт на сезоната во шпанскиот шампионат, освојувајќи само пет бода во седум кола.
Севиља моментално се наоѓа на 17. место со еден бод зад зоната за испаѓање. Во Лигата на шампионите, Шпанците се на последното место во групата со Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и ФК Копенхаген.
Марсијал во јануари се сели во Серија А
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека италијанскиот гигант повторно се насочува кон Антони Марсијал за кого интерес покажуваше и во минатото. Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.
Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Тухел одби да се врати во Бундеслигата
Германскиот фудбалски стратег, Томас Тухел, кој во претходниот месец неочекувано доби отказ од англискиот состав Челзи, ја одбил понудата да седне на кормилото на Баер Леверкузен.
Според информациите од Германија, стратегот не прифатил да се врати во татковината и да работи со „фармацевтите“ кои имаат лоши резултати од почетокот на сезоната.
Тухел пред да замине во францускиот ПСЖ и англискиот Челзи, ги предводеше германските екипи – Аугсбург, Мајнц и Борусија Дортмунд.
Игуаин најави крај на фудбалската кариера
Поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин ја објави веста дека ќе стави крај на својата фудбалска кариера после завршувањето на сезоната во МЛС лигата каде настапува за Интер од Мајами.
Екипата на Интер од Мајами во моментот е на седмата позиција на табелата, а до крајот на регуларниот дел од сезоната останаа само две кола во кои клубот ќе проба да се избори за место кое води до доигрување.
Игуаин пред пристигнувањето во Интер од Мајами имаше богата играчка кариера настапувајќи за Ривер Плата, Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челзи.
За аргентинската репрезентација има забележано 75 настапи на кои постигна 31 гол.
Алкараз останува лидер на АТП листата
Шпанскиот тенисер Карлос Алказар го задржа првото место на АТП листата со 6.740 бодови, додека втората позиција ја презеде неговиот сонародник Рафаел Надал со 5.810 бода. Ова е прв пат после август 2000. година првите две позиции на АТП листата да му припаѓаат на тенисери од иста земја.
Норвежанецот Каспер Руд падна на третото место со 5.645 поени. Русинот Данил Медведев е четврт, додека Германецот Александар Зверев е петти.
Наредната АТП листа се очекува да биде објавена наредната недела.
Гвардиола ја откри разликата меѓу Меси и Халанд
Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, во изјава за англиските медиуми ја откри разликата помеѓу Ерлинг Халанд и Лионел Меси.
Норвешкиот напаѓач настапува во извонредна форма откако заигра во неговиот нов клуб Манчестер Сити, и досега има постигнато 17 гола и реализира три асистенции во сите натпреварувања за клубот од Манчестер.
Халанд беше еден од најдобрите поединци во дерби натпреварот против градскиот ривал Манчестер Јунајтед постигнувајќи хет-трик во победата од 6:3.
Тренерот на Сити после натпреварот беше запрашан дали постои разлика меѓу Халанд и Меси од времето кога тој му беше тренер во Барселона на што Пеп одговори:
„Разликата е во тоа што на Ерлинг му се потребни добри соиграчи за да постигне гол, додека Меси тоа може да го направи самиот“.
Чави: Не би го менувал Левандовски за ниту еден друг играч на светот
Тренерот на Барселона Чави Ернандез во интервју за шпанските медиуми истакнува дека не би го менувал полскиот напаѓач Роберт Левандовски за ниту еден друг фудбалер на светот.
Барселона во саботата ја совлада екипата на Мајорка со 1:0, во натпревар од седмото првенствено коло во Ла Лига.
Левандовски пристигна во Барселона за време на летниот преоден рок од Баерн Минхен. На девет натпревари во дресот на каталонците досега постигна 12 гола.
Коман се опорави од повредата и започна со тренинзи
Фудбалерот на Баерн Минхен Кингсли Коман им се врати на тренинзите со екипата откако ја залечи повредата поради која отсуствуваше три и пол недели.
Коман поради повредата на мускулот од десната нога која ја задоби на тренинг со тимот, го пропушти собирот со репрезентацијата на Франција на средината од септември и не настапи на дуелите во Лигата на нации со Австрија и Данска.
Неговото опоравување и враќање на тренинзите е добра вест за Баерн, но и за репрезентацијата на Франција, седум недели пред почетокот на СП во Катар.
Барса без Холанѓаните и Кунде на гостувањето во Милано
Френки де Јонг е изоставен од тимот на Барселона за дуелот со Интер во вторник навечер во Лигата на шампионите. Утрово тренерот Чави Ернандез го објави својот список на играчи кои заминуваат во Милано.
Де Јонг заработи повреда на изминатите натпревари на репрезентацијата на Холандија. Вчера тренираше, но на крајот беше одлучено да не патува во Италија.
Надвор од составот поради повреди се уште тројца странци во клубот – Мемфис Депај, Жил Кунде и Роналдо Араухо, како и Хектор Белерин.
МИЛИОН И ШЕСТОТИНИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ИСПЛАТА!
Кога бонусот е поголем од добивката тогаш знаете дека Евротип е вистинското место за сите љубители на игри на среќа! Е, ова е вистински викенд тикет… тикет на неделата, месецот, годината!
Тикетот е уплатен со Евротип Клуб Картичка (дознај повеќе тука), за што следеше заслужен ЕвроБонус од дури 107% или 972,275 денари што е повеќе пари од самата добивка (908,669), ДОБИВКА од вкупни 1,880,944 за што по оданочувањето се ИСПЛАТЕНИ 1,598,813 ДЕНАРИ! Погоден е 12,980.00 коефициент!
Типувач од Битола уште во петок креира тикет за цело коло до понеделник на кој со само 70 денари уплата одигра на 18 фудбалски натпревари од кои 17 од нив се одиграни со тип 3+, а само еден натпревар е одигран на конечен тип 1 (и само тој натпревар не завршил со исход 3+ на тикетот).
После погодените 17 натпревари, на тикетот се чекаше само Лестер – Нотингем Форест (3+). Во тој момент играчот имаше предизвик на одлука дали да ризикува или да ја искористи можноста која ја нуди Евротип, а тоа е Кешаут кој во истиот момент изнесуваше дури 940,000 денари.
Играчот се реши да ризикува и да верува во својата среќа која го пратеше цело коло и за волја на вистината, не погреши. Лестер ја заврши работата уште пред крајот на првото полувреме и имаше веќе 3-0 над Нотингем Форест, па така среќниот добитник веќе на полувреме почна да слави огромна добивка.
Ова е доказ зошто лојалните играчи кои го препознаваат вистинското место за навистина големи добивки ги следи среќа, а тикетот е за пример!