feature

Реал со перфектен старт првпат од 2018 година

За првпат по неколку години, Реал Мадрид има добар старт во шпанската лига, повторувајќи едно од статистичките достигнувања што ги објави „OptaJose“ на Твитер.

Како што напоменува изворот, за прв пат од сезоната 2018/2019, Реал Мадрид  стартуваше во Примера со две победи во низа – над Алмерија (2-1) на гости и над Селта (4-1) исто така на гостински терен. Во 2018 година, последен пат кога успеаја да започнат со слични резултати, тимот го предводеше Хулен Лопетеги, под негово водство беа поразени Хетафе (2:0) и Џирона (4-1).

Во следното коло од шампионатот на Шпанија ривал на Реал Мадрид ќе биде Еспањол. Натпреварот ќе се одигра во недела на 28 август во Барселона.


Тоти: Би платил и 200 милиони за Мохамед Салах

Франческо Тоти го смета својот поранешен соиграч Мохамед Салах за еден од најдобрите десет фудбалери во светот.

Тоти имаше само пофални зборови за Египќанецот и истакна за него би платил и 200 милиони евра.

„За мене Салах е еден од најдобрите 10 играчи во светот. Односот кој го имам со него го надмина фудбалот. Тој е исклучително скромна и љубезна личост. Додека бевме во Рома знаев дека ако направи трансфер во клуб како Ливерпул ќе стане уште подобар. Кога јас би бил претседател на некој клуб за него би платил и 200 милиони евра“, изјави Тоти.


Најубавиот погодок во историјата слави 18 години!

ПРЕД ТОЧНО 18 ГОДИНИ….
Ибрахимовиќ на 22 август 2004 година го одигра својот последен натпревар во дресот на Ајакс кој славеше победа со 6:2, а шведскиот напаѓач постигна хет-трик.
Неговиот најубав гол беше во 76 минута кога буквално ја издрибла целата одбрана на противникот.

https://twitter.com/i/status/1561720612678246405

Кеита не мрда никаде од Ливерпул, Клоп смета на Африканецот

Наби Кеита и на почетокот на оваа сезона имаше проблеми со здравјето, па поради тоа се уште не успева да фати стандардно место во тимот на Ливерпул.

27-годишниот играч од средниот ред според некои шпекулации можеше да биде продаден ова лето, но менаџерот на Ливерпул, Клоп, вели дека во оваа ситуација тоа е веќе невозможно.

„Да го продадеме Наби сега и да бараме замена? Не, тоа не е можно. Тоа не е планот со кој влеговме сезонава. Играчите нема да си одат без нивна адекватна замена. Затоа Наби нема да не напушти. Но, ако сакаше, тогаш ќе моравме да најдеме негова замена, сега е веќе доцна“, вели Клоп.


Жоао Педро од Вотфорд се сели во Њукасл

Њукасл е блиску до договор за напаѓачот на Ватфорд, Жоао Педро. „Страчките“ имаа првична понуда за Педро која беше одбиена минатата недела, но се очекуваат дополнителни разговори во следните 24 часа.

Њукасл се надева дека ќе постигне договор за Бразилецот вреден околу 30 милиони фунти, од кои некои ќе бидат бонуси на првичната исплата, а Ватфорд и понатаму сака да го продаде напаѓачот.

Менаџерот Хау летово обезбеди три засилувања, Ник Поуп, Мет Таргет и Свен Ботман, но ќе се обиде со уште еден напаѓач кој треба да му биде конкуренција на Калум Вилсон.


Борна Чориќ изненадувачки го освои Мастерсот во Синсинати

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ доцна синоќа го постигна својот најголем успех во кариерата победувајќи го седмиот тенисер во светот, Гркот Стефанос Циципас, со 7-6 (0), 6-2 во финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати.

Чориќ со овој подвиг стана најслабо рангираниот играч на АТП листата (152.) кој успеал да освои еден турнир од серијата 1000. За втората победа во третиот меч против Циципас, на хрватскиот тенисер му беа потребни еден час и 57 минути.


Роналдо се предимислил, ќе остане во Јунајтед поради Касемиро

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо ќе остане во англискиот клуб, објави новинарот Педро Алмеида на својата страница на социјалните мрежи.

Според изворот, португалскиот фудбалер оваа одлука ја донел поради трансферот на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро во екипата на „црвените ѓаволи“. Да потсетиме дека претходно Роналдо и Каземиро играа заедно за шпанскиот тим. Претходно беше објавено дека Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Борусија Дортмунд, Спортинг или Олимпик Марсеј.

Во првото коло од Премиер лигата, Роналдо го започна натпреварот на Манчестер Јунајтед со Брајтон (1-2) како резерва, влегувајќи како замена. Вториот меч – со Брентфорд (0-4) – го одигра во целост, но на двете средби не успеа да постигне гол или асистенција.


Ница фаворит за потписот на Николас Пепе

Напаѓачот на Арсенал Николас Пепе може да ја продолжи кариерата во Лига 1.

Во моментов тече преговарачкиот процес меѓу Арсенал и тимот од францускиот шампионат – Ница. Ова го пренесува авторитетниот инсајдер Фабрицио Романо.

Станува збор за позајмица на 27-годишен фудбалер. Деталите за договорот за позајмица на играчот се разговараат бидејќи Арсенал наводно побарал од Николас Пепе што побрзо да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Исто така, се додава дека Севиља во моментов нема понуди до Арсенал за играчот и покрај гласините за ова во медиумите.

Да потсетиме дека во 2019 година лондонскиот клуб го доби напаѓачот од францускиот Лил. Тогаш трансферот на напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска ги чинеше „топчиите“ 86 милиони евра. Договорот меѓу Пепе и лондонскиот клуб истекува во 2024 година. Пазарната вредност на играчот Трансфермаркт ја проценува на 25 милиони евра.


Конте го позајми Ндомбеле во Наполи

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи се засили за оваа сезона ангажирајќи го 25-годишниот Французин Танги Ндомбеле како позајмен фудбалер од Тотенхем.     

Францускиот играч за врска во Тотенхем не успеа да избори стандардно место во првиот тим и вториот дел од ланската сезона го мина како позајмен фудбалер во Лион од каде се пресели во лондонскиот премиерлигаш во 2019 година. 

Наполи ќе има право да го откупи неговиот договор со Тотенхем на крајот на сезоната. Новото засилување на Наполи има седум настапи за француската репрезентација.


Калин Ивановски го освои првиот турнир во кариерата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски одигра уште еден одличен натпревар и триумфираше во финалето на ИТФ-фјучрс турнирот во Монастир, Тунис.

Нашиот тенисер оствари одличен успех со освојувањето на овој турнир откако во финалето го победи Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина со 2:1 во сетови. Првиот сет му припадна на Кијеметовиќ со 4-6, но подоцна следуваше целосно враќање во натпреварот на Калин Ивановски кој го доби вториот сет со идентични 6-4.

Решавачкиот трет сет му припадна на Ивановски кој со убедливи 6-1 успеа да дојде до победа на овој меч и турнир.