Јуве нема да го откупи Мората, Шпанецот се враќа во Атлетико
Aлваро Мората на крајот од сезоната ќе се врати во Атлетико Мадрид. Иако на 35 натпревари постигна 16 голови и запиша 12 асистенции, Алваро Мората изгледа нема да остане во Торино. Шпански „АС“ објави дека Јувентус нема намера да го откупи шпанскиот напаѓач на кого цената му изнесува 45 милиони евра. Италијанците веќе потрошија 10 милиони евра за неговата позајмица, а за нова до 2022 година би требало да платат нови 10 милиони. Во Јувентус сметаат дека Мората не е потребен и спремни се да го вратат во Атлетико на крајот на оваа сезона.
Дурант казнет со 50.000 долари заради пцовки на социјалните мрежи
Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурант, ќе мора да плати 50 000 долари поради пцовките упатени кон комичарот Мајкл Рапорт на социјалните мрежи, одлучи дисциплинската комисија во НБА лигата. Во официјално соопштението од НБА лигата се наведува дека Дурант е казнет поради користење на навреда и користење на погрдни зборови на социјалните мрежи. Рапорт кој е голем навивач на Њујорк Никс сам го пријави случајот, а како доказ достави разговор со Дурант каде кошаркарот користи погрдни зборови. „Жал ми е за инцидентот и за целиот разговор кој излезе во јавноста“, изјави кратко Дурант. Кошаркарот на Бруклин ги пропушти последниве 21 натпревари во НБА лигата поради повреда на задната ложа. Вечер на програмата играат токму тие две екипи, а можно е и враќање на теренот за Дурант.
Ролан Гарос пак ќе биде поместен за вториот дел на сезоната
Жил Моретон, претседател на тениската федерација на Франција, најави дека Грен Слем турнирот на терените на Ролан Гарос може да биде одложен втора година по ред поради пандемијата со ковид-19. „Ако мора да останеме во карантин најмалку два месеца, сосема е реално да се откаже турнирот. Единствено што не можам да замислам е дека ќе имаме полни трибини. Може да се случи да има одреден број навивачи “ потенцира првиот човек на франскускиот тенис. Минатата година турнирот беше префрлен во терминиот од 27 септември – 11 октомври а титулата ја освои Рафаел Надал.
Икарди се враќа во Италија, ПСЖ го стави на трансфер листа
ПСЖ нема да смета повеќе на Мауро Икарди и го стави на продажба Аргентинецот. Икарди не добива голема минутажа. Многумина веруваа дека работите ќе се променат со доаѓањето на Покетино, но наводно новиот тренер нема да смета на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб. За Икарди интерес покажуваат неколку клубови од Серија А, а и самиот не крие дека сака да се врати во Италија. Милан и Јувентус се главни кандидати за неговиот потпис. Двата италијански гиганти се во потрага по напаѓач за следната сезона.
Меси сака исполнување на три услови за да остане во Барса
Шпанските медиуми денеска пишуваат дека во многу скоро време, новиот претседател на Барселона, Лапорта и најголемата ѕвезда на тимот, Лео Меси ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за новиот договор, а наводно Аргентинецот веќе му дал три услови кои мора да бидат исполнети за тој да остане во клубот. Првиот услов е клубот да донесе звучно засилување во нападот за да може да игра малку порелаксирано. Во игра се имињата на Серхио Агуеро и Ерлинг Халанд. Второто барање на Меси е играта на Барселона повторно да се базира на млади играчи од Ла Масија, а оваа сезона се покажа дека има многу потенцијал. И, конечно, третото барање е Меси да биде во директен контакт со претседателот за да ги знае плановите и тактиките за водење на Барселона во наредниот период. Дали Лапорта ќе може да го исполни сето ова, ќе се знае наскоро.
Фернандињо заминува од Сити, Пеп веќе бара замена
Раководството на Манчестер Сити ја започна потрагата по заменик за Фернандињо, кој најверојатно ќе го напушти „Етихад“ ова лето. Договорот на 35-годишниот Бразилец завршува на крајот на сезоната, а како што стојат работите клубот нема да му понуди продолжување на соработката. Поради тоа на „Етихад“ веќе работата за доведување на негова замена, а Гвардиола има список со тројца кандидати. Прв на списокот е ѕвездата на Борусија Мехенгладбах и швајцарски репрезентативец Денис Захарија. 24-годишниот играч за врска игра одлично во Бундес лигата и подолго време е на радарот на „граѓаните“.
Евротип предлог тикет – Недела 04.04.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 116 коефициент:
Манчестер Јунајтед – Брајтон 1, 3+
„Ѓаволите“ не смеат да го потценат Брајтон и мора да се присетат на тешките 2-3 во првиот дел на шампионатот. Секако дека тимот на Солскјер е фаворит, но очекувам гол(ови) и од гостинската екипа. Квалитетот на „ѓаволите“ на крајот ќе дојде до израз.
Астон Вила – Фулам 1, 0-2
Тврд фудбал играат двете екипи и не очекувам многу голови. Затоа пак предноста на Астон Вила, со Грилиш кој се враќа во тимот, е видлива. Нема да биде изненадување и еден гол да го реши натпреварот.
Олимпик Марсеј – Дижон 1-1
Поранешниот првак на Европа најголеми проблеми има кога игра со послабите екипи во лигата. Дури и со Дижон во минатото се соочуваше со загубени бодови и свирежи. Сепак, Сампаоли добро стратуваше и покажа авторитет во соблекувалната. Верувам во продолжување на серијата на клубот од Азурниот брег.
Елче – Бетис ГГ, 3+
Два андалузиски клуба играат еден против друг, а улогата на фаворит ја има гостинот. Пелегрини знае дека без бодови против малите тимови нема место во Европа и овој натпревар е шанса за Бетис. Очекувам многу голови, и тоа од двете страни.
Бордо – Стразбур 0-2
Играат два соседи на табелата и две екипи кои немаат голем континуитет во настапите. Затоа верувам дека натпреварот нема да донесе многу голови и ќе преовладува тврдо надигрување.
Симеоне го сака Милик во Атлетико Мадрид
Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој е на позајмица во Олимпик Марсеј, може да продолжи кариера во шпанскиот шампионат. Според француиски „Л“Екип“, Атлетико (М) е заинтересиран за услугите на фудбалерот. Се споменува дека клубот од Мадрид е подготвен да го купи Милик за 12 милиони евра во летниот преоден рок. Претходно беше објавено дека 27-годишниот полски напаѓач е интересен за торински Јувентус. Актуелниот договор на Милик со Наполи трае до 2022 година.
Интер ќе купува уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед
Од таборот на Интер во изминативе две години купија неколку фудбалери кои го носеа дресот на Манчестер Јунајтед, а некои од нив се уште се носители на играта на „нероазурите“. Тука се мисли најмногуна Ромелу Лукаку кој е најдобар играч на италијанскиот тим по неговиот трансфер токму од Манчестер Јунајтед. Освен Лукаку дресот на Манчестер со оној на Интер го заменија и Ешли Јанг и Алексис Санчез, а преку Парма во клубот пристигна и Матео Дармијан. Сега англиските медиуми пренесуваат дека од Интер сакаат да го ангажираат миленикот на фановите на клубот од „Олд Трафорд“, Ерик Баи. Стоперот не е најредовен во првиот тим на Оле Гунар Солскјер, па токму затоа засега одбива да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.
Агуеро го напушта Сити, но останува во Англија?
Кун Агуеро ја игра последната полусезона во дресот на Манчестер Сити, би можел да си замине со вистинска „жетва“ на трофеи, петтата титула во првенството е загарантирана, иако неговиот придонес за истата поради повреди беше значително помал, за разлика од претходните девет години поминати во клубот. Агуеро ќе го напушти клубот како најдобар стрелец во историјата, многумина велат и најдобар играч, а секако ќе биде најтрофеен. Не е тајна дека Агуеро има желба да остане во Премиерлигата, а се чини дека ќе добие понуда од соништата. Челзи е подготвен да му понуди повеќегодишен договор, наводно Абрамовиќ веќе дал зелено светло на Тухел, со оглед на тоа што Тимо Вернер како разочарување најверојатно ќе се врати во Бундеслигата како позајмен играч. Челзи преговара и со Халанд, но тука шансите се мали, потребен им е нов напаѓач, па Агуеро би дошол како „кец на десетка“. Аргентинецот би добил шанса и понатаму да игра во лигата која ја смета за најсилна на светот.