Словенечкиот кошаркар, Горан Драгиќ,потпиша договор со НБА тимот Бруклин Нетс каде ќе игра до крајот на сезоната.
35-годишниот играч му се приклучи на тимот на тренерот Стив Неш, со кого во минатото беа соиграчи во Феникс Санс.
Словенецот одигра само пет натпревари за Торонто, но кон крајот на ноември минатата година го напушти тимот од лични причини.
Во својата НБА кариера, Драгиќ има просек од 13,9 поени, 4,8 скока и 3,1 асистенции во вкупно 872 натпревари за екипите на Феникс, Мајами, Хјустон и Торонто.
Мекени заработи скршеници, заврши сезоната за Американецот
Вестон Мекени заработи двојна скршеница во левото стапало за време на мечот од Лигата на шампионите против Виљареал. Алегри потврди дека Американецот веднаш бил пренесен во локалната болница и му била направена снимка. Мекени имал двојна скршеница на левото стапало. 23-годишниот фудбалер го очекува подолга пауза, веројатно сезоната за него е завршена.
„Скај Спортс Италија“ вели дека ќе му бидат потребни најмалку два месеци за да се врати. Тој во досегашниот дел од сезоната имаше 28 настапи во сите натпреварувања за Јувентус, важи за значаен играч за тимот.
Ова е удар за Јувентус кој на листата на повредени ги има и Пауло Дибала, Федерико Киеза, Даниеле Ругани, Џорџо Кјелини и Федерико Бернардески.
Зајков: Во Полтава животот е нормален, останувам во Украина
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков кој настапува за Ворскла од Полтава, вели дека останува во Украина и покрај апелите на МНР за враќање на македонските државјани од таа земја.
Тензиите меѓу Русија и Украина растат, медиумите постојано информираат за можни почетоци на војна. Министерствата за надворешни работи на сите земји ги повикуваат своите жители да ја напуштат украина. Такви апели упати и македонското МНР, но Ѓоко Зајков ги следи инструкциите на клубот и засега ниту тој, ниту другите странски фудбалери не ја напуштаат земјата.
„Тука се е нормално, нема никакви тензии. Го слушнав апелот на Министерството за надворешни работи, речиси сите земји испратија такви апели, но во разговор со луѓето од клубот добивме совети дека не треба да паничиме, дека во моментов нема ништо сериозно, ако има такво нешто ќе не известат прво нас, тогаш би немало ниту фудбал во земјава. Затоа решивме да останеме тука, не само јас, туку и сите страници кои играат. Од клубот ни велат дека тензијата во регионот трае веќе осум години, ова не е ништо ново, да не ја слушаме медиумската пропаганда. Тука е се нормално, градот функционира нормално, си работат рестораните, кафичите, продавниците, луѓето живеат нормално“, изјави Ѓоко Зајков за утринската програма на „Телма“.
Двата милански клуба го сакаат Габриел Жесус
Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус на лето би можел да се пресели во Серија А.
Одличниот Бразилец има договор со „граѓаните“ до лето 2023 година, но бидејќи нема најави за продолжување Сити е спремен да го продаде. Ситуацијата внимателно ја следат Милан и Интер кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Двата клуба се во потрага по квалитетен напаѓач, а Габриел Жесус има само 24 години и веќе ја покажа својата класа во Европа.
Диего Симеоне: Ќе ни биде многу тешко против Манчестер Јунајтед
Тренерот Диего Симеоне најави дека Атлетико Мадрид го очекува тежок натпревар против Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите, меѓутоа Аргентинецот верува во тимскиот дух на својата екипа.
“Ќе се соочиме со еден од најсилните тимови во Европа. Новиот тренер на Манчестер Јунајтед покажува стабилност и посветеност. Нивниот тим има подобрувања по доаѓањето на Ралф Рангник. Знаеме дека ќе биде многу тешко, но рачунам на нашиот тимски дух и враќањето на Лемар во екипата. Ќе играме на свој начин за да го разбиеме противникот“, изјави Симеоне за медиумите.
Обамејанг би се радувал да заигра во тандем со Халанд
Новиот напаѓач на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, со задоволство би го имал за соиграч Ерлинг Халанд. Голгетерот на Борусија Дортмунд е пред трансфер ова лето, а како една од неговите можни дестинации се споменува и „Камп Ноу“.
Обамејанг во изјава за медиумите вели дека би била огромна чест за него, доколку заигра со Халанд во Барселона.
„Тој е веќе еден од најдобрите во светот на неговата возраст. Јас не сум тренер, но мислам дека Ерлинг е одличен играч. Тој постигнува многу голови, физички е одлично подготвен и е неверојатно брз. Едноставно тој е неверојатен фудбалер“, изјави Обамејанг.
Русија ќе остане без финалето во Лигата на шампиони
Финалето на Лигата на шампионите оваа година е планирано да се изигра во Санкт Петерсбург во Русија. Но поради зголемувањето на тензиите на релaција Украјна – Русија, западните земји со апел до своите сограѓани да не патуваат во овие држави . Заради ваквата состојба можно е да дојде до промена. Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон изјави дека Русија нема шанси да организија вакви големи фудбалски настани во овој период. Официјалниот став на Уефа е дека засега нема никаква промена, но ситуацијата внимателно се следи исто така постои опција финалето да се изигра на Вембли.
Мурињо жестоко казнет заради исклучувањето против Верона
Жозе Мурињо доби два натпревари суспензија и парична глоба од 20.000 евра поради навреди кон судијата Лука Паирето на дуелот против Верона.
Мурињо му порача на судијата Паирето, со контроверзен гест на телефонски повици: „Те пратија овде намерно, те испрати Јувентус“. Тоа е јасна асоцијација за аферата Калчополи, во која биле поврзани таткото на судијата, исто така делител на правдата Пјерлуиџи Паирето.
Помошникот на Жозе Мурињо, Луис Да Коста Нуно Сантош исто така доби два натпревари суспензија, додека пак фитнес тренерот Стефано Рапети доби еден натпревар суспензија и парична глоба од 5.000 евра.
Зверев ги загуби нервите, го исфрлија од турнирот (ВИДЕО)
Шокантно однесување на Зверев на денешниот дуел. Тој го шутираше столчето на судијата со рекет заради тоа што сметаше дека топката завршила во аут но удијата не го послушал. Се зборува дека организаторите одлучиле да го дисквалификуваат.
https://twitter.com/i/status/1496355375741902856
Давид Де Хеа не планира напуштање на Манчестер Јунајтед
Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа изјави дека не размислува за напуштање на тимот од „Олд Трафорд“ и сака да ја продолжи соработката и после истекот на договорот во 2023 година.
Шпанецот е дел од Манчестер Јунајтед од 2011 година кога пристигна од екипата на Атлетико Мадрид.
Неговиот сегашен и поранешен клуб, во среда ќе се соочат во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Го сакам фактот дека сум роден во Мадрид, но на крајот тоа е само град. Сега се чувствувам како да сум од Манчестер, како и сите други жители на градот. Ваш дом е местото каде што сте почитувани и сакани. Јас сум тука долги години, и искрено не се гледам себеси далеку од Манчестер Јунајтед“, вели Де Хеа.