feature

Фаворитите се избегнаа во четвртфиналето на ФА Купот

Синоќа со ждрепка беа одредени и двојките за следната, четвртфинална рунда од англискиот ФА Куп. Ждрепката сакаше дел од најголемите фаворити за трофејот, сепак, да се избегнат во оваа фаза од натпреварувањето.

Шампионот Манчестер Сити ќе има тешко гостување кај Саутемптон, а челзи ќе му гостува на Мидлсброу.

Четвртфинале:

Кристал Палас – Евертон

Нотингем Форест / Хадерсфилд – Ливерпул

Мидлсброу – Челзи

Саутемптон – Манчестер Сити

Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат на 19-20 март.


Федерер започна со рекуперација, но мали се шансите да настапи на Вимблдон

Роџер Федерер се уште се опоравува од операцијата на коленото. Закрепнувањето не оди според планот, па голема е веројатноста да го пропушти омилениот турнир – Вимблдон.

Последниот меч го одигра на британскиот Гренд слем кога во четвртфиналето беше поразен од Хуберт Хуркач.

„Уште се опоравува. Не прави само физиотерапија, туку и онаа со мраз. Не само што ги зајакнува мускулите на нозете, туку и на целото тело. Сепак, не можам да кажам дека сум оптимист“, признава Северин Лути, поранешниот тренер на Федерер.

Федерер оваа недела ќе почне да работи со рекетот, спаринг со сопругата Мирка, поранешна тенисерка. Лути, сепак, не дава големи шанси Роџер да игра на Вимблдон.


Украина побара одложување на баражот за пласман на СП во Катар

Фудбалскиот сојуз на Украина и официјално побара од ФИФА, одложување на нивното учество во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Според претходно зацртаното, репрезентацијата на Украина својот полуфинален бараж против Шкотска треба да го одигра на 24 март во Глазгов.

Од ФИФА информираат дека ќе извршат консултации со сите страни и ќе биде одлучено кога и на кој начин ќе се одиграат натпреварите.

Подобриот од дуелот Украина и Шкотска, за пласман на првенството ќе се сретне со победникот од натпреварот помеѓу Велс и Австрија.


Калатес стана најдобар асистент во историјата на Евролигата

Играчот на Барселона, Ник Калатес, официјално е најдобриот асистент во историјата на кошаркарската Евролигата.

Калатес во победата на неговата Барселона над Монако, забележа шест асистенции  и сега има вкупно 1612 со што го надмина својот сонародник Василис Спанулис кој во евролигашката кариера успеа да оствари 1606 асистенции.

Грчкиот кошаркар после средбата ијави дека е благодарен на своите тренери и соиграчи, без кои немаше да го постигне овој историски резултат.


УЕФА го менува форматот на Лигата на шампиони

Европската фудбалска унија како против одговор на обидот за формирање на Суперлигата, реши да го промени форматот на кој во иднина ќе се одвива Лигата на шампиони.

Најавените промени ќе започнат од сезоната 2024/2025, и според новиот формат во ЛШ ќе настапуваат 36 екипи и истиот ќе наликува на кошаркарската Евролига.

Натпреварувањето ќе ја укине групната фаза, ќе се настапува по лигашки систем, а секој тим ќе одигра 10 натпревари против различни екипи, пет како домаќин и пет како гостин.

Со новиот систем на натпреварување од почетокот до самото финале ќе се одиграат неверојатни 225 натпревари, во истите термини како и досега.


Чеферин ја нападната новата идеја за Европска Суперлига

Откако се појави веста дека Суперлигата денеска повторно ќе се актуелизира, Александар Чеферин најави нов жесток одговор од УЕФА.

„Кој сака да игра во Супер лигата нема да има право да игра во натпреварувањата на УЕФА. За основачите на оваа бесмислена идеја, навивачите се само облик на профит. За нас во УЕФА, навивачите отсекогаш биле навивачи, смислата на играта. Уморен сум од овој антифудбалски проект. Прво го започнаа среде пандемија, а сега сакаат да го оживеат додека трае војна. Андреа Ањели е обичен узурпатор, диктатор, тој е фудбалски Владимир Путин. Овој човек нема срам, не го ни допира војната. Изгледа дека живеат во паралелен универзум“, смета Чеферин.

Војната продолжува, а денеска чекаме и официјално соопштение на основачите на Суперлигата кои не се откажуваат од ова натпреварување.


ПСЖ со супер-договор сака да го задржи Мбапе

Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува на крајот на сезоната по што Французинот ќе биде слободен да го избере својот нов клуб. Во преден план се јавува Реал Мадрид, клубот кон кој младиот играч негува симпатии, но и „светците“ ќе дадат се од себе да го задржат еден од најдобрите фудбалери на денешницата на „Паркот на принцовите“ и во иднина.

Според шпанскиот весник „АС“, ПСЖ е подготвен покрај договор со кој 23-годишникот би заработувал околку 50 милиони годишно, да му даде и бонус од 100 милиони евра за самото потпишување за нова соработка, нешто за што Реал Мадрид не ни размислува.

Сепак истиот извор вели дека Мбапе ќе го следи својот сон, а не големата сума на пари па и покрај „мега понудата“ ќе замине на „Сантијаго Бернабеу“. Како потсетување, за услугите на младиот играч ПСЖ плати 145 милиони евра во 2018 година, а овој возврати со 156 гола и 78 асистенции на 205 одиграни средби.


Коринтијанс пред потпис со ветеранот Диего Коста

Диего Коста е блиску до преминување во Коринтијанс, објави спортскиот новинар Николо Скира на својот Твитер профил. Според истиот, клубот му понудил на играчот договор до крајот на 2022 година со плата од 1,2 милиони евра.

Претходно беше објавено дека Диего Коста одбил понуди од Зенит и Краснодар. Тој исто така истакна дека за него приоритет е потпишувањето на договор со турскиот Фенербахче. Забележано е дека на Шпанецот му е потребна плата од 2 милиони евра годишно.

Последниот клуб на Коста беше Атлетико Минеиро, за кој играше од август 2021 до јануари 2022 година. За тоа време, Диего го освои купот и бразилското првенство со тимот. На 19 натпревари, фудбалерот постигна пет гола и една асистенција.


Интер со молба до аргентинската федерација во врска со Лаутаро Мартинез

Интер ќе побара од аргентинскиот фудбалски сојуз Лаутаро Мартинез да не биде дел од репрезентацијата за светските квалификации против Венецуела и Еквадор на крајот на овој месец, пренесува „Газета дело спорт“.

Причината за барањето на италијанскиот шампион е тоа што „гаучосите“ веќе обезбедија учество на СП 2022 во Катар и претстојните натпревари немаат големо значење.

Од друга страна, Интер на 3 април го очекува важен дуел со Јувентус и тоа веднаш после репрезентативната пауза.

 Дербито со „старата дама“ се очекува да биде клучен натпревар за Интер во битката за освојување на Скудетото, па од клубот сакаат нивниот напаѓач да биде доволно свеж пред тој дуел.


Анчелоти изненадувачки фаворит за нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да биде нивен менаџер од следната сезона.

Според изворот, Анчелоти се смета за решение на клупата на Манчестер Јунајтед. Анчелоти е во добри односи со Алекс Фергусон и со извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ричард Арнолд. Воедно, се истакнува дека како долгорочна соработка Манчестер Јунајтед избира меѓу Маурисио Покетино, кој сега е на чело на Пари Сен Жермен и тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг.

Алекс Фергусон наводно е фан на Покетино, но му препорачал на клубот да го разгледа Анчелоти доколку Покетино одбие да го преземе клубот. Ралф Рангник моментално е привремен тренер на Манчестер Јунајтед, кој ќе го води клубот до крајот на тековната сезона.