feature

Непријатни вести за Олимписките игри во Токио!

Член на олимпискиот боксерски тим на Уганда беше позитивен на КОВИД-19 по задолжителните проверки на сите спортисти кои допатуваа во Јапонија.

Девет боксери од Уганда, тренери и официјални лица пристигнаа на аеродромот „Нарита“ во Токио. Тоа е втора странска репрезентација што допатува во Јапонија на Олимписките игри, по австралискиот женски тим во софтбол. Австралијките се на јапонско тло од 1 јуни и досега имаа негативни тестови.

По два позитивни резултати, спортистот од Уганда беше изолиран. Според весникот „Асахи“, сите девет спортисти од Уганда претходно биле вакцинирани со „Астра Зенека“ и имале негативни тестови за ПЦР тестови пред да се качат на авион. Олимписките игри во Токио започнуваат на 23. јули.


Алиоски има понуда која не се одбива?!

Езгјан Алиоски и Лидс се пред разделба. Истата се најавува веќе подолго време, но не е сигурнa, јасно е дека клубот од Англија ќе мора да ја зголеми понудата ако сака да го задржи.

Македонскиот репрезентативец добил нова понуда која доаѓа од Русија, ЦСКА од Москва доставила понуда со 2,5 милиони евра по сезона, тврдат медиумите од Англија.

Алиоски досега имаше и понуди од Турција, ситуацијата останува нејасна, но со сигурност може да се каже дека Лидс ќе мора финансиски подобро да се потруди за да го задржи македонскиот репрезентативец.


Пандев најави дека после Холандија заминува во репрезентативна пензија

Македонскиот капитен Горан Пандев на официјалната прес-конференција пред мечот со Холандија, најави дека утре тој ќе го игра последниот меч во националниот тим.

„Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалеот, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат“, рече Пандев.

Тој кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување.

„Среќен сум што се повлекувам на овој начин. Можам да кажам дека подобро збогуваање од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знак како да се носам со нив“, рече Пандев.


Ангеловски: Големо благодарам за момците и за Пандев за ова незаборавно искуство

Селекторот Игор Ангеловски денес ја одржа прес-конфереција пред утрешниот последен натпревар во групната фаза против Селекцијата на Холандија.

„Горан не тренираше затоа што оној натпревар со Украина тој го играше со две блокади, сепак утре тој ќе игра. Ние мораме да ги повториме добрите моменти против Украина за да се бориме против една силна репрезентација да дојдеме до позитивен резултат. Холандија е селекција која важи за фаворит на сите големи натпреварувања, но токму против такви репрезентации треба да се покаже квалитетот.“

„Договорот мој со фудбалската федерација завршува и сакам да кажам големо благодарам до најдобриот фудбалер кој го имала Македонија, Горан Пандев и до сите момци. Сите знаеме каде бевме и до каде стигнавме, резултатите доволно зборуваат. Натпреварот ќе го одработиме максимално професионално, за повеќе не би сакал да зборувам“.

Натпреварот се игра со почеток во 18:00 часот.


Елмас: Да покажеме против Холандија дека не сме случајно на ЕП

Македонија ја очекува последниот натпревар во групата Ц од ова ЕП, а противник ќе ни биде првиот фаворит Холандија.

На денешниот брифинг, Елиф Елмас изјави дека без разлика дали Холандија ќе игра со најсилниот состав или не, ги чека тешка битка за бодови на ова ЕП.

„Подготвени сме за овој натпревар. Нè очекува тежок дуел, без разлика на тоа што Холандија може да игра со втор состав. Тоа нас не ни е многу важно. Треба да ја играме нашата игра и да продолжиме со одличните партии на овој турнир и време е да ја израдуваме нацијата со една победа. Одигравме два солидни меча, но тоа неискуство во нашите редови ни направи проблеми. Затоа треба почесто да бидеме на ваквите натпреварувања. Не може од сега да се знае дали натпреварот ќе биде отворен. Холандија игра технички фудбал, но ние треба да си ја играме нашата игра. Треба да покажеме дека заслужено дојдовте на овој шампионат и настапот да го завршиме со победа“, заврши нашиот репрезентативец.


Муслиу: Со колективна одбрана и тимски дух можеме да ја изненадиме Холандија

Повторно одбраната на нашата репрезентација ќе биде пред голем предизвик на мечот со Холандија кој ќе се игра во Амстердам.

Дефанзивецот Висар Мислиу вели дека само со тимска одбрана и тимски дух може да се сопрат налетите на домашната Холандија која е голем фаворит на дуелот со Македонија.

„Посакувавме добра игра и добри резултати на овој шампионат. Одигравме два добри натпревари, но тоа не беше доволно за бодови. Без разлика на тоа ние сме мотивирани, ние сме професионалци, на ова ЕП ја претставуваме Македонија. Против Холандија има што да покажеме. За квалитетите на Холандија не треба да се трошат зборови, знаеме како стил игра. Само со тимска одбрана и тимски дух можеме да ги спречиме налетите на Холандија. Само така може да се справиш со посилните селекции. Ќе бидеме спремни навремено да ги сопреме нападите и преку контра нападите да направиме изненадување“, изјави Висар Муслиу.


Жељко Обрадовиќ се враќа во Партизан?!

Белградски „Курир“ објави дека најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ потпишал тригодишен договор со Партизан.

Обрадовиќ тренерската кариера ја започна со освојување на титулата европски шампион со црно-белите, на чија клупа се враќа по 28 години.

Девет пати ја освои Евролигата, а беше шампион со Реал, Панатинаикос и Фенербахче.


Евротип фан зони и на југот од Македонија!

Македонските репрезентативци се наоѓаат пред финалниот настап на Европското првенство. Нашите херои беа победени во првите два натпревари, но неа беа поразени. На трибините се создаде еуфорија и глетка каква фудбалска Европа не видела, а спортските обложувалници Евротип создадоа услови за оние кои останаа дома и во добро друшто ќе ги следат и понатаму сите натпревари од Европското првенство во сите краеви од државата!

Одличната атмосфера од Букурешт ја селиме на југот од Македонија, а фан зоната на Евротип за натпреварот на Македонија против Холандија ќе биде на три локации. Натпреварот се игра во понеделник (21.06), а ќе можете да го проследите заедно со нас на следните локации:

Богданци: „Emporio“

Гевгелија: „City Cafe“

Дојран: „Reform“

Сите локации се наоѓаат на чекор до уплатните места на Евротип, па одиграјте на најдобрите квоти со најдобрите услови, искористете ги сите можности за обложување на Европското првенство и специјалите кои ги нуди Евротип, уживајте во добро друштво и пијалак во фан зоните и бодрете ја Македонија на ЕП!


Холанѓанецот Думфрис на радарот на Баерн Минхен

Десниот бек на Холандија, Дензел Думфрис е првата трансфер цел на Баерн Минхен по завршувањето на Еуро 2020.

Договорот на 25-годишниот фудбалер со ПСВ, кој постигна 2 гола на 2 натпревари на тековното Европско првенство, е со клаузула за раскин од само 15 милиони евра, што го прави голема мета на најголемите европски тимови.

Баварците и онака немаат намера да трошат многу за нови засилувања, па оваа цена за холандскиот репрезентативец е како „погодена“ за нив ова лето.


Гризман се израмни со Ширер со по седум гола на евро-шампионатите

Францускиот напаѓач Антоан Гризман го постигна седмиот гол во кариерата на завршницата од европските фудбалски шампионати и се изедначи со легендата на Англија, Алан Ширер, на третото место на вечната листа на голгетери. Фудбалерот на Барселона го изедначи резултатот на мечот на светскиот шампион против Унгарија (1-1) на Еуро 2020. Гризман и Ширер, се стрелци на головите на Еуро 1996 и ЕП 2016, имаат по седум погодоци.

Лидер на оваа листа на стрелци е Кристијано Роналдо со 12 голови, а го следи легендарниот француски репрезентативец Мишел Платини со 9.

Најдобри стрелци на головите во историјата на Европските првенства:

Кристијано Роналдо (Португалија) – 12 гола

Мишел Платини (Франција) 9

Алан Ширер (Англија) 7

Антоан Гризман (Франција) 7