feature

Дончиќ го однесе Далас до финале во Западната конференција

Далас Маверикс во седмиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција во НБА лигата, го победија тимот на Феникс Санс со 123:90. Лидер во победата на Далас беше Лука Дончиќ.

Словенецот успеа да забележи 35 поени, десет скока и четири асистенции. Далас Маверикс во финалето на конференцијата ќе се сретнат со екипата на Голден Стејт. Ова е прво финале за Маверикс од 2011 година, кога предводени од Дирк Новицки ја освоија титулата.


Лос Анџелес Галакси го сака Џорџо Кјелини

Легендарниот централен стопер на Јувентус и на фудбалската селекција на Италија, Џорџо Кјелини, веројатно ќе замине преку „големата бара“ во екипата на Лос Анџелес Галакси.

37-годишниот ветеран по цели 17 сезони најави дека ќе ја напушти „старата дама“, но, нема намера да се повлече од фудбалот.

Наводно, клубот од САД му нуди на Кјелини договор до декември во 2023 година.


Ирвинг нема да продолжи во дресот на Бруклин

Кајри Ирвинг најверојатно ќе остане без тим на крајот на сезоната, но и без спонзор. Компанијата „Најк“ реши да не ја продолжи соработката со него за сезоната 2022/23, иако новиот модел на патики на Ирвинг требаше да излезат оваа есен.

Ирвинг соработуваше со компанијата од 2014 година, а се шпекулира дека неговиот договор и понуда ќе бидат ревидирани.

Кошаркарот често беше во центар на внимание на погрешен начин, откако не се вакцинираше и не можеше да игра на домашен терен за Бруклин.

Ирвинг исто така јавно ја критикуваше компанијата „Најк“ затоа што не му се допадна моделот „Кајри 8“.


Маркињос од Сао Паоло пред промоција на „Емирати“

Арсенал е многу блиску до доведување на талентиран бразилски фудбалер кој го носи дресот на Сао Паоло.

Во прашање е 19-годишниот офанзивец Маркињос кој во овој момент важи за еден од најголемите потенцијали во Бразил. Арсенал и во последните има добро искуство со доведување на фудбалери од Бразил, Габриел Мартинели полека станува неизоставен дел од составот на Артета.

Маркињос како и Мартинели на „Емирати“ би требало да пристигне за сума од три милиони евра. Сао Паоло не е ниту во можност да бара повеќе затоа што договорот на Бразилецот има важност само уште една година.


Клоп: Лигата на нации е најсмешното натпреварување на денешницата

Јирген Клоп зборуваше за Лигата на Нации која ги очекува фудбалерите на крајот на актуелната сезона.

На Клоп не му се допаѓа Лигата на Нации како натпреварување и истакна дека би се откажал од паричната награда за пласман во финалето од Лигата на шампионите ако тоа значи дека УЕФА го прекине како што го нарече тој „смешниот“ турнир.

„Додавањето на повеќе натпреварувања во ваков густ распоред секогаш е лоша идеја. Зборував за ова и претходно…Лигата на Нации е една од најсмешните идеи во фудбалот. Во текот на сезоната фудбалерите играат преку 70 натпревари и после завршувањето на сезоната продолжуваат да играат во Лигата на нации за репрезентациите. Јас би се откажал од парите за финалето во Лигата на шампионите ако УЕФА се ослободи од Лигата на Нации“, изјави Клоп.


Погба ги започнува преговорите со Јувентус

Медиумите во Италија тврдат дека, челниците на Јуветус овој понеделник ќе се сретнат со менаџерите на Пол Погба, и ќе започнат официјани преговори за доведувањето на Французинот во Торино.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед истекува на 1 јули, и според информациите Јувентус ќе му понудат на Погба 7 милиони евра по сезона, што ќе претставува видно намалување од неговите досегашни парични примања во Јунајтед. Да потсетиме дека Погба беше дел од екипата на Јувентус од 2012 до 2016 година. 

Освен Јувентус, како заинтересирани клубови за доведување на Погба уште се споменуваат ПСЖ и Реал Мадрид.


Чави со дилеми околу иднината на Френки де Јонг

Чави Хернандез на прес-кофнеренцијата пред натпреварот против гетафе зборуваше за плановите на клубот во текот на летото.

Во последниот период со заминување од Барселона се поврзува Холанѓанецот Френки Де Јонг кој. Де Јонг игра во добра форма, но и покрај тоа би можел да замине.

„Кажав и неколку пати претходно, Де Јонг за нас е важен играч, но тука е финансиката ситуација, клубот мора да донесе некои важни одлуки. Не зборувам само за Френки, туку генерално“, изјави Чави.

Најмногу со Де Јонг се поврзуваше тимот на Манчестер Јунајтед.


Клоп се изедначи со легендата Фергусон

Фудбалерите на Ливерпул се освојувачи на ФА купот после победата над Челзи издвојувана со изведување на пенали 6:5. Тренерот на црвените, Јирген Клоп сега е рамо до рамо со  Сер Алекс Фергусон.

Германскиот стручњак за прв пат во својата кариера го подигна трофејот во ФА купот, и стана втор тренер после легендарниот Фергусон, кој со еден англиски тим успеал да слави во Лигата на шампионите, ФА купот, Лига купот и Премиер лигата.

80-годишниот Сер Алекс, го тренираше Манчестер од 1986 година до 2013 година и во тој период успеа да освои 38 трофеи.

Јирген Клоп го презеде тимот на Ливерпул во 2015 година и оттогаш има освоено 6 пехари со клубот од Енфилд.


Анчелоти потврди: Азар останува во Реал Мадрид

Еден Азар никако да ги исполни очекувањата во изминатите три сезони во дресот на Реал Мадрид, Белгиецот постојано се повредува и не успева да влезе во натпреварувачки ритам.

Меѓутоа сезонава и кога беше фит не добиваше многу прилика од Карло Анчелоти затоа што Винисиус Жуниор игра во фантастична форма. Азар во Реал Мадрид е три сезони и во тој период одигра само 47 натпревари и во нив најчесто влегуваше од клупата за резерви.

И покрај таквата ситуација италијанскиот стратег најави дека Азар и наредната сезона ќе биде играч на Реал Мадрид.

„Еден Азар ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона. Имаме план и верувам дека ќе го покаже својот квалитет“, изјави Анчелоти.


Гвардиола: Ако потпишам нов договор со Сити, тоа ќе биде на крајот на следната сезона

Пеп Гвардиола зборуваше за неговиот нов договор со клубот.

„Ако го обновам договорот, тоа ќе се случи на крајот на следната сезона. Тоа дефинитивно нема да се случи пред тоа. Поминаа многу години, ќе треба да одлучиме како ќе се чувствуваме заедно со тимот. Би останал уште 10 години, но ќе треба време за да се разбере каква ќе биде ситуацијата. Да, разочарани сме, сакавме да играме финале, но елиминацијата од Лигата на шампионите нема да влијае на мојата иднина. Она за што дојдовме во Сити веќе е направено“, изјави Гвардиола за Sky Sports.

Актуелниот договор на 51-годишниот менаџер со Сити е до 2023 година. Тој е во тимот од 2016 година.

За тоа време англискиот клуб три пати ја освои Премиер лигата, два пати Суперкупот и еднаш ФА Купот.

Сити стигна и до финалето на Лигата на шампионите, каде загуби од Челзи (0-1).