feature

Реал Мадрид запиша 1000 голови во Лигата на шампиони

Реал Мадрид забележа победа од 2:1 над Шахтјор Доњецк во рамките од Д групата во Лигата на шампионите.

Стрелец на двата гола за Реал беше Карим Бензема во 14. и 61.минута од натпреварот. Меѓутоа првиот гол на Бензема ќе остане запишан во историјата, бидејќи беше 1000-ти гол за „кралскиот клуб“ во Лигата на шампионите.

Германскиот гигант, Баерн Минхен е на втората позиција со постигнати 768 гола, а најголемиот ривал на тимот од Мадрид, екипата на Барселона е на третото место со дадени 655 погодоци.

https://twitter.com/realmadriden/status/1455958350684905472?s=20

Нагелсман: Левандовски е најдобриот светски напаѓач

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е импресиониран од центарфорот Роберт Левандовски, кој синоќа постигна хет-трик на мечот со Бенфика во Лигата на шампионите. Полјакот со тоа стигна до бројката од 80 гола во натпреварувањето.

„Не треба да го сведуваме мечот само на неговите голови, но вистината е дека тој ја демонстрираше својата сила и квалитет на теренот. Тој секогаш сака да постигнува голови и немам дилеми дека е најдобриот напаѓач на светот и ќе биде уште долго време“, изјави Нагелсман.


Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“

Синоќа во Скопје беше презентирана автобиографската книга „Секогаш на победа“, дело на Кирил Лазаров, еден од најдобрите ракометари на сите времиња. Најдобриот стрелец на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи кога е во прашање светот на ракометот, на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Балкан-Хандбал“.
Лазаров на промоцијата истакна дека во автобиографијата има многу возбудливи детали и стои зад напишаното.
„Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле“, порача вечерва Лазаров.

Лазаров преку Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона до Нант стигна до ракометните височини.

На промоцијата присуствуваа ракометни авторитети како Пепи Манасков, Стевче Стефановски, Иван Марковски, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, Каролина Гочева, Симон Трпчевски и многу, многу други…


Пол Погба дефинитивно заминува од Манчестер Јунајтед

Францускиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Пол Погба има намера следната сезона да се врати во својот поранешен клуб Јувентус, објави „Газета дело Спорт“.

 Погба наводно одлучил да ги прекине преговорите со својот сегашен клуб за продолжување на договорот кој истекува следново лето и од јануари може да потпише преддоговор со друг клуб.

Желбата на Погба е да се врати во редовите на „старата дама“ каде настапуваше во периодот од 2012 до 2016 година. Тој е подготвен да потпише три годишен договор со значително помала плата и му наложи на својот менаџер Мино Рајола да започне преговори со торинскиот гигант.  



Данецот Лауге Шмит пак се повреди, неизвесен неговиот настап на ЕП

Веспрем најмалку до крајот на месец ноември ќе настапува без Расмус Лауге. Данецот во натпревар од Лигата на шампионите против Динамо Букурешт во 38. минута заработи повреда на скочниот зглоб.

Времето за опоравување според направените анализи ќе биде четири до пет недели, а можеби и подолго.

Лауге ќе ја пропушти ЕХФ неделата и дуелите на Данска од Златната лига, а би можел и да го пропушти и Европското првенство во Унгарија и Словачка, доколку не се опорави навреме.


Надал најави враќање на терените пред Австралија Опен

Рафаел Надал, кој пропушти голем дел од оваа сезона поради операција на стапалото, тренира напорно и уверен е дека подготвено ќе го дочека настапот на Австралија Опен идната година.

Мојот план е да играм во Абу Даби во текот на декември. Потоа сакам да одиграм турнир во јануари пред Австраlија Опен и подготвен да ги дочекам настапите во Мелбурн. Напорно работам сето тоа и да се случи, изјави Надал, кој како и Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер има освоено 20 грен-слем титули во кариерата.

Во моментов тренирам по час и половина. Тоа е навистина добро. Има и подобри и полоши денови, но согледувам сè повеќе позитивни, отколку негативни работи, додаде шпанскиот тенисер.


Унаи Емери го одби тренерското место во Њукасл Јунајтед

Унаи Емери ја одби шансата да биде следниот тренер на Њукасл Јунајтед и изјави дека 100 проценти е посветен на неговата работа во Виљареал.

Шпанскиот тренер беше еден од кандидатите кои Њукасл ги издвои како најсериозни наследници на Стив Брус кој го напушти клубот минатиот месец.

50-годишниот Емери во пост кој го објави на социјалните мрежи вели: „ Благодарен сум на интересот за мене од страна на голем клуб како што е Њукасл Јунајтед, но Виљареал е мојот дом и 100 проценти сум посветен на мојата работа тука. 

Разговарав со сопственикот на клубот Фернандо Роиг и му ја пренесов мојата одлука да продолжам да бидам дел од проектот кој го започна со Виљареал и да искажам благодарност за љубовта и поддршката што ја добивам од клубот и навивачите.“

https://twitter.com/UnaiEmery_/status/1455880355613917195?s=20



Барселона му ја посвети победата во Киев на Агуеро

Екипата на Барселона го совлада Динамо во Киев со 0:1, во натпревар од 4.коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Стрелец на победоносниот гол за Барса беше младиот Ансу Фати во 70. минута од средбата. 

“Многу важна победа. Му ја посветуваме на Серхио Агуеро, сите во клубот се надеваат дека тој побрзо ќе закрепне. Треба да бидеме среќни со она што го направивме на овој натпревар, бидејќи воопшто не беше лесно”, изјави после натпреварот привремениот тренер на Барселона – Сержи Бархуан“.

„Сите беа свесни колку е важно да се добие овој натпревар. Изразите на лицата на играчите во соблекувалната кажуваа се. Не знам дали ќе го водам тимот на следниот натпревар“, додаде Сержи.


Селекторот Милевски го објави списокот на фудбалери за Исланд и Ерменија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за последните два натпревари од мундијалските квалификации. 

Ново име во составот на македонската  репрезентација е Ваљон Етеми кој доаѓа од  турскиот Истанбулспор, а поради повреда селекторот Милевски не може да рачуна на Аријан Адеми, Бобан Николов и Дени Илиев. 

Македонската репрезентација ги затвора квалификациите за СП во Катар 2022, со натпреварите против селекциите на Ерменија и Исланд. 

Дуелот со ерменците се игра на гостински терен на 11. ноември, а натпреварот со Исланд е во Скопје на 14.ноември.



Хари Кејн сака да остане во Тотенхем

Според најновите информации од англиските медиуми напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн, сака да остане во клубот и да соработува со новиот тренер на екипата, италијанецот Антонио Конте.

Англискиот репрезентативец ја започна сезоната во очајна форма под водство на сега веќе поранешниот тренер на Тотенхем, Нуњо Еспирито Санто, но сега верува дека новиот тренер Конте е способен да им донесе трофеј на лондонскиот клуб.

Кејн изјави дека повеќе нема да форсира негов трансфер во екипата на Манчестер Сити, која изрази желба да го донесе во своите редови изминатото лето.