feature

Бјанконе од Троа трето засилување за Нотингем Форест

Англискиот фудбалски клуб Нотингм Форест потпиша со дефанзивецот, Џулијан Бјанконе. 22-годишниот Французин пристигна од екипата на Троа и потпиша тригодишен договор.

„Многу сум среќен што пристигнав во клуб како Нотингем. Знам дека тоа е голем клуб и многу познат низ Европа. Со нетрпение очекувам да започнам да играм во Премиер лигата“, изјави Бјанконе за клупската веб-страница.

Нотингем Форест претходно ги обезбеди голманот, Дин Хендерсон и нигерискиот напаѓач, Таиво Авони.


Нова понуда на Челзи за Де Лихт

Италијанскиот весник Газета дело Спорт пишува дека Челзи испрати понуда до Јувентус вредна 80 милиони евра за дефанзивецот Матијс де Лихт.

Првата понуда која изнесуваше 40 милиони евра плус еден од играчите, Тимо Вернер или Кристијан Пулишиќ беше експресно одбиена од бјанконерите.

Холандскиот репрезентативец има клаузула со Јувентус за предвремен раскин на договорот вредна 120 милиони евра. Неговиот актуелен договор истекува во 2024 година.


Конте договори засилување од Барселона

Тотенхем се надева дека што поскоро ќе го комплетира трансферот на дефанзивецот Клемент Ленгле.

Останува да се разјаснат последните детали од преговорите со неговиот сегашен клуб Барселона пред 27-годишниот Французин да се пресели во лондонскиот тим, информираше популарниот спортски новинар Фабрицио Романо. Тотенхем веќе постигна договор со Ленгле за неговите лични услови.

Раководството на „мамузите“ засега нема официјална понуда до Џеси Лингард кој се раздели со Манчестер Јунајтед и покрај покажаниот интерес за играчот.


Калин Ивановски ја прескокна првата пречка на јуниорскиот Вимблдон

Младата тениска надеж на Македонија, Калин Ивановски успешно ја мина првата пречка на јуниорскиот дел од Грен Слем турнирот Вимблдон. Нашиот тенисер денеска во двочасовна битка, со пресврт, успеа да слави над Британецот Лука Пау и да си обезбеди место во втората рунда од натпреварувањето.

Ивановски го загуби првиот сет со 6-3, но потоа додаде „гас“ во следните два сета и успеа со 6-4, 6-2 да се избори за конечни 2-1 во сетови и пласман во втората рунда. За ривал го чека поб


Габриел Жезус е нов напаѓач на Арсенал

Фудбалскиот клуб Арсенал и официјално го потврди пристигнувањето во своите редови на голгетерот Габриел Жезус.

25-годишниот Бразилец Жезус кој во Арсенал доаѓа од редовите на англискиот шампион Манчестер Сити, пристигна за сума од 45 милиони фунти, и ќе го носи дресот со број 9.


Прва победа за Саинс во Ф1 и триумф во Силверстоун

Возачот на Ферари, Карлос Саинс стигна до првата победа во кариерата откако славеше во трката за Големата награда на Велика Британија во Силвестоун.
Шпанскиот возач кој стартуваше од пол позицијата својата прва победа во Формула 1 ја обезбеди на својот 150 настап.

Второто место во возбудливата трка му припадна на Серхио Перес од Ред Бул, додека третото место го освои рекордерот по бројот на победи на Силверстоун, Луис Хамилтон од Мерцедес.

Бранителот на титулата и водечкиот во генералниот пласман на Формула 1 шампионатот, Макс Верстапен трката во Силверстоун ја заврши на седмата позиција.


Фабио Карваљо од Фулам се сели во Ливерпул

Ливерпул официјално го претстави едно од своите нови засилувања – Фабио Карваљо. Од Ливерпул веќе на 23 мај објавија дека постигнале договор со Фулам за трансфер на 19-годишниот играч од средниот ред.

Од први јули стана играч на „црвените“, откако му истече договорот со лондончани. Младинскиот репрезентативец на Португалија ќе игра на „Енфилд“ во дресот со број 28. Караваљо од утре почнува да тренира со тимот на Јирген Клоп. Тој е едно од трите нови засилувања за Ливерпул ова лето, заедно со Дарвин Нуњеш и Калвин Ремзи.

„Чувството да се биде во еден од најголемите клубови во светот, ако не и најголемиот, е неверојатно. Среќен сум што сум тука и едвај чекам да започнам. Штом ќе слушнете дека Ливерпул е заинтересиран за вас, има само една мисла во вашиот ум – да се приклучите на овој тим. Се надевам дека ќе можам да постигнам големи работи овде. Веќе разговарав со сите, вклучително и со менаџерот и се чувствувам многу природно“, изјави Португалецот.


Футсалците на Шкупи домаќини на квалификациите од ЛШ

Македонскиот првак во футсал, Шкупи, новата сезона во Лигата на шампиони ќе ја стартува од главната фаза. Чаирчани како домаќин ќе ги дочекаат квалификациите закажани за октомври годинава.

Во конкуренција на 56 екипи од 52 европски земји, Шкупи е рангиран на 21 место, што му донесе привилегија да ја прескокне прелиминарната фаза. Ждрепката за составот на групите е закажана за седми јули во седиштето на УЕФА во Нион.


Шиме Врсаљко го напушти Атлетико Мадрид

Од Атлетико Мадрид соопштуваат дека хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко го напушти клубот откако на 30.јуни му истече договорот.

Врсаљко го чекаат нови професионални предизвици откако одигра 100 официјални натпревари во дресот на Атлетико Мадрид каде пристигна во 2016 година од италијанскиот Сасуоло.

Хрватот во 2018 година со Атлетико ја освои Лига Европа, а во 2021 година беше шампион во шпанската Примера. Последниве денови се шпекулира дека Врсаљко својата кариера ќе ја продолжи во Олимпијакос.


Голманот Навас блиску до трансфер во Наполи

Италијанскиот весник Република пренесува дека Наполи е сериозно заинтересиран за голманот на ПСЖ Кејлор Навас.

Во Наполи на 35-годишниот Навас гледаат како на стартер во екипата, што не е случај во Париз Сен Жермен каде тој ја дели минутажата на голот со Донарума.

Навас има договор со клубот од Париз до 2024.година, а неговата пазарна вредност изнесува 8 милиони евра.