feature

Поради наместени натпревари – уапсена руска тенисерка на Ролан Гарос!

Руската тенисерка Јана Сизикова е уапсена на Ролан Гарос под сомнение дека местела натпревари.

Полицијата во Париз синоќа ја уапсила Сизикова и русинката е задржана во притвор. Обезбедување на турнирот се обидело да го спречи апсењето на тенисерката кое се случило додека одела на масажа по натпревар.

Истрагата против неа е покрената во октомври минатата година поради тврдења дека натпреварот од првото коло од женската пресметка во двојки е наместен.

Локалните медиуми јавуваат дека Сизикова ги негирала наводите, а нејзиниот адвокат Фредерик Бело за „АП“ истакнал дека 26-годишната тенисерка сака да поднесе жалба поради клевета.

„Ставена е во притвор како криминалец. Таа истакна дека е невина и не сакаше да и помагам за време на испитувањето бидејќи се смета за жртва.“ – истакнал адвокатот на руската тенисерка.


Карлос Тевез стави крај на богатата кариера

Поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Тевез објави дека ја напушта Бока Јуниорс и заминува во пензија на 37 година.

„Сега можам да кажам дека се повлекувам, иако можно е за три месеци да се разбудам и да посакам повторно да играм. Но, никогаш повторно нема да биде дел од Бока. Ова е ден од моите најтажни денови, но верувам дека носам правилна одлука. Бока е мојот живот и не смеам да бидам само просек тука. Ако не можам да дадам 100%, подобро е да се повлечам.“ – изјави Тевез.

Тевез кариерата ја започна во Бока Јуниорс по што ги носеше дресовите на Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.


Почина поранешен фудбалер на италијански Милан

Поранешниот член на Милан и некогашен играч на италијански Беневенто, Сеид Висин починал на
20 годишна возраст.
Висин е роден во Етиопија, но брзо се преселил во Италија. Дошол во Милан каде бил член на
младата екипа на славниот клуб, а „Газета дело спорт“ пишува дека бил пријател со Џанлуиџи
Донарума.
Во 2016. година, тој одлучил да го остави големиот фудбал и се префрлил на футсал. Настапувал за
тимот на Атлетико Виталита во Серија Д.


МЗТ Скопје на чекор до титула

„Металците“ ги стопија надежите на кавадарчани во последните четири минути од вториот натпревар, за победа 95:91 и „брејк“ за 2-0 во финалето.

Со девет поени по ред, на репрезентативниот бек, Андреј Магдевски во последните четири минути од дуелот во салата „26.април“, МЗТ Скопје Аеродром го скрши отпорот на Еуро Никел 2005. Дојдоа популарните „металци“ до посакуваниот брејк, па во Скопје, ќе ја имаат првата меч топка за осмата, за нив, шампионска титула во историјата, но и можност да ги обединат двете домашни круни во оваа турбулентна сезона.  

Кавадарчани имаа одлични, 30 дадени поени во првиот период од вториот финален меч. Имаа и двоцифрена предност (32:22), во уводната минута од втората четвртина. Но и тоа, се покажа, не им беше гаранција за сигурност, затоа што екипата која има (1-0) во оваа серија, најде начин, секако и играчи, да се врати назад во игра.

Интересно, поентерски, во тоа прво полувреме се идвоија високите играчи. Роберт Рикиќ на домашната, кој реализираше 15.поени, и Крстевски, на гостинската, кој финишираше со 11.поени, и Олуџоби, кој имаше два помалку во тој дел од финалето број 2.

Уште еднаш, МЗТ Скопје Аеродром имаше „подобра клупа“ која реализираше 11.поени, наспроти пет на противникот.

Следната станица е салата во СЦ „Јане Сандански“, во недела навечер, кога можеби ќе го добиеме и новиот шампион.


ЕУРО 2020 – 19. Словачка одблиску

Словачка нема намера да биде само учесник на Европското првенство!

Фудбалската репрезентација на Словачка е национален машки фудбалски тим раководен од фудбалскиот сојуз на Словачка. Од 2016 година, натпреварите на домашен терен, словачката репрезентација ги игра на реновираниот стадион Антон Малатинскиј во Трнава. Словачката репрезентација го има еден од најмладите национални фудбалски тимови во светот, откако се раздели од репрезентацијата на Чехословачка по распадот на обединетата држава во 1993 година. Оттогаш, Словачка има сопствена фудбалска репрезентација која се натпреварува на сите големи професионални турнири.

Словачка се квалификува на две големи првенства досега, на Светското првенство 2010 година и на Европското првенство во 2016 година. Словачка изборила пласман на Светското првенство во 2010 година, кое се одржа во Јужна Африка, завршувајќи на првото место во својата квалификациска група и покрај двата порази од Словенија. Во групната фаза од првенството, Словачка ремизираше со Нов Зеланд и забележа победа од 3-2 над Италија, со што се пласирала во осминафиналето, во кое беше поразена од финалистот Холандија со 2-1. Тоа беше првпат Словачка да се пласира на големо фудбалско натпреварување, откако играше во секој квалификациски циклус за Светско првенство од 1998 и секој квалификациски циклус за Европско првенство од 1996 година. Словачката репрезентација беше на чекор до пласман на Светското првенство 2006, но во баражот загуби од Шпанија. Словачка не успеа да се квалификува за Светското првенство во 2014 година, но обезбеди пласман на Европското првенство во 2016 во Франција под водство на селекторот Јан Козак, кој му помогна на тимот да го достигне рекордното 14-то место на ФИФА ранг листата.

Најголемата словачка ѕвезда потпиша за Гетеборг

Најдобриот слоовачки фудбалер, Марек Хамшик пред неколку месеци стана играч на ИФК Гетеборг. 33-годишниот Словак потпиша договор со клубот до крајот на летото 2021 година.

Договорот на Хамшик со кинескиот клуб Далиан Инфанг истече и тој реши да се врати во Европа.

Фудбалерот стекна слава во репрезентацијата на Словачка и во италијански Наполи. Тој го држи рекордот по број на одиграни мечеви за наполитанците и е втор на голгетерската листа во историјата на клубот.

Во сезоната 2020/21 Гетеборг го зазеде 12-тото место во шведското првенство.


Ѕвездите на Сити доминираат во тимот на сезоната во Премиер лигата

Шампионот Манчестер Сити домонира во тимот на годината во Премиер лигата избран од Асоцијацијата на професионални фудбалери.

Дури шест фудбалери на Сити се во идеалниот тим и тоа Кевин де Брујн, Рубен Диас, Жоао Кансело, Илкај Гундоган, Едерсон и Џон Стоунс.

Манчестер Јунајтед има двајца претставници, Бруно Фернандеш и Лук Шо, исто како и Тотнхем, Хари Кејн и Мин Сон. Идеалните 11 ги дополнува ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.


Челзи го награди Тухел со нов договор

Германскиот тренер Томас Тухел потпиша двегодишно продолжување на договорот со Челзи, една недела по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Тухел пристигна во јануари на „Стемфорд Бриџ“ откако доби отказ во ПСЖ, а на клупата на Челзи ја замени легендата на клубот, Френк Лампард.

До доаѓањето на Германецот, Челзи беше во криза, а потао следеше фантастична низа. Челзи сезоната ја заврши на четвртото место, го освои Лига Купот, а на крајот и Лигата на шампионите.

„Не можам да замислам подобра прилика за продолжување на договорот. Благодарен сум на искуството и многу сум среќен што останав дел од семејството на Челзи. Има уште многу што следи и се радувам на нашите идни чекори.“ – рече Тухел.


Светските медиуми пишуваат за македонската репрезентација

Новинската агенција „Франс прес“ посвети текст на македонската фудбалска репрезентација, која ги прави последните подготовки пред заминувањето на Европското првенство.

Во текстот на „АФП“ главниот фокус е на капитенот Горан Пандев. Се потенцираат сите успеси на нашиот капитен, особено тројната круна со Интер во времето кога тимот го предводеше Жозе Мурињо, но најдрагиот гол му е погодокот против Грузија кој ја однесе Македонија на Европското првенство.

„Тоа е мојот најдраг гол бидејќи конечно се пласиравме на еден голем турнир.“ – изјави Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски има само големи зборови за Пандев, а ја потенцира и сплотеноста на нашата репрезентација.

„Тој е нашиот најдобар фудбалер во историјата и среќен сум што прифати да се врати како наш лидер на теренот и надвор од него. Направивме нашиот национален тим да живее како семејство, еден за друг би умреле на теренот.“ – вели Ангеловски.


Евротип предлог тикет – Сабота 05.06.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 16 коефициент:

Шведска – Ерменија | ГГ, 3+

Ерменија е веќе сериозна репрезентација и никому не му е лесно да игра против нив. Ремито со Хрватска пред неколку дена е сериозна опомена дека на оваа селекција мора сериозно да се смета во иднина. Шпанецот Хоакин Капарос заврши голема работа, Ерменците играат допадливо и веќе сонуваат пласман на Светско првенство. Очекувам натпревар со голови на двете страни. 

Русија – Бугарија | 1-1

Бугарија никако не може да состави компетитивна селекција, а Русија е во налет. Без разлика што се работи за пријателски натпревар, сепак разликата во квалитет е евидентна и победата на домашната селекцијане би требало да биде доведена во прашање. 

Црна Гора – Израел | 0-2

Се среќаваат две репрезентации кои се во конструкција и нова изградба, па за очекување се многу промени, експерименти и чудни тимови. Затоа очекувам мал број на голови и тврд натпревар.

Велс – Албанија | 1

Рајан Гигс го подготвува тимот за Европското првенство, а Еди Реја најави млад состав и експерименти пред следниот мундијалски прозорец во септември. Домаќинот е голем фаворит, а со фудбалери како Бејл и Ремзи има и основа за таков статус.


Челзи му го продолжи договорот на Тиаго Силва

Фудбалскиот состав Челзи објави дека активирал посебна клаузула во договорот со дефанзивецот Тиаго Силва и затоа неговиот ангажман  е продолжен за уште една сезона до наредното лето.

36-годишниот Бразилец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2020 година како слободен играч од Пари Сен Жермен. Ветеранот брзо стана главен дел од лондончан, запиша 34 натпревари на сите турнири и даде 2 гола.

Силва во дебитантската сезона со „сините“, се израдува на првата титула во Лигата на шампионите.