feature

Јуве загуби преку 100 милиони евра минатата сезона

Јувентус објави дека запишал загуби од 109.9 милиони евра за минатата сезона.

Раководството на „старата дама“ објави дека загубите минатата сезона биле значително поголеми од тие претходно поради пандемијата со корона ворусот.

„Загубите доаѓаат како последица од ефектот на пандемијата врз продажбата на билети, продукти како и пониски приходи од правата на фудбалерите“, објаснија „бјанконерите“.

Јувентус ќе ги покрие загубите со пари од акционерите, што значи дека вредноста на акцијата на клубот значително ќе падне.


Јапонецот Хонда потпиша во првакот на Литванија

Кеисуке Хонда нема намера да ја заврши кариерата, па продолжува неговото „шетање“ по разни клубови.

Сега поранешниот јапонски репрезентативец ќе игра во Литванија со лидерот во првенството, Судува. Јапонецот беше без клуб од 12. февруари кога го напушти португалскиот Портимоненсе.

Претходно имаше епизоди во Нефтчи Баку, Витесе, Мелбурн Виктори, Пачука…Најдобрите денови Хонда ги помина во ЦСКА Москва каде што играше најдобар фудбал. Во кариерата имаше прилика да го носи и дресот на Милан.


Лудогорец и Црвена Звезда ќе играат на неутрален терен

Бугарија пред неколку денови ја прошири „црвената листа“ на коронавирусот на уште неколку земји.

На листата се најде и Србија, а тоа може да донесе проблем во Лига Европа бидејќи во второто коло Црвена Звезда треба да му го стува на Лудогорец.

Затоа се разгледуваат можности како и дали има можност играчите на Звезда да патуваат во Разград, а една од опциите секако е играње на неутрален терен.

Засега нема најави каде би можел овој натпревар да се одигра, секако ако дојде до тоа да се игра на неутрален терен.


Мајк Џејмс го засили новиот евролигаш Монако

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс по една сезона мината во НБА лигата се враќа на европскиот континент, откако се согласи на трансфер од Бруклин во Монако.

Џејмс ќе се обиде да му помогне на францускиот тим во дебитантската сезона во Евролигата во која Американецот беше меѓу најдобрите кошаркари изминати години.

Минатата сезона Џејмс кратко престојуваше во редовите на Бруклин и зад себе во НБА лигата остави статистика од 7.7 поени и 4.2 асистенции по натпревар.

„Мојата цел е Монако да победи во што е можно повеќе натпревари во Еролигата. Сакам да бидеме конкурентни, иако сме аутсајдери во ова елитно опкружување“, изјави 31-годишниот Џејмс.


Кореанецот Сон откри дека како дете навивал за Манчестер Јунајтед

Сон Хонг Мин е еден од најдобрите играчи на Тотенхем.

Сега иако настапува во дресот на „петлите“, призна дека во младоста навивал за Манчестер Јунајтед.

„Навивав за Манчестер Јунајтед, а причината беше затоа што мојот сонародник Парк Џи-Сунг играше за нив. Парк е национален херој. Во Кореја за него ќе ви кажат дека има две срца. Сега е мој добар пријател. На некој начин тој ми ја отвори врата на Премиер лигата. Тогаш го поддржував Манчестер Јунајтед, сега секако тоа не е случај. Целосно сум посвете на Тотенхем“, изјави Сон.

Одличниот репрезентативец на Јужна Кореја е под знак прашалник за натпреварот против Челзи затоа што при обврските за репрезентацијата заработи повреда.

Лондонското дерби е закажано во 17:30 часот.


Доведените засилувања се знак на поддршка за Солскјер, вели Вудворд

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, вели дека раководството на клубот цврсто стои зад менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот беше критикуван за неуспехот во финалето на Лига Европа и поразот на пенали од Виљaреал, но и поразот во првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите, од Јанг Бојс во Берн, 2:1.

“Значително го зајакнавме тимот во текот на летото со тоа што ги доведовме Кристијано Роналдо, Рафаел Варан, Том Хатон и Џејдон Санчо. Овие засилувања ја демонстрираат способноста да продолжиме да ги привлекуваме најдобрите светски фудбалери и нашата силна позиција да му помогнеме на Оле да успее на теренот.„Имаме поголема доверба од кога и да е дека сме на вистинскиот пат“, рече Вудворд.


ЛОИ во Лос Анџелес ќе чинат 6,9 милијарди долари

Организацијата на Летните олимписки и параолимписки игри, чии домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе чини 6,9 милијарди долари, најави извршната директорка на Организацискиот комитет Кети Картер.

„ОИ и ПОИ ќе бидат финансиски здрави и ќе остават трајно влијание на градот домаќин, -изјави Картер. Пред сè, ние ќе бидеме домаќини на Игри, кои ќе се одржат во предвидениот термин и во рамки на предвидениот буџет,“ додаде Картер.

Таа наведе дека Игрите ќе користат широк спектар на постоечки спортски објекти, а потрошувачката ќе се надомести со приходи од спонзорства, продажба на влезници и други извори.


Лук Абало зачуди со изборот за продолжување на ракометната кариера

Долговечното десно крило на француската ракометна репрезентација Лук Абало, својата кариера ќе ја продолжи во Јапонија. Со 37 години донесе интересна одлука и ќе стане нов играч на Зеекстар Токио.

Абало исто така изненадувачки минатата сезона ја помина во норвешки Елверум, а пред тоа настапуваше за Иври, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и ПСЖ. Освои се што може да се освои во ракометот, а за француската репрезентација заигра 286 пати и постигна 854 погодоци.

Од репрезентацијата се повлече откако со неа годинава баш во Токио го освои своето трето олимписко злато и вкупно четврт олимписки медал.


Ѕвезда на Баерн правеше операција на срцето

Фудбалерот на Баерн, Кингсли Коман, имал операција на срцето, откри неговиот тренер Јулијан Нагелсман на прес -конференција. За среќа, ова не е сериозен проблем и Коман многу брзо ќе му се врати на фудбалот.

„Кингсли Коман беше на операција. Имаше благо нарушување на срцевиот ритам. Понекогаш имаше благ недостаток на воздух и беше помалку продуктивен, па решивме да направиме ЕКГ и го откривме тој проблем, кој може брзо да се поправи”, рече тој, објаснувајќи дека проблемот на Коман не е сериозен:

„Сето ова звучи многу подраматично отколку што навистина е. Кингсли е многу добро, раната минимално боли. Повторувам, проблемот не е многу сериозен, повеќе луѓе го имаат, но не е исто кога вашиот најголем напор е да постигнете до фрижидерот и пиете ладно пиво или сте професионален спортист.“

„Ќе започне со кардио тренинзи во четврток. Нема да потрае многу повеќе од недела и пол или две за да се приклучите на тренингот со тимот”, додаде тој.

Коман е во Баерн од 2015 година. Прво помина две сезони на позајмица од Јувентус, а потоа беше откупен од баварскиот клуб. За Баерн постигна 20 гола на 204 настапи.


Во договорот меѓу Меси и ПСЖ има вклучени и криптовалути?!

Лионел Меси со спектакуларен трансфер ја напушти својата Барселона и летово се пресели во ПСЖ, тоа беше „земјотрес“ на фудбалската берза, а француски Л’Екип излезе со детали од овој трансфер кој се смета за еден од најголемите во поновата фудбалска историја.

Според Л’Екип, Меси за три години треба да добие вкупно 110 милиони евра, платата е 30 милиони, плус 10 за лојалност, а дел од средствата ќе добие и во криптовалути, симболичен „милион“ ако се земе предвид вкупната бројка.