feature

Блесна новата трибина во Охрид, Македонија добива уште еден модерен стадион

Мулти-функционалниот стадион во Охрид за кратко време ќе добие модерна трибина на источната страна, со капацитет од околу 1.000 гледачи. Трибината која започна да се гради ова време минатата година е во завршна фаза. Следуваат уредување на внатрешните простории и на просторот околу трибината. Финалната фаза од изградбата ја најави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која успешно заедно со Општините Охрид и Чаир аплицирше за средства во УЕФА. Во централниот дел од трибината предвидени се вип седишта, коментаторска кабина и простор за камери. Еден дел од трибината ќе биде наменет за инвалидизирани лица со посебни пристапни патеки. Еден дел од трибината ќе биде покриен, а согласно проектот предвидени се, просторија за вработени со санитарии, гардероба со санитарии за натпреварувачи, просторија за делегати со тоалет, просторија за судии со санитарии, просторија за допинг контрола со санитарии, простории за лекарски прегледи за играчи, судии и за посетители, магацински простории, технички и останати пропратни простории и комуникации.


Бетис го сака Оскар Мингуеса од Барселона

Фудбалскиот состав Бетис внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Барселона, Оскар Мингуеса, кој има договор до крајот на сезоната.
Клубот е задоволен од младиот играч и му понуди нов договор до 2023 година, но, играчот се двоуми дали да потпише. Тој сака да види кој ќе биде нов претседател на екипата од „Камп Ноу“ и дури потоа да ги открие неговите планови.
Во исто време, луѓето од Бетис контактирале со неговиот агент задолжен за трансфери за да видат дали имаат шанси да го купат. Тие процениле дека Мингуеса може да биде одлично засилување за екипата.


Тотенхем пак купува од Реал, Мурињо го сака Лукас Васкез

Англискиот фудбалски состав, Тотенхем, е заинтерсиран за крилото на Реал Мадрид, Лукас Васкез.
Договорот на Шпанецот ќе му истече на крајот на сезоната и тој нема намера да го продолжи по цели 11 години поминати на – „Сантијаго Бернабе“. Реал му понуди нова соработка на 29-годишиот играч кој сепак останува на ставот дека ќе бара нов предизвик во кариерата.
Васкез има одиграно 230 натпревари за Реал Мадрид. Тој два пати ја освои Ла Лига и три пати Лигата на шампионите.


Сексистички скандал го тресе норвешкиот великан! (фото)

Трикратниот норвешки првак Бран се најде во средината на скандал поради сексистичка порака испишана на маица која стои на ѕидот на просторија од која Вегард Форен даваше интервју за една ТВ станица.
„Женски фудбал, што е тоа? Ниту е фудбал, ниту е женствен.“ – е пораката која се виде за време на неговото јавување во видеоинтервјуто.
Снимката од тој разговор набрзо стана вирална, а со нејзиното споделување стигнаа и осудите. Се јави и норвешката репрезентативка Ингрид Рилан и вака го прокоментира случајот:
„Тоа сигурно беше некоја шега, но не е смешна. Нема извинување. Не можеш тоа да го ставиш на ѕидот во просторија на еден од најголемите фудбалски клубови во Норвешка.“
Веднаш потоа следеше извинување од клубот, а маицата беше симната од ѕидот.


Погба се предомисли, сега сака да остане на „Олд Трафорд“

Францускиот фудбалски интеранционалец, Пол Погба, нема намера да си замине од „Олд Трафорд“ иако во повеќе наврати се шпекулираше дека може да замине во Реал Мадрид или да се врати во Јувентус. Сега последните вести велат дека 27-годишниот играч е подготвен да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед. Неговиот активен договор е валиден до 2022 година. Погба наводно е подготвен да седне на преговарачката маса со газдите на клубот за да издејствува продолжување на соработката.


Буфон планира да игра до 2023 година

Џанлуиџи Буфон откри кога планира да стави крај на богатата фудбалска кариера. Легендарниот чувар на мрежата на „аѕурите“ дебитираше во професионалните води во ноември во 1995 година во дресот на Парма. Потоа поголемиот дел од кариерата го помина во Јувентус. „Имам замислено во мојата глава дека тоа ќе биде во јуни во 2023 година. Тоа е максимумот, иако можам да престанам да играм и по четири месеци“, изјави Буфон. Буфон со „старата дама“ успеа да освои десет титули во Серија А. Тој е светски шампион со италијанската репрезентација. Во еден период од кариерата ги бранеше и боите на ПСЖ.


Се разделија Ѓоре Јовановски и Беласица

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на неколку македонски прволигаши, Ѓоре Јовановски одлучи да го раскине договорот со фудбалскиот клуб Беласица. Според информациите кои доаѓаат од Струмица, Јовановски и управата на струмичкиот прволигаш не успеале да се поклопат со плановите и начинот на реализација на целиот проект, по што договорот бил спогодбено раскинат. Јовановски се повлекува од менаџерската позиција на ФК Беласица по последниот пораз од Борец од 2:1 во ПМФЛ.


Резервистот на Индијана оствари ретко виден учинок во НБА

Резервниот плејмејкер на НБА тимот Индијана Пејсерс, Ти Џеј Мекконел постави нов рекорд на лигата по бројот на украдени топки во едно полувреме. Мекконел во првото полувреме од натпреварот против Кливленд украде девет топки. Натпреварот го заврши со 16 поени, 13 асистенции и 10 украдени топки, со што го остварио првиот трипл-дабл учинок со поени, асистенции и украдени уште од 1998. година кога во тоа успеа Муки Блејлок. Со нив двајца, таков учинок имаат остварено уште Кевин Џонсон, Алвин Робертсон, Клајд Дрекслер и Лафајет Левер. Севкупно досега во НБА лигата се остварени 11 трипл-дабл учиноци со украдени топки, а Мекконел е првиот на кој тоа му успеало, а натпреварот го започнал од клупата. Пејсерси на крајот победија со резултат 114:11, а заедно со Мекконел ги предводеше Брогдон со 29 поени, додека кај Кливленд најдобар беше Секстон со 32 поени и 10 асистенции.


Легендарниот УФЦ борец Чимаев шокантно замина во пензија

Една од sвездите во подем на УФЦ – Хамзат Чимаев, преку социјалната мрежа Инстаграм шокантно објави дека става крај на кариерата. „Сакам да искажам голема благодарност на сите што ме поддржаа на моето патување. Мислам дека тоа беше сè. Многумина можат да бидат вознемирени, но, моето срце и моето тело велат така“, напиша шведскиот борец со чеченско потекло. 26-годишниот Чимаев кој има сериозни здравствени компликации откако го прележа корона-вирусот, последен пат беше во „кафезот“ во септември 2020 година кога го победи Џералд Мершарт.


Азар нема да заздрави за дербито со Атлетико Мадрид

Рехабилитацијата од повредата на ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар не оди според планот. Белгиецот се здоби со најновата повреда на 3 февруари, а првичните прогнози беа дека ќе се врати на терените за 3 до 4 недели. Лекарите на Реал се надеваа дека Азар ќе ги обнови тренинзите на почетокот на март. Во саботата Белгиецот одработил интензивен тренинг, но почуствувал болки, па готово сигурно ќе го пропушти дуелот со Атлетико овој викенд.