feature

Тотенхем постави клупски рекорди по победата над Славија

Откако ја победија Славија Прага со 3-0 во 6-то коло од Лигата на шампионите, екипата на Тотенхем за прв пат во својата историја успеа да одигра четири последователни натпревари без примен гол во Лигата на шампионите и Европскиот куп, објави „Опта Спортс“.

Претходно, Тотенхем играше со Милан со резултат 0:0, го победи Виљареал со резултат 1:0, а го згази Копенхаген со резултат 4:0.

Следниот натпревар на англискиот клуб во Лигата на шампионите ќе биде против Борусија Дортмунд на 20 јануари. А на 28 јануари, Тотенхем ќе се соочи со Ајнтрахт Франкфурт. И двата натпревари се играат во терминот од 21 часот.


Кејн ќе го продолжи договорот со Баерн

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, планира да го продолжи договорот со клубот, објавија „Баерн и Германија“ на социјалните мрежи.

Според извор, клубот го иницира продолжувањето на договорот. Самиот Кејн не е против понудата и планира да ја прифати. Се забележува дека претходно објавениот потенцијален трансфер на напаѓачот во Барселона никогаш не бил дискутиран со раководството.

Фудбалерот планира да разговара за продолжување на договорот со клубот за една сезона по завршувањето на Светското првенство во 2026 година.

Тековниот договор на Хари Кејн со клубот од Минхен е со важност до крајот на јуни 2027 година.


Малинков седна на клупата на Кожуф

Ново име за клупата на тимот од Гевгелија е Љупчо Малинков, кој ќе го преземе кормилото од Апостоли Апостолов.

Досегашниот предводник на Кожув ќе остане во клубот, но ќе работи во младинските категории.

Малинков во својата тренерска кариера работеше Еуро Никел, ФМП Академија и последно во Гостивар а имаше и ангажмани во Косово.

Оваа сезона Кожув има солиден скор од пет победи и четири


Станковиќ се враќа на клупата на Црвена Звезда?

Иако сè уште не е официјално кажано, но Црвена Звезда веќе го избраа Дејан Станковиќ и се очекува промена до крајот на годината.

Милојевиќ го предводи тимот во четврток во Грац против Штурм, и преостанатите два натпревари пред паузата во првенството, по што се очекува Станковиќ да се врати на „Маракана“.

Откако ја напушти црвено-белата клупа, Станковиќ работеше во Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва, со кои неодамна се раздели.

Тој самиот претходно коментираше за можноста да се врати во Звезда и никогаш не криеше дека сака. Со Звезда, тој беше три пати шампион на Србија, а двапати го освои Купот, сите во периодот од 2019 до 2022 година.

Покрај тие пет титули во Србија, Станковиќ може да се пофали и со титулата во унгарското првенство, додека во Русија не постигна никакви значајни резултати.

Се верува дека дури и евентуална победа во Австрија кај Грац во четврток нема да му помогне на Милојевиќ и дека едноставно дојде време неговото место да му припадне на некој друг.


Голем корупциски скандал во аргентинскиот фудбал

Фудбалската федерација на Аргентина (АФА), како и повеќе клубови во земјата се под истрага поради сомневање за перење пари, јавија денеска светските агенции, повикувајќи се на полициски извори.

-Досега се извршени помеѓу 25 и 30 претреси во фудбалски клубови и приватни домови, рече изворот.

Според истиот извор, аргентинското правосудство ги истражува сметките на финансиската компанија Sur Finanzas, која ги спонзорира повеќето клубови во земјата, а беше спонзор и на аргентинската репрезентација во 2024 година.

Минатиот месец, компанијата, која ја води бизнисменот Луис Валехо, близок до претседателот на АФА, Клаудио Тапија, беше oсомненичен за даночно затајување во вредност од речиси половина милијарда евра.

Меѓу клубовите во кои се извршени претреси се Расинг Клуб, Индепендиенте, Банфилд и Сан Лоренцо.


Матлиевски не е повеќе тренер на Пролет

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет денес објави дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш.

Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога.

За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на домашен терен беше донесена одлука за промена на тренерската позиција. Игор Илиевски, кој е дел од тренерскиот тим во младинската школа на Тинекс Пролет, ќе биде привремено решение до крајот на оваа календарска година.


Тарик Мухаремовиќ во бележникот на многу италијански гиганти

Листата на кандидати за потписот на дефанзивецот на Сасуоло,

Тарик Мухаремовиќ, расте. Централниот бек е еден од клучните играчи во изненадувачкиот пакет на „неровердите“, а тимот на Фабио Гросо моментално е на осмото место, со примени 17 гола, бројка што повеќе одговара на тимовите од средината на табелата отколку на оние кои се борат да избегнат испаѓање.

Во последните денови се зборува за можно повторно разгорување на интересот за босанскиот дефанзивец од Јувентус, како и од Наполи на Спалети. Сепак, листата не завршува тука. Милан испратил свој скаут на последниот меч за да го следи босанскиот дефанзивец со кого очекува да влезе во преговори за трансфер уште оваа зима.


Останаа многу непродадени билети за Олимписките игри во Кортина и Милано

На помалку од два месеци пред почетокот на ЗОИ во Милано и Кортина падна интересеот за билетите за натпреварите на Игрите. Според информациите, продажбата на билети е далеку под очекувањата особено во Италија, која се очекуваше да биде главен поттикнувач на пополнувањето на трибините за време на натпреварите во низа спортови. Според последните информации продадени се нешто повеќе од 850.000 билети од вкупно еден и пол милион достапни.

За да ја стимулира побарувачката, Италијанскиот олимписки комитет се сврте и кон агресивна стратегија со популарниот „Црн петок“, нудејќи тридневни попусти од дваесет проценти и необичен стимул: секој што купил билети за Олимписките и Параолимписките игри може да пристапи до ски-карти за 8 евра во секое одморалиште во Ломбардија меѓу 9 и 22 декември.


Палмер исоставен за клучниот дуел со Аталанта

Cole Palmer on a rainy night as Chelsea player

Младата ѕвезда на Челси, Кол Палмер, ќе го пропушти мечот против Аталанта во Лигата на шампионите по неговото неодамнешно враќање од подолга пауза по повреди. Тренерот Ензо Мареска потврди дека станува збор за претпазливост, нагласувајќи дека клубот сака да го заштити англискиот репрезентативец од напорниот распоред. Палмер неодамна настапи во Премиер лигата, а Челси му дава приоритет на долгорочното опоравување, наместо брзо враќање во игра.

Мареска објасни: “Не може да игра три натпревари во недела”, нагласувајќи ја потребата за внимателна и структурирана рехабилитација, откако Палмер беше отсутен од септември поради повреди на препоните и палецот. Во последните натпревари тој влезе како замена и потоа стартуваше против Борнмут, но понапорните дуели бараат внимание за да не се ризикуваат понатамошни проблеми.

Челси е во серија без победа на три натпревари во сите конкуренции: двете ремија со Арсенал и Борнмут и поразот од Лидс. Дуелот со Аталанта во Италија без Палмер ќе претставува тест за длабочината на тимот, но позитивен резултат може да ги врати во игра за напредок во Лигата на шампионите и во домашниот шампионат. Филозофијата на Мареска за ротација сега е под лупа додека Челси се бори да го најде својот ритам.


Бриж назначи нов тренер, Леко ќе го менува Хејен

Актуелниот шампион на Белгија, Клуб Бриж, експресно најде замена за тренерот, Ники Хејен. Од ривалскиот Гент, во Бриж, пристигна хрватскиот тренер Иван Леко.

Леко се враќа на клупата на Бриж, со кого ја освои титулата во 2018 година во својот прв двегодишен мандат. Тој играше за Клуб Бриж од 2005 до 2009 година и го освои Купот во 2007 година.

Хејен беше во Брж 18 месеци, а го остава тимот на 26-то место на табелата во Лигата на шампионите, додека во белгиското првенство, Бриж е трет на табелата, пет бода зад актуелниот шампион Унион Сен Жилоа.

Бриж претрпе три порази во последните четири натпревари во првенството.

Фудбалерите на Бриж играат во среда во 21:00 часот на свој терен против Арсенал, во шестото коло на Лигата на шампионите.