feature

Самир Насри објави крај на кариерата

Самир Насри објави крај на својата фудбалска кариера. Поранешниот фудбалер на француската репрезентација објасни зошто веќе не сака да игра фудбал.

Тој истакна дека кариерата му ја уништи суспензијата која во 2018. година ја заработи поради допинг, иако тој тврди дека се работеше за витамини кои ги добивал бидејќи бил болен.

„Бев многу разочаран, сметам дека тоа беше лоша одлука. Не зедов ништо што не беше дозволено. Таа одлука ме уништи, а сега е време да ја завршам кариерата.“ – рече Насри.

Кога се појави на сцената и заблеска во Марсеј, многумина сметаа дека ќе стане еден од најдобрите француски фудбалери и носител на репрезентацијата, но тоа никогаш не се случи.

Беше продаден во Арсенал каде продолжи да се развива под водство на Арсен Венгер, за потоа да премине во Манчестер Сити.

Но, таму овој офанзивец започна да се „губи“, се менуваа и тренери, а тој не одговараше скоро на никого, па беше пуштен во Севиља. Од Севиља, се пресели во Анталијаспор, се обиде да ја спаси кариерата во Вест Хем и Андерлехт, но не успеа.


Ристовски продолжува да тресе мрежи за Спартак Трнава

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски постигна два гола за Спартак Трнава во победата од 3:0 на гостувањето кај Дунајска Стреда во рамки на 9. коло во словачкиот шампионат.

Голгетерот стрелаше во 42. и 66. минута за да го постави конечниот резултат. За 23-годишниот интернационалец сега има пет голови сезонава и го дели првото место на листата на стрелци во словачкиот шампионат со уште двајца фудбалери.

Спартак Трнава исто така е на делба на првото место со Слован Братислава со по 20 бодови.


Куртоа раситни „стотка“ во дресот на Реал

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го одигра својот стоти натпревар во Примера без примен гол. На мечот со Виљареал, неговиот тим одигра само нерешено, 0-0, а со тоа Тибо стана само петтиот голман во 21 век со такво достигнување.

Белгискиот чувар на мрежата на Реал има сто „суви“ мрежи на 217 одиграни средби во Примера. Пред него ваков резултат има само голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Словенецот стигна до 100 натпревари без примен гол на 182 натпревари.


Jуве без Дибала и Мората против Челзи и Торино

Масимилијано Алегри потврди дека напаѓачите Пауло Дибала и Алваро Мората ќе го пропуштат дербито со Челзи во Лигата на шампиони.

Јувентус денес стигна до победа против Сампдорија од 3-2, но Дибала и Мората заработија мускулни повреди.

„Со сигурност Дибала и Мората нема да играат против Челзи, а ќе бидеме среќни ако успеат да се опорават по интернационалната пауза. Тоа е дел од фудбалот и мора да се навикнеме. Имавме неколку грешки во одбраната, но, дефинитивно добро се браневме во поголемиот дел од мечот, сепак среќни сме што дојдовме до нови три бода“, потврди Алегри.


Се појави снимка која открива нови проблеми во ПСЖ?! (видео)

ПСЖ викендов на својот стадион лесно со 2:0 го победи Монпеље и дојде до осмата победа во Лига 1 во исто толку натпревари.

Но, веќе денови се пишува за „немирите“ во соблекувалната на ПСЖ. Марка наведува дека е формиран јужноамерикански клан кој работи на тоа да го избрка Џанлуиџи Донарума од клубот откако тој тукушто пристигна од Милано.

Анхел Ди Марија, Лео Меси, Леандро Паредес, Маркињос и Нејмар се држат заедно и тие навнодно го фаворизираат Кејлор Навас на голот. Таа информација не е потврдена, а не е ниту првата приказна за несогласување во соблекувалната на клубот која се појави по доаѓањето на Меси.

Не е ниту последна, бидејќи на последниот натпревар се појавија искри помеѓу Мбапе и Нејмар. Камерата на преносто го фати Мбапе на клупата на ПСЖ како му негодува на Нејмар бидејќи не сака да ја додаде топката кога се заедно на теренот.

Медиумите во Франција објавија снимка од Мбапе како по доаѓањето на клупата на својот соиграча Геје му говори како Нејмар не сака да додава. Истите медиуми наведуваат дека во текот на натпреварот имаше неколку ситуации во кои се чинеше дека Нејмар го игнорира својот соиграч.



Гуеј и Гебресласе се победници на Берлинскиот маратон

Адола Гуеј и Готит Гебресласе се годинешните победници на 47. Берлински маратон. 39-годишниот трикратен олимписки победник, Кененизе Бекеле, кој беше голем фаворит на трката, на крајот мораше да се задоволи со освојување на 3. место.

По бројните пресврти, на крајот славеше второпласираниот од 2017 година, 30-годишниот Гуеј, која истрча време од 2 часа, 5 минути и 45 секунди. Втор заврши Кениецот Бетвел Jeегон, а Бекеле на крајот беше само третопласиран.

Кај дамите најдобра беше Гебресласе, која патеката ја истрча со време од 2:20,09 часа.

Победниците и во двете конкуренции за награда добија по 40.000 евра.


Рудигер одби нов договор со Челзи, заминува од Лондон следното лето

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, одби да го продолжи договорот што му го понуди лондонскиот тим.

Договорот за германскиот репрезентативец истекува следното лето, а актуелниот европски шампион сака што поскоро да го обезбеди неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, очигледно е дека понудата не ги задоволи

Реал од Мадрид и Баерн Минхен се заинтересирани за услугите на 28-годишниот дефанзивен играч, кои со свои понуди ќе излезат во јануари следната година.


Бенитез објасни зошто Хамес си замина од Евертон

Хамес Родригез си замина од Евертон и потпиша за катарскиот клуб Ал Рајан. 30-годишниот фудбалер не ни заигра откако Бенитез дојде во клубот.

Бенитез вели дека Хамес бил продаден затоа што тоа е добро за баланс на финансиите на Евертон, тие не можат да си дозволат да имаат фудбалер кој не може да одигра половина од мечевите, а да му даваат голема плата.

„Хамес е и многу лесен и комплициран случај. Ова е Премиерлига, и ова е Евертон и имате фудбалер кој може да одигра само околу 50% од натпреварите во Премиерлигата. Тоа не е нешто што може лесно да се менаџира. Ние треба да ги максимизираме ресурсите кои ги имаме, таква е ситуацијата“, рече Шпанецот. 


Кјелини: Можеби ќе играм на СП во Катар

Џорџо Кјелини беше еден од поважните фудбалери на Италија во освојувањето на Европското првенство оваа година.

Сепак, Кјелини годините го стигнуваат, па не е јасно дали ќе може да настапи на Мундијалот во Катар наредната година. Иако наполни 37 години, тој не ја отфрла можност за настап на овој Мундијал.

„Ако бидам во форма и имам континуитет, можеби ќе настапам на Светското првенство. Но, треба да се размислува на сегашноста, ќе видиме што ќе се случува“, изјави Кјелини.


Европската комисија не сака Светско првенство на секои две години

Европската комисија изрази загриженост поради планот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за одржување на Светските првенства на секои две години, објави порталот „Политико“.

Истиот извор посочи дека потпретседателот на Комисијата задолжен за поттикнување на европскиот начин на живот Маргаритис Шинас застанал во одбрана на претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин во спорот со ФИФА.

Во целост се согласувам со сомнежите на националните европски фудбалски асоцијации околу можноста за одржување Светско првенство на секои две години. Европа е глобален епицентар на фудбалот и наша должност е да го одржуваме моделот, кој ги почитува интересите на навивачите, играчите и општата логика на светскиот спортски календар, а не само на комерцијалните интереси, изјави Шинас.

Планот на ФИФА, кој првично го предложи Саудиска Арабија, а зад кој стои француската тренерска легенда Арсен Венгер, има поддршка од националните федерации во Азија и Африка, меѓутоа УЕФА и Јужноамериканскиот фудбалски сојуз жестоко се противат и најавуваат бојкот.