feature

Ветеранот Макси Родригез замина во пензија на 41 година

Макси Родригез кој имаше блескава кариера во редовите на Њу Олд Бојс, Пењарол, Ливерпул, Атлетико Мадрид  и Еспањол, одлучи да се повлече од фудбалските терени.

„Дојде моментот за кој мислев дека никогаш нема да дојде. Тоа беше многу тешка одлука, но, од друга страна ја донесов сосема мирно. Зад мене има долга и успешна кариера“, вели 41-годишниот напаѓач.

Родригез има одиграно 57 средби за Аргентина и постигнато 16-ет голови.


Саудијците го носат Дембеле во Њукасл уште во јануари?

Њукасл е главниот фаворит за потписот на играчот на Барса, Осман Дембеле.

Новите сопственици сакаат по секоја цена да обезбедат засилувања во текот на зимскиот трансфер период а меѓу првите на нивниот список е токму играчот на шпанскиот состав. Французинот има договор до наредното лето а неговите претставници интензивно преговараат со каталонското раководство за продолжување на соработката.

Од друга страна, Њукасл е подготвен да испрати богата финансиска понуда за да го убеди Дембеле да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.


Бекер: Не може да замислам Ѓоковиќ да не настапи на Австралија Опен

Шесткратниот Грен слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ја коментираше можноста Србинот да не оди на Австралија опен поради неговиот став за вакцинацијата против коронавирус.

„Не можам да замислам да го пропушти турнирот во Австралија. Премногу го сака спортот, премногу ја сака тениската историја. Тој сака да го освои својот 21. Грен слем, а Австралија опен е неговиот најдобар турнир од четири најголеми во светот. Го има освоено веќе девет пати, зошто да не го освои и 10-тиот? Тој вели дека вакцините се лична работа. И јас го поддржувам. Но, ако сака да игра на турнејата, мора да ги следи правилата“, изјави Бекер.

Настапот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на претстојниот грен-слем турнир Австралија опен сè уште е неизвесен.

Ѓоковиќ речиси деценија ипол е владетел во Мелбурн, на кој за прв пат триумфираше во 2008 година, а вкупно го има освоено девет пати.

Организаторите на турнирот, закажан од 17 до 30 јануари следната година, снимија два промотивни видеоматеријали во кои српскиот тенисер го нема.

Сите тенисери, кои ќе настапат во Мелбурн, мораат да бидат вакцинирани против коронавирус, а Ѓоковиќ за цело време на пандемијата беше еден од најжестоките критичари околу вакцинирањето на тенисерите.


Чави го сака Феран Торес во Барселона

Барселона посакува одредени засилувања во својот тим во јануарскиот преоден рок, а една од големите желби е Феран Торес од Манчестер Сити, 21 годишниот фудбалер кој има активен договор со англискиот првак до 2025 година.

„Марка“ извести дека агентот на Торес веќе бил во канцелариите на Барселона претходниот четврток за да разговара за потенцијалниот трансфер, со тоа што директорот на Каталонците, Метју Алемани оваа седмица треба да отпатува за Манчестер.

Се верува дека постои одреден договор помеѓу Барселона и самиот фудбалер, меѓутоа, обата клуба засега немаат постигнато никаков договор.


Антонио Конте планира ремонт во Тотенхем

Новиот тренер на премиерлигашот Тотенхем, Антонио Конте, после срамниот пораз од словенскиот тим Мура, во рамките на Лигата на Конференции, изјави дека ја видел правата ситуација на тимот.

„После оваа средба вистински ја увидов состојбата на мојот тим. Ние сме далеку од нивото на најдобрите екипи“, порача Конте.

Медиумите во Англија пренесуваат информации дека Тотенхем ќе мора во зимскиот период да се засили со неколку нови фудбалери, но во исто време италијанскиот тренер планира да му се заблагодари на неколку играчи кои би заминале од клубот. 

Некои од имињата кои се споменуваат како сигурни за напуштање на Тотенхем се Деле Али, Дохерти, Санчез и Хари Винкс.


Александар Митровиќ е трансфер цел на Јувентус

Репрезентативецот на Србија, Александар Митровиќ, кој игра во одлична форма оваа сезона предизвика заинтересираност кај челниците од Јувентус. 

Според информациите ако клубот од Торино не успее да го доведе Душан Влаховиќ од Фирентина кој е нивна примарна цел, тогаш ќе се обидат да направат обид за купување на неговиот сонародник Александар Митровиќ.

Фудбалерот кој настапува во англискиот Чемпионшип за тимот на Фулам, оваа сезона има постигнато 21 гола на 18 натпревари и неговата цена на фудбалскиот пазар се проценува на 18 милони евра.


Несторовски: Македонија не е без шанси против Италија

Македонија доби тешка ждрепка во баражот за Мундијалот во Катар.

Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде напаѓачот Илија Несторовски.

Несторовски подолго време не е со репрезентацијата, од повредата пред Европското првенство. Сега Нестор се врати на теренот и на тренинзите во Удинезе. Долго време Несторовски игра во Италија и сигурно дека ги познава квалитетите на оваа репрезентација.

„Тежок пат за пласман на Светското првенство затоа што ќе играме против европскиот шампион, а потоа и против Португалија, но нема предавање предвреме во фудбалот се е возможно. Против Италија одигравме два одлични натпревари и сум убден дека Македонија има шанси за победа во тој натпревар“, ни изјави Несторовски.


Јувентус под истрага од финансиската полиција

Италијанските медиуми пренесуваат дека финансиската полиција влегла во канцелариите на фудбалскиот клуб Јувентус и врши истрага за можна проневера на 50 милиони евра.

Според информациите, предмет на акцијата се документи поврзани со финансиските извештаи на клубот и трансферите на играчи за периодот од 2019 до 2021.

Италијанското обвинителство покренала истрага за шест лица од клубот меѓу кои се и претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи кој сега работи во англискиот Тотенхем.

https://twitter.com/VinesFoot/status/1464385748929585157?s=20



Манчестер Јунајтед подготвува нов договор за Давид Де Хеа

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа најверојатно ќе добие понуда за нов договор од Манчестер Јунајтед. Неговите одлични голмански партии оваа сезона се едни од светлите страни во играта на тимот од Олд Трафорд. 

31-годишниот Шпанец, веќе 10 години го брани голот на Јунајтед, но од клубот се со мислење дека тој може да понуди уште многу за вкупната стабилност на тимот.

Актуелниот договор на Де Хеа е со важност до 2023 година, но раководството на Манчестер Јунајтед планира да го награди голманот со нов договор и да го задржи во своите редови што е можно подолго.


Милевски: Италија е фаворит, но и Македонија не е без шанси

Репрезентацијата на Македонија при ждрепката за полуфиналниот бараж го извлече можеби најсилниот можен противник, актуелниот европски првак, Италија.

Селекторот Милевски веднаш по дознавањето на противникот признава дека Италија е апсолутен фаворит но и дека нашата репрезентација има квалитет со кој може да му се спротивстави на било кој тим.

„Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме“.

Бараж натпреварот против Италија е закажан за 24. март во 20:45 часот на гостински терен.