feature

Бока тргнува по потписот на Пауло Дибала

FROSINONE, ITALY – AUGUST 16: Paulo Dybala of Roma looks during the pre-season friendly match between Roma and Neom at Stadio Benito Stirpe on August 16, 2025 in Frosinone, Italy. (Photo by Image Photo Agency/Getty Images)

Во фудбалските кругови во Аргентина се појави вест за трансфер на аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала во екипата на Бока Јуниорс. Прв реагираше директорот на клубот и потенцијалниот трансфер го опиша како сложена мешавина на „сон и вистина“.

Тој потенцираше дека клубот од Буенос Аирес е подготвен да вложи напор за да го обезбеди потписот на фудбалерот. Потенцијален трансфер е можен и Дибала Рим да го замени со Буенос Аирес.

Фудбалерот има уште шест месеци од актуелниот договор со Рома што значи дека од јануари може да преговара со други екипи, кои би го донеле без обесштетување на крајот од сезоната.


Рафа Маркез ќе ја преземе мексиканската репрезентација по Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.

Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.

„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.

Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.


Германија и Норвешка ќе играат за светската титула во женски ракомет

Женските ракометни репрезентации на Германија и Норвешка ќе се борат за титулата на Светското првенство. Германија, во полуфиналето, славеше против бранителките на титулата, репрезентативките на Франција, а Норвешка демонстрираше сила и против Холандија.

Германија по 18 години обезбеди медал на големите натпреварувања. Домаќинките на Мундијалот блескаа против Франција, славеа победа 29-23.

Антје Дол со девет, Емили Фогел со пет, Виола Летер и Аника Лот со по четири гола, односно голманката Катарина Филтер ја предводеа Германија.

Во редовите на Франција се истакнаа, Лена Грандво и Сара Букит постигнаа по пет гола.

Норвашка во второто полуфинале ја победи Холандија со 35-25. Норвежанките до мечот за титулата дојде на супериорен начин. Во текот на турнирот само Црна Гора ја победија со помалку од 10 гола.

Најефикасни во редовите на Норвешка беа Хена Рајстад со 10, Нора Мерк со пет, Тале Деила, Марен Ниланд и Аникен Вилик со по три гола. Холандија ја предводеа Дионе Хушер и Еставана Полман постигнаа по шест.

Финалето е на програмата в недела.


Артета негира заминување на Габриел Жесус оваа зима

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги негираше гласините за можна продажба на напаѓачот на тимот, Габриел Жесус.

„Не ја разгледувам таа опција, особено со оглед на моменталната ситуација. Мислам дека Габриел има многу да му понуди на тимот, а тој го докажа тоа од моментот кога излезе на теренот. Жесус работеше неверојатно напорно за да се врати на оваа позиција, а сега главната работа е да биде со нас. Ги знаеме неговите квалитети; тој е полн со енергија, исто како што беше минатата сезона“, рече Артета.

Претходно, во медиумите се појавија информации за потенцијалното заминување на фудбалерот од лондонскиот клуб оваа зима. Беше објавено дека Жесус би можел да се врати во Бразил.


Федерер се враќа во Мелбурн

Првиот Грен слем во сезоната ќе добие нов и исклучително атрактивен вовед. Австралија опен официјално најави дека на 17 јануари ќе се одржи првата свечена Церемонија на отворање во историјата на турнирот – вечер пред стартот на главниот жреб.

Организаторите истакнуваат дека новиот настан ќе претставува „прослава на најголемите шампиони во тенисот, навивачките заедници кои ги инспирирале и наследството што тие и понатаму го градат“. Во центарот на вниманието ќе биде човекот кој остави неизбришлива трага во Мелбурн – Роџер Федерер, шесткратен победник на Австралија опен.

Легендарниот Швајцарец, кој минатите години ја заврши својата неверојатна кариера, конечно ќе добие можност да се прости од својата многубројна австралиска публика. Федерер ќе настапи на специјален егзибициски меч под назив „Битка на светските број 1“, заедно со неколку други тениски икони Андре Агаси, Патрик Рафер и Лејтон Хјуит, сите поранешни лидери на АТП листата и вистински симболи за различни етапи од модерниот тенис.

Главниот турнир започнува на 18 јануари, а титулите ќе ги бранат Јаник Синер кај мажите и Медисон Кис кај дамите.


Тенисерската Коко Гоф е најскапоплатена спортистка во светот

Американската тенисерка Коко Гоф стана вистинска ѕвезда во сезоната зад нас, а нејзината репутација ја потврдува и фактот дека стана најплатена спортистка годинава.

Таа заработи околу 26,6 милиони евра, но дури ни оваа бројка не е доволна за да ги засени приходите на легендарниот Кристијано Роналдо.

Американката заработи навистина голема сума пари, но тоа е деветти дел од она што Роналдо ќе го заработи во 2025 година. Според „Форбс“, португалскиот фубалер инкасирал 240 милиони евра, што го прави најплатен машки спортист во светот по којзнае кој пат. Поточно, Роналдо заврши на врвот на листата по шести пат.

Кога станува збор за Коко Гоф, таа заработи осум милиони евра на теренот, а оваа сезона го освои Ролан Гарос, каде што ја победи Арина Сабаленко во финалето. Гоф го собрала остатокот од парите преку спонзорски договори и други активности надвор од теренот, а најважно е профитабилниот договор со спортска опрема „Њу баланс“.

Арина Сабаленка е на второто место, а на листата на најплатени спортистки има дури 10 тенисерки. На листата се најдоа и скијачката во слободен стил Ајлин Гу (Кина), кошаркарката Кејтлин Кларк (САД), голферката Нели Корда (САД), гимнастичарката Симон Бајлс (САД) и уште една голферка Џино Титикул (Тајланд).


Заврши првиот дел од сезоната во ВМФЛ, Детонит Плачковица го надигра Скопје

Со натпреварот Детонит Плачковица – Скопје се затвори првиот дел од сезоната во Втората македонска лига. Тимот од Радовиш славеше со 1-0, а победничкиот погодок беше постигнат уште во 14. минута и е дело на Иван Галевски.

И пред одигрувањето на овој меч беше јасно дека по 15 рунди, “есенската” титула ќе ја освои Охрид Лихнидос кој со 36 бода се наоѓа на лидерското место пред Шкендија Арачиново со 35 и Брегалница Штип со 33.

Во трката за освојување на првото место кое единствено води директно во елитното фудбалско друштво е Беласица која е четврта со 31 бод, а потоа следува петтопласираниот Скопје со 29 бода.

На половина од шампионатот водечки на листата на стрелци се Виктор Ангелов од Скопје и Иван Глигоров од Охрид Лихнидос со по 12 гола, еден помалку постигна Андреј Симевски од Каменица Сада додека десет пати прецизен беше Бојан Спиркоски од Беласица.

За потсетување, директен пласман во Првата фудбалска лига обезбедува само освојувачот на првата позиција додека второ и трето пласираните ќе играат бараж со освојувачите на осмото и деветтото место во елитното фудбалско друштво.

Идентично како и Првата, така и Втората лига од следната сезона ќе се намали на 10 екипи.

Во второлигашката конкуренција натпреварите продолжуваат на 21 февруари следната година.


Големо враќање на Линдзи Вон: Победа во спуст на 41 гоина

Американската 41-годишна скијачка Линдзи Вон испиша денес историја во Светскиот куп во алпско скијање, откако со триумфот на спустот во швајцарскиот центар Сент Мориц стана највозрасната победничка во натпреварувањето.

Вон го собори апсолутниот рекорд, надминувајќи ги достигнувањата на Италијанката Федерика Брињоне, која победи на супервелеслаломот во Ла Туил во март оваа година на 34-годишна возраст и на легендарниот Швајцарец Дидие Куше, кој беше на 37-годишна возраст кога ја забележи својата последна победа во Светскиот куп, во супервелеслаломот во Кран Монтана во 2012 година.

Вон до својот прв триумф во Светскиот куп по повеќе од седум и пол години дојде со време од 1:29:63 минути, забележувајќи ја 83. победа во кариерата, а 44. во спуст.


Баерн се вклучи во трката по капитенот на Кристал Палас

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен се подготвува да се вклучи во трката за потписот на еден од најдобрите централни бекови во Премиер лигата, Марк Геи, јавија денеска германските медиуми.

Дваесетипетгодишниот Геи нема намера да го продолжи договорот со лондонски Кристал Палас, кој истекува во јуни следната година што значи дека ќе може да се пресели во нов клуб без обесштетување.

Според трансфер правилата, Геи може да преговара со потенцијален нов клуб од 1 јануари, а германските медиуми тврдат дека спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, планира идниот месец да разговара со англискиот репрезентативец.

Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид, исто така, се заинтересирани за Геи, кој дојде во Кристал Палас во летото 2021 година од Челзи во трансфер вреден 23 милиони евра.


Футсалците ги добија противниците за мундијалските квалификации

Македонската футсал репрезентација денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги доби своите противници во прелиминарната рунда од квалификациите за Светското првенство во 2028 година.

Жрепката во Нион одлучи дека македонската репрезентација ќе биде во групата Ц, заедно со Литванија, Турција и Бугарија.

Квалификацискиот турнир ќе се одржи од 6 до 15 април идната година, а домаќин ќе биде Литванија.

Двете најдобро пласирани репрезентации од секоја од шесте прелиминарни групи ќе се пласираат во главната квалификациска фаза.

Состав на групите

Група А: Данска, Андора, Малта, Шкотска

Група Б: Шведска, Англија, Швајцарија, Северна Ирска

Група Ц: Македонија, Литванија, Турција, Бугарија

Група Д: Косово, Црна Гора, Австрија, Гибралтар

Група Е: Латвија, Албанија, Кипар, Сан Марино

Група Ф: Грција, Норвешка, Израел, Естонија.