feature

Марченко: Останатите тенисери се плашат да го поддржат Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ја чека разврската по новото укинување на визата од Министерот за емиграција на Австралија. Случајот сега е префрлен во Сојузниот суд на Австралија, а Ѓоковиќ вечерва од 22 часот по средноевропско време, сабота наутро по локално време во Мелбурн, ќе оди да дава исказ пред имиграционите власти.

Мислењата се поделени за случајот во светот на тенисот, а украинскиот тенисер Илја Марченко, вели дека другите тенисери се плашат да го поддржат Ѓоковиќ.

„Правилата се исти за сите, а потоа губат на сопствениот суд. Тука не запираат, па наоаѓаат причина за повторно да му ја поништат визата. Како да зборуваме за исти правила за сите? Заборавив, наскоро се ближат избори во Австралија. Држи се, Новак. Останатите тенисери се во страв да не им ја укинат визата, па затоа не го поддржуваат Ѓоковиќ“, кажа Марченко.


Депај ја менува Барселона за Јувентус

Холандскиот напаѓач во редовите на Барселона, Мемфис Депај, би можел да го напушти клубот овој месец и да премине во Јувентус.

Според информациите од Торино, тренерот на „црно-белите“ Алегри, веќе побарал од раководството да му обезбеди замена за повредениот Федерико Киеза кој најверојатно ќе ја пропушти целата сезона.

27-годишниот Депај пристигна во Барселона како слободен играч од Лион и на почетокот од својот престој на „Камп Ноу“ прикажуваше одлични партии, меѓутоа после повредата која го оддалечи од теренот тој го загуби статусот на првотимец во тимот на тренерот Чави.


Интер ќе се обиде да го ангажира Дибала како слободен играч

Италијанскиот шампион Интер ќе се обиде да го доведе Пауло Дибала како слободен играч во текот на летото, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Дибала со „старата дама“ истекува на крајот од тековната сезона, а неговите преговори за продолжување на истиот се во застој откако двете страни не можат да се договорат за висината на неговата плата. Дибала сака годишна плата од 10 милиони евра, а Јуве не е подготвен да му понуди повеќе од неговата сегашна плата која изнесува 7,3 милиони евра.

28-годишниот Аргентинец од почетокот на сезоната, за Јуве на 20 натпревари има 9 гола и 4 асистенции. Во црно-белиот дрес е од 2015 година кога пристигна од Палермо за 41 милион евра.


Халанд: Ќе мора што побрзо да донесам одлука за мојата иднина

Норвешкиот напаѓач во дресот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, беше стрелец на два гола во победата над Фрајбург со 5:1 во рамките на Бундеслигата.

Халанд после завршетокот на средбата на средба со новинарите изјави дека чувствува голем притисок од челниците на Борусија за да се изјасни каде ќе ја продолжи својата кариера.

„Долго време од почит кон клубот овие изминати месеци не сакав да дискутирам за мојата иднина. Но сепак клубот започна со притисок кон мене за што побрзо да се изјаснам во врска со тоа прашање и да донесам одлука. Тоа значи дека за многу скоро време јас ќе кажам во кој клуб планирам да ја продолжам кариерата“, изјави Халанд.


Македонската репрезентација казнета од ЕХФ со 2.000 евра

Македонската репрезентација е парично казнета од Европската ракометна федерација во висина од 2 илјади евра, после првиот одигран натпревар од првенството.

На сличен начин како и во минатото, нашите репрезентативци се казнети поради тоа што на дуелот со Словенија, играчите не носеле исти чорапи како дел од спортската опрема.

Останува да видиме дали репрезентативците ќе ја повторат истата грешка со спортската опрема и на останатите дуели.


Нани повторно ќе заигра во Европа

Поранешниот член на Манчестер Јунајтед, Португалецот Нани стана нов играч на италијанскиот клуб Венеција и повторно ќе заигра на европско тло.

35-годишниот поранешен португалски репрезентативец, последниве три сезони настапување во американската МЛС лига за тимот на Орландо.

Претходно тој беше една од најголемите ѕвезди на Манчестер Јунајтед каде играше од 2007 до 2015 година и успеа да освои една титула во ЛШ и 4 титули во Премиер лигата.

Тимот на Венеција оваа сезона се бори за опстанок во Серија А и сигурно дека искуството на Нани ќе помогне во оставрување на нивната цел.


Роналдо најави дека ќе игра фудбал до 42 години

Кристијано Роналдо откри дека планора да игра фудбал до 42-годишна возраст.

Португалецот следниот месец ќе наполни 37 години, но изгледа дека не ни размислува за заминување од професионалниот фудбал.

„Среќен сум, сакам да продолжам да играм и да бидам дел од фудбалот. Ако можам да играм кога ќе имам 40 години, ќе можам и на 41, 42 … Но, најважно е да уживам во сегашниот момент. Од физички аспект гледано, нема да речам дека се чувствувам како да имам 25, сепак, да не претеруваме. Но се чувствува како да имам 30 години. Водам сметка за своето тело и својот дух“, додаде Португалецот.


Париз Сен Жермен со нова понуда до Мбапе

Челниците на ПСЖ не губат надеж и веруваат дека ќе успеат да потпишат нов договор со Килијан Мбапе. 

Раководството на клубот од Париз наводно започнало преговори со 23-годишниот фудбалер за краткорочно продолжување на договорот, пренесуваат француските медиуми. Како адут за негово останување се претставува и можното доаѓање на легендарниот Зинедин Зидан на тренерското место во тимот и неговото влијание врз младот напаѓач.

 Договорот на Французинот со ПСЖ истекува ова лето. Се смета дека Реал Мадрид е неговиот следен клуб, но тој постојано изјавува дека се уште не донел конечна одлука и сега е фокусиран на игрите во остатокот од сезоната.


Џенова го отпушти тренерот Шевченко

Италијанскиот калчолигаш Џенова се раздели со Андриј Шевченко по серијата лоши резултати на клубот.

Украинската легенда беше назначен за тренер на Џенова во ноември 2021, но од неговото доаѓање, екипата не успеа да забележи ниту една победа. Тој успеа да освои само три бода на девет натпревари во Серија А.

Џенова остана на претпоследното место од табелата, на кое беше и пред доаѓањето на Шевченко во клубот.


Повторно неизвесен нов договор на Салах со Ливерпул

Англискиот весник Телеграф пренесува дека сопствениците на Ливерпул не планираат да ги исполнат високите финансиски барања на својата ѕвезда Мохамед Салах за негов потпис на нов договор.

Според пишувањата во медиумот, агентите на Салах не отстапуваат од пониска неделна плата со износ од 400 илјади фунти, а од раководството на Ливерпул немаат намера да трошат толкав износ за плата на само еден играч во овие тешки финансиски моменти и затоа е можно одложување на преговорите.

Ако се случи ова сценарио и не дојде до договор помеѓу двете страни тогаш е огромна можноста Салах да го напушти клубот ова лето и да се пресели во некој друг европски гигант.