feature

Историски подвиг: Двајца Руси меѓу петмината најдобри на АТП листата

Данил Медведев и Андреј Рубљев ја завршија тениската сезона 2021 во Топ 5 на рангирањето АТП. Медведев годината ја заврши како втор рекет во светот, а Рублев – петти.

По вторпат во историјата двајца играчи од Русија завршија во Топ 5. Првпат такво нешто се случи на крајот на 2000 година, кога Марат Сафин беше втор, а Евгениј Кафелников петти.


Регистрирај се и добиј ваучер!

Веќе е познато дека сите членови и корисници на Евротип клуб картичката добиваат бројни привилегии, а сега тоа можат да го добијат и сите оние кои досега можеби и не знаеле за истите, но ќе се одлучат да станат дел од Евротип клубот.

Од 17 Ноември па до 24 Ноември, Евротип за своите верни играчи во Гостивар започна промоција со која доколку станете дел и добиете нова Евротип клуб картичка, добивате и вредносен ваучер кој можете да го искористите во било која обложувалница на Евротип!

Но, нивните изненадувања не застануваат тука, утре со почеток од 19:00 часот бидете дел од организираното гледање на натпревар во уплатната локација Малеарди.

Покрај тоа, ќе имате можност и да ги искористите големиот број на предности кои ги имаат членовите на Евротип клуб, како што е бонусот кој може да достигне висина од неверојатни 467%, како и опцијата „Cashout“, со која можете да извршите предвремена исплата на Вашиот тикет и најново е тоа што може да побарате „Cashout“ од било кој  уред во било кое време од денот!

Не размислувајте, станете дел од Евротип клубот уште денес и искористете ги можностите кои Ви ги нуди! www.evrotip.mk


Јуве го продава Артур во зимскиот преоден рок

Артур Мело не успеа да се вклопи во италијанското првенство и се очекува да го напушти Јувентус во јануарскиот преоден рок. Според информациите, тој сака да се врати во Ла Лига, каде повеќе му одговара стилот на игра.

Бразилскиот играч за врска не е дел од плановите на Алегри и веќе разговарал со својот агент да му бара клуб во Шпанија, каде би продолжил со кариерата. Се зборува дека за него е заинтересирана  Севиља, бидејќи Јулен Лопетеги има симпатии кон него.

Јувентус го проценува на околу 35 милиони евра, сума која Севиља сигурно нема намера да ја плати за Артур оваа зима. Тоа значи дека трансферот може да се реализира дури на лето.


Јунајтед ќе именува нов капитен. Мегваер ја загуби траката

Хари Мегваер нема повеќе да биде капитен на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

„Црвените ѓаволи“ поминуваат низ голема резултатска криза и после поразот од Ватфорд (4-1) решија да му врачат отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер.

Најскапиот дефанзивец на светот игра очајно оваа сезона и е еден од најголемите виновници за слабите резултати. Чашата ја прели фактот дека Мегваер после дебаклот од Ватфорд бил на забава, а го издаде една фотографија на негов пријател, со кој се сликал.

Ова челниците на Јунајтед не му го простиле, па така сега се најавува дека каптенската лента ќе оди кај Кристијано Роналдо, дека тој со својот авторитет ќе мора да го подигне тимот.


За Шевченко, опстанокот на Џенова во Серија А ќе биде како освојување на Лигата на шампиони

Андриј Шевченко кој дебитираше на клупата на Џенова со пораз од Рома со 0:2, после натпреварот изјави дека опстанокот на Џенова во Серија А ќе биде еднакво на освојувањето на Лигата на шампиони.

„Имаме доста проблеми со повредени играчи. Против Рома прикажавме карактер, држевме добро темпо но немавме сили за повеќе од тоа. Битно е тоа што играчите го дадоа својот максимум на теренот. Благодарам за одличниот прием од навивачите на стадионот и нивната поддршка кон тимот. До крајот на првенството имаме тешки натпревари и доколку останеме во Серија А тоа ќе биде успех како освојување на ЛШ“, рече Шевченко.


Леброн Џејмс со крвнички старт, избегнат сериозен инцидент

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс го совлада тимот на Детроит Пистонс со 121:116 и ја прекина серијата од три порази по ред во НБА лигата. На натпреварот за малку беше избегнат голем инцидент откако во третата четвртина најдобриот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс, при еден скок под обрачот, со лакт го раскрвави лицето на противничкиот играч Ајзеа Стјуарт.

По фаулот на Џејмс, Стјуарт се обиде физички да се пресмета со него но беше спречен од голем број соиграчи и обезбедувањето на паркетот. По ова двајцата играчи заработија исклучување од натпреварот.



Емотивно збогување на Солскјер со Манчестер Јунајтед

После поминати три години како тренер на тимот од „Олд Трафорд“, Оле Гунар Солскјер беше разрешен од функцијата и го напушти клубот.

Пред неговото заминување од Манчестер, норвешкиот стратег преку интервју им се обрати на фановите и даде емотивни пораки за неговото време поминато на клупата на „црвените ѓаволи“.

„Чест ми е што ја добив довербата да го однесам клубот напред и се надевам дека го оставам во подобра состојба отколку кога дојдов. Создадов одлични пријателства, а навивачите беа одлични, од првиот ден во Кардиф до последниот. Знаете колку овој клуб ми значи и што сакав да постигнам тука. Сакав да направам чекор напред во трката за титулата, сакав да освојуваме трофеи. Жалам што не успеав и затоа сега е време да си заминам. Уживав од првата до последната минута тука. Благодарам на раководството кое ми даде шанса и на навивачите кои ми даваа поддршка“, изјави Солсјкер на неговото последно интервју на ТВ каналот на Манчестер Јунајтед.



Њукасл ќе понуди огромна сума за Душан Влаховиќ

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија откако го презеде Њукасл сега е спремен да вложи голема сума за реконструкција на тимот.

Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а така нема да го загрози финансискиот фер-плеј (ФФП).

Прва мета е Душан Влаховиќ, кој блеска во дресот на Фиорентина и за чиј потпис се борат голем број на европски гиганти. 21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А, но јасно е дека ќе ја напушти Фиорентина откако одби да го продолжи договорот.

Многу европски клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, но Њукасл сака да ја победи конкуренцијата и спремил понуда од 83 милиони евра.

Притоа, Њукасл му нуди на Србинот двојно поголема плата од таа што му ја нудат Јувентус и Тотенхем во моментов.


РБ Лајпциг ќе игра во ЛШ пред празни трибини заради ескалација на корона-кризата

Соочена со ескалација на бројот заразени со коронавирус, германската сојузна покраина Саксонија забрани присуство на навивачи на спортските терени до 12 декември, како дел од широк спектар на претпазливи мерки.

Саксонија во германски рамки е на дното според процентот на вакцинација на локалното население со приближно 60 отсто вакцинирани, а во оваа покраина инциденцијата на коронавирус во моментов е највисока со 584 случаи на 100.000 жители во последните седум денови.

Поради новите ограничувања, бундеслигашот Лајпциг следните два првенствени натпревари, против Леверкузен и Менхенгладбах, ќе ги игра без поддршка на своите навивачи, а зад затворени врати ќе го пречека и Манчестер сити во клучниот натпревар во Лигата на шампиони на 7 декември.

Раководството на Лајпциг остро ја критикуваше локалната извршна власт поради тоа што дозволила ескалација на состојбата со коронавирусот.

„Највисокото ниво на зараза споредено со сите други германски покраини и најнискиот процент на вакцинација, покажуваат дека власта во Саксонија досега не беше во состојба да осмисли добар план за спречување на пандемијата“, соопшти бундеслигашот од Лајпциг.


Бајиќ го скрати списокот за дуелите со Шпанија и Украина

Селекторот на машка сениорска кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Пред првиот натпревар од квалификациите закажан за 26. ноември во Скопје, кога ја пречекуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за список од 15 кошаркари.

Првиот собир на нашиот сениорски национален тима е предвиден да биде вечерва, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје.

СПИСОК НА ИГРАЧИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Бојан Крстевски силно крило 206 1989 МЗТ Скопје Аеродром

Кристијан Николов бек 187 1996 МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев бек-шутер 193 1997 МЗТ Скопје Аеродром

Адем Мекиќ бек-крило 195 1995 МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски бек-шутер 198 1987 МЗТ Скопје Аеродром

Бобан Стајиќ бек 185 1993 Пелистер

Стојан Ѓуроски крило 202 1991 Пелистер

Љубомир Младеновски силно крило 207 1995 Пелистер

Виктор Ефремовски бек-шутер 194 1998 Гостивар

Андреј Маслинко крило 208 1997 ТФТ

Кирил Николовски силно крило 210 1988 Кожув

Лејсон Зекири крило 203 2001 Приштина-Косово

Андреј Магдевски бек 192 1996 АСУ Плоешти-Романија

Теодор Симиќ центар 216 2004 Барселона-Шпанија

Џејкоб Вајли силно крило 203 1994 Будуќност-Црна Гора