feature

Варан одушевен од доаѓањето на Роналдо

Кристијано Роналдо се одлучи да се врати во Манчестер Јунајтед  и да му помогне на клубот да се врати на победнички патеки.

Сите навивачи, управата, јавноста едноставно очекува Португалецот да донесе дух, менталитет кој едноставно во моментов му е повеќе од потребен на Јунајтед кој веќе подолго период се мачи или поконретно од заминувањето на легендарниот стратег сер Алекс Фергусон.

Рафаел Варан е едно од засилувањата за Јунајтед, играч кој многу добро го познава Кристијано, па од свој агол објасни што всушност ќе му донесе на клубот од Манчестер.

„Мислам дека тој е најдобриот пример во светот во однос на работната етика и победничкиот менталитет. Играјќи со овој тип на играчи, се подобрувате секој ден. Ако тој се уште игра на толку високо ниво на негова возраст, тоа е затоа што неговата работа е неверојатна. Многу сум среќен што играм со него,“ рече Французинот.


Засилени анти-ковид мерки на ЗОИ во Пекинг

Остри антиковид мерки и помош за вакцинирање на спортистите, кои ќе настапат на Зимските олимписки игри идната година во Пекинг, најави денеска претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах.

Првиот човек на олимпиското движење испрати писмо до членовите на МОК, националните олимписки комитети, челниците на меѓународните спортски федерации и до самите спортисти.

Првите одложени Олимписки игри во историјата можевме да ги реализираме со единствена и силна поддршка на сите во нашата олимписка заедница, наведе Бах.

Со наближување на зимата, нашиот фокус во целост е насочен кон подготовките за Зимските олимписки игри во Пекинг 2022. Иако пандемијата е сè уште далеку од својот крај, би сакал да ве поттикнам заедно со нашите кинески партнери и пријатели да не се штедиме во напорите. Исто како што тоа го направивме во Токио, ригорозно ќе ги поставиме против пандемиските мерки, со цел да се обезбеди во Пекинг здравје и безбедност за сите олимписки учесници“, порача претседателот на МОК.


Раиола најави промена на клубовите на Ромањоли и Де Лихт

Mино Раиола имаше интервју за „Раи Спорт“ во кое зборуваше за иднината на неколку свои клиенти.

Ромањоли влезе во својата последна година од договорот со Милан, а засега двете страни не успеваат да пронајдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Според изјавата на Раиола тој лесно може да заврши Јувентус и да игра заедно со Де Лихт кој исто така е негов клиент. Сепак, Раиола потенцираше дека постои можност и Де Лихт да си замине од Јувентус.

„Ромањоли и Де Лихт се помеѓу најдобрите дефанзивци во Европа. Договорот на Ромањоли истекува следната година и тие можеле да играат заедно во Јувентус. Но, да кажам дека и Де Лихт може да си замине од Јувентус на крајот на оваа сезона. Трансфер пазарот е непредвлив, а него многу клубови сакаат да го ангажираат“, изјави Раиола.


Манчестер Јунајтед и Јувентус пријавија големи загуби во годината на пандемија

Англискиот Манчестер Јунјатед и италијанскиот Јувентус, сегашниот и донеодамнешниот клуб на португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо, објавија денеска значителни финансиски загуби за минатата 2020/21 сезона.

Англискиот фудбалски гигант соопшти дека минатата сезона работел со загуба од 92.2 милиони фунти, што е речиси четири пати повеќе од минусот во сезоната 2019/20, кој изнесуваше 23.2 милиони фунти.

Од друга страна, Јувентус пријави загуба од дури 209.9 милиони евра за сезоната 2020/21, двојно повеќе споредено со една сезона претходно.

Двата клуба објавија дека големите финансиски загуби се должат на пандемијата на коронавирус.

Јувентус веќе најави дека и во тековната сезона ќе заврши со минус, додека на „Олд Трафорд“ со оптимизам гледаат во иднината, бидејќи од самиот почеток на сезоната во Премиер лигата своите домашни натпревари ги играат пред полни трибини.



Чудесен рекорд на Ињаки Вилијамс: 200 натпревари по ред во Примера без пауза

На натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, напаѓачот на тимот од Билбао, Ињаки Вилијамс влезе во почетниот состав на гостите, со што пва му беше 200-тоти последователен натпревар во дресот на Атлетик во рамките на Примера.

Ињаки Вилијамс не пропушти ниту еден натпревар за својот тим од април 2016 година. Натпреварот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао заврши нерешено со резултат 0-0. Во тековната сезона на Ла Лига, Вилијамс одигра пет натпревари и постигна два гола.

По пет одиграни кола, Атлетик Билбао се наоѓа на петтото место на табелата во шпанската лига со 9 бодови. Во шестото коло од шампионатот, Баскијците ќе бидат домаќини на Рајо Ваљекано, а средбата се игра на 21 септември.


Рио Фердинанд критичен кон Роналдо: Не смее да се однесува како тренер

Гестикулациите на Кристијано Роналдо во финишот на мечот со Јанг Бојс во Лигата на шампионите кога практично ја презеде улогата на тренер го изнервирале, легендардниот Рио Фердинанд.

„Да сум тренер, би му рекол веднаш да седне. Тој е страстен, очајно сака да победи и не може да се воздржи. Мислам дека таа постапка не е во ред“, вели Фердинанд.

„Црвените ѓаволи“ го загубија првиот меч во Лигата на шампионите на теренот на Швајцарците со 2-1, иако Роналдо прв го отвори резултатот.


Повредата е минато, Ансу Фати се враќа на терените

Ансу Фати е блиску до враќање на теренот по повредата на коленото, пренесуваат медиумите во Каталонија.

Според изворот, фудбалерот тренира со нормално темпо веќе неколку дена. Најверојатниот датум за настап на Ансу Фати на теренот е 26 септември, кога Барселона ќе го пречека Леванте како дел од петтото коло на Примера.

Да потсетиме, Фати доби тешка повреда на коленото во ноември 2020 година на натпреварот со Бетис. Првично, се претпоставуваше дека неговото враќање ќе се случи за четири месеци. Сепак, поради проблеми со коленото, тој го пропушти остатокот од сезоната, а исто така не беше во можност да настапи на Евро 2020. Фати се приклучи на главниот тим на Барселона во 2019 година. Од 2020 година, напаѓачот е дел од шпанската репрезентација.


Игор Тудор претставен како тренер на Верона

Вчера Игор Тудор беше претставен како нов тренер на Верона. После три кола Верона се уште е без победа, а Тудор на клупата ќе дебитира в недела кога Верона ќе игра против Рома.

На клупата на Верона Тудор го наследи Еусебио Ди Франческо. Минатата сезона овој клуб беше предводен од Јуриќ и играше одлично, дури се вмеша и во борбата за место во Европа. Јуриќ по завршувањето на сезоната премина во Торино.

Од друга страна Тудор минатата сезона беше помошник на Андреа Пирло кој доби отказ на крајот од сезоната.

На претставувањето во Верона истакна дека Јувентус бил убаво искуство за него.


Јуве загуби преку 100 милиони евра минатата сезона

Јувентус објави дека запишал загуби од 109.9 милиони евра за минатата сезона.

Раководството на „старата дама“ објави дека загубите минатата сезона биле значително поголеми од тие претходно поради пандемијата со корона ворусот.

„Загубите доаѓаат како последица од ефектот на пандемијата врз продажбата на билети, продукти како и пониски приходи од правата на фудбалерите“, објаснија „бјанконерите“.

Јувентус ќе ги покрие загубите со пари од акционерите, што значи дека вредноста на акцијата на клубот значително ќе падне.


Јапонецот Хонда потпиша во првакот на Литванија

Кеисуке Хонда нема намера да ја заврши кариерата, па продолжува неговото „шетање“ по разни клубови.

Сега поранешниот јапонски репрезентативец ќе игра во Литванија со лидерот во првенството, Судува. Јапонецот беше без клуб од 12. февруари кога го напушти португалскиот Портимоненсе.

Претходно имаше епизоди во Нефтчи Баку, Витесе, Мелбурн Виктори, Пачука…Најдобрите денови Хонда ги помина во ЦСКА Москва каде што играше најдобар фудбал. Во кариерата имаше прилика да го носи и дресот на Милан.