feature

Баерн Минхен заинтересиран за Пулишиќ од Челзи

23-годишниот крилен напаѓач на Челзи, наскоро би можел да го напушти клубот од Лондон.

Интерес за неговиот потпис покажува Баерн Минхен. Тренерот Нагелсман е голем фан на Американецот, за кого мисли дека би бил големо засилување за тимот.

Пулишиќ го загуби местото на првотимец во екипата предводена од Томас Тухел, и е спремен да го напушти „Стенфорд Бриџ“ за да се врати во Бундеслигата. Останува да се види разврската откако Челзи ќе добие нов сопственик.


Договорот на повидок, Халанд се сели во Манчестер Сити

Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Манчестер Сити е блиску до договор со Ерлинг Халанд.

Според медиумите, сите детали од трансферот се договорени, „граѓаните“ ќе ја платат откупната клаузула која изнесува 75 милиони евра, плус провизија од 70 милиони евра за агентот Мино Раиола и таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд.

Халанд наводно дал зелено светло за трансферот и ќе потпише 5-годишен договор тежок 30 милиони евра по сезона.


Сити спремен да ги купи Микел Мерино од Реал Сосиедад

Пеп Гвардиола тргнува по потписот на Микел Мерино од екипата на Реал Сосиедад. Менаџерот на Манчестер Сити е подготвен да плати 60 милиони евра за да го донесе фудбалерот кој годинава игра извонредно во Ла Лига.

Весникот „ Ел Конфиденсијал“ пишува дека играта на Мерино го импресионирала Гвардиола и тој веќе дал насоки да се работи на негов трансфер ова лето.

Договорот на Мерино со Реал Сосиедад завршува во 2025 година, а неговата клаузула за раскинување е 60 милиони евра, која Сити е подготвен да ја плати во целост.


Федерер нема да настапува на Ролан Гарос

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, и официјално нема да игра на овогодинешниот Ролан Гарос.

Федерер не успеа да се опорави од повредата која го мачи подолг период и не е во можност да настапува на Грен Слем турнирот во Париз.

Швајцарецот минатата година успеа да стигне до четвртото коло од престижниот турнир, но го предаде мечот против Италијанецот Беретини.

Роџер Федерер во 2009 година ја освои првата и единствена титула на Ролан Гарос.


Конте го сака Квадрадо во Тотенхем

Тотенхем е заинтересиран да го ангажира крилото на Јувентус, Хуан Квадрадо во следниот преоден рок, станува збор за трансфер на фудбалер како слободен играч.

Во последните месеци се водат тензични преговори меѓу Квадрадо и Јувентус за продолжување на договорот, но двете страни се далеку од договор.

Да потсетиме дека Хуан Квадрадо беше играч на Челзи и играше во Премиер лигата од 2015 до 2017 година, каде што не постигна гол на 13 натпревари.

33-годишниот колумбиски играч за врска има 30 настапи за Јувентус оваа сезона во Серија А, постигнувајќи 4 гола и 3 асистенции. Квадрадо е проценет на 10 милиони евра.


Чави нема ништо против трансфер на Левандовски

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, проговори околу можниот трансфер на напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски во каталонскиот тим.

„Левандовски во Барселона? Се разбира, Роберт е одличен играч, но сега треба да се фокусираме на нашиот натпревар од Лигата на Европа против Ајнтрахт Франкфурт. Го разбирам вашето прашање и интерес, но сега не е време да се разговара на оваа тема“, изјави Чави на прес-конференција.

Деновиве се шпекулираше дека Левандовски се согласил да потпише три годишен договор со клубот од „Камп Ноу“.


Kaн демантира заминување на Левандовски: Не сме луди да го продадеме!

Баерн доживеа вистински шок со елиминацијата од Лигата на шампионите од Виљареал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Не сме луди, зборуваме за играч кој постигнува 30-40 голови секоја сезона. Сигурно ќе биде со нас уште една сезона“, изјави Кан.

Во претходните денови на големо со Левандовски се поврзуваше Барселона која наводно му нуди договор вреден 30 милиони евра. Останува да се види дали и оваа елиминација на Баерн ќе влијае и на одлуката на Левандовски.


Јуве го продава Де Лихт и покрај спротиставениот став на Алегри

Раководството на Јувентус е спремно да се раздели со дефанзивецот Матијас де Лихт на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот размислува да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

На „старата дама“ воопшто не и се допаѓа таквата ситуација и донесе одлука да го продаде дефанзивецот на крајот на сезоната. Со оглед на фактот дека неговиот договор истекува во 2024 година, Јувентус за неговата слобода ќе бара помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Со ваквата одлука не се согласува тренерот Макс Алегри, кој сака Де Лихт да биде идниот капитен на тимот.


Виљареал сака да го откупи Џовани Ло Селсо

Шпански Виљареал сака да започне преговори со Тотенхем за постојан трансфер на играчот од средниот ред Џовани Ло Селсо.

Аргентинскиот фудбалер моментално е во Виљареал на позајмица. Според изворот, главниот тренер на шпанскиот клуб Унаи Емери го смета Ло Селсо за еден од клучните играчи на клубот и сака да го задржи во тимот за следната сезона.

Во јануари оваа година, Ло Селсо се пресели во Виљареал од Тотенхем на едногодишна позајмица. Фудбалерот од средниот ред одигра 9 натпревари оваа сезона во Ла Лига без постигнат гол. Џовани Ло Селсо е проценет на 22 милиони евра.


Конте во изолација заради позитивен тест на ковид-19

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте дал позитивен тест на коронавирус, пренесоа англиските медиуми.

Конте е во изолација, нема симптоми и се чуствува добро физички. Во клубот се надеваат дека Италијанецот ќе биде на клупата за мечот со Брајтон во сабота.

Конте е веќе неколку дена во изолација и утре ќе ја даде редовната пресконференција, но нема да биде присутен во салата, туки ќе се вклучи онлајн.