feature

Манчестер Јунајтед нуди богатство за Диоманде

Луѓето од Манчестер Јунајтед упатиле формална понуда од 90 милиони евра за крилниот фудбалер на РБ Лајпциг, Јан Диоманде но, неговиот тим нема намера да го пушти да си оди на средина од сезоната.

Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска кој има активен договор до 2030 година, во тековнава сезона постигна четири голови и направи седум асистенции.

Неговата вредност на трансфер-пазарот се движи околу 40 милиони евра.


Челзи спрема понуда за Фермин Лопез и Рафаел Леао

Лондонскиот фудбалски состав Челзи нема намера да се откаже од идејата да го ангажира младиот фудбалер на Барселона, Фермин Лопез.

Според медиумите во Англија, „сините“ размислуваат да дадат нова понуда откако во изминатото лето не најдоа заеднички јазик со Каталонците.

Одредени извори наведуваат дека луѓето од „Стемфорд Бриџ“ подготвиле 150 милиони евра за Фермин и напаѓачот на Милан, Рафаел Леао.


Милан едвај спаси реми против Џенова

Џенова освои бод на гостувањето кај Милан, но гостите можат да жалат откако во 98. минута промашија пенал, Станчу е трагичар за популарните „рособлу“.

Милан и Џенова одиграа драматичен натпревар на Сан Сиро, гостите поведоа во 28. минута преку Коломбо, кој е дете на „росонерите“ и игра на позајмица во тимот од „Луиџи Ферарис“.

Момците на Даниеле Де Роси потоа доло време одолеваа, и кога се чинеше дека ќе освојат големи три бода, Леао во 92. минута изедначи на 1-1.

Но во последните мигови од средбата, Џенова доби нова прилика да стигне до цел плен, судијата покажа на белата точка.

Станчу презеде одговорност, но биеше многу лошо над голот и пропушти прилика во 99. минута да го шокира фаворитот.


Реми на дождот во Лондон, Ливерпул непоразен во домот на лидерот

Арсенал и Ливерпул ги поделија бодовите во дербито на 21. коло во Премиерлигата, за прв пат по 10 години, немаше погодок на пресметка помеѓу „топчиите“ и „црвените“.

Врвот на табелата во Премиерлигата останува непроменет откако и Арсенал освои само бод, момците на Артета испуштија прилика да се одлепат на +8 откако одиграа само 0-0 против Ливерпул.

На теренот имаше многу борба, но малку шанси, во првото полувреме најблиску до гол беа гостите, Бредли ја погоди пречката.

Во продолжението од мечот, Арсенал никако не успеваше да се наметне, и се заканија дури во финишот, кога Алисон лесно се справи со обидите на Жесус и Мартинели.

Па за прв пат по 2015 година, Арсенал и Ливерпул одиграа натпревар без погодоци во Премиерлигата.


Гендузи се одјави во Рим и се претстави во Истанбул

Матео Гендузи емотивно се збогуваше со навивачите на Лацио на Стадионот „Олимпико“ по ремито 2-2 со Фиорентина, додека се подготвува да се приклучи на Фенербахче за надомест од 30 милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред беше во почетниот состав за мечот што речиси сигурно беше неговиот последен натпревар во Серија А за Лацио.

По последниот свиреж, Гендузи одвои време сам да се прошета низ теренот и да ги поздрави навивачите со бакнежи и видливи емоции.

Клубовите се согласија да го продадат за 28 милиони евра плус 2 милиони евра бонуси. Ова претставува зголемување во однос на првичната понуда, која беше поблиску до 27 милиони евра, вклучувајќи ги додатоците. Лацио се надеваше дека ќе го задржи Французинот до крајот на овој викенд, но на крајот беше одлучено да го пуштат сега.


Македонија со победа го отвори „Жолтиот Куп“ во Винтертур

Македонската ракометна репрезентација издвојува триумф над Бахреин од 32-28 во првиот натпревар на „Жолтиот Куп“ што се игра во Винтертур.

Ова за избраниците на Кирил Лазаров беше прва контрола во 2026 година, имавме добри и лоши моменти, но она што е најважно шанса за настап добија сите ракометари и воедно запишавме победа.

Бахреин даде силен отпор, ама нашата селекција секогаш го имаше последниот збор, па така двете полувремиња ги добивме со два разлика, првото со 15-13, второто со 17-15.

Прв стрелец во македонската репрезентација беше Кузмановски со девет погодоци.

Утре не очекува пресметка со Украина од 17:45 часот, а в сабота ќе излеземе на мегдан со Швајцарија.


Флечер: Ќе бидам тренер на Манчестер јунајтед против Брајтон, а потоа ќе видиме

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер, ги сподели своите мисли за неговата нова работа по синоќешното реми 2-2 со Барнли во 21. коло од англиската Премиер лига Лига.

„Фантастично искуство е. Разочаран сум што не победивме и не можам да го сокријам тоа, но во однос на управувањето со тимот, подготовките, навивачите, поддршката – беше задоволство, беше чест. Што е следно? Разговарав со одборот и ќе бидам менаџер против Брајтон, а потоа ќе видиме. Натпревар по натпревар“, изјави Флечер за „Би-би-си“.

Во понеделникот на 5 јануари, Манчестер јунајтед го отпушти Рубен Аморим од функцијата главен тренер.

Манчестер јунајтед освои 32 бода и се наоѓа на 7. место на табелата во Премиер лигата.

Натпреварот од 1/32 финалето на ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон ќе се одржи в недела (11 јануари).


Доку: Во овој момент не гледам на табелата

Фудбалерот на Манчестер сити, Џереми Доку, е разочаран по нерешениот резултат 1-1 со Брајтон синоќа во 21. коло од англиската Премиер лига.

„Нерешениот резултат дома никогаш не е добра работа. Не сме многу среќни и би претпочитале три бода денес. Друг ден, Сити ќе постигнеше гол. Треба да создадеме навистина јасни шанси. Да го правевме тоа, ќе беше сосема поинаква приказна. Ќе ги добиевме последните три натпревари. Трка за титулата? Навистина не гледаме на табелата. Се обидуваме да бидеме свои и да постигнеме повеќе голови. Периодов малку ни е тешко да постигнеме втор и трет гол“, изјави Доку за „Би-би-си.

Манчестер сити има 43 бода и е втор на табелата во Премиер лигата, пет бода зад лидерот Арсенал кој има и натпревар помалку.


Женг ќе го скокне Австралија Опен

Кинеската тенисерка Кинвен Женг, која беше финалистка на Австралија Опен во 2024 година, донесе одлука да не настапи на претстојниот Грен-Слем турнир во Мелбурн.

Женг, која моментално е рангирана меѓу најдобрите ВТА тенисерки во светот, објави дека поради кондициски проблеми и советите на својот тим, не се чувствува целосно подготвена за натпреварување на највисоко ниво.

Таа искрено изрази разочарување што нема да може да го започне новиот тениски циклус годинава, особено поради тоа што токму Мелбурн ѝ донесе неколку од нејзините најдобри резултати во кариерата и каде ја оствари првата победа на големите турнири.


Ламин Јамал е највредниот фудбалер во светот

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, вреди 343 милиони евра и е најскапиот фудбалер во светот, пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).

Швајцарскиот завод за статистика има своја методологија за одредување цени. Јамал, 18-годишен европски шампион со Шпанија, е на чело на листата пред напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, вреден 255 милиони евра, и асот на Реал, Килијан Мбапе, вреден 201 милион евра.

Листа на најскапи фудбалери според CIES:

  1. Ламин Џамал (Барселона) – 343 милиони евра
  2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 255 милиони
  3. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 201 милион
  4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 153 милиони
  5. Микаел Олисе (Баерн) – 137 милиони
  6. Флоријан Вирц (Ливерпул) – 136 милиони
  7. Дезире Деу (ПСЖ) – 135 милиони
  8. Жоао Невеш (ПСЖ) – 131 милион
  9. Арда Гулер (Реал Мадрид) – 130,3 милиони
  10. Педри Гонзалез (Барселона) – 130 милиони