feature

Томори: Не можев да поверувам дека Малдини ме сака во Милан

Факијо Томори во јануари се пресели од Челзи во Милан и се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Томори е значаен дел од тимот на „росонерите“, кои ова лето за да го откупат од Челзи платија 29 милиони евра.

„Кога ми се јави Малдини бев во шок. Не можев да поверувам дека гигант како Милан ме сака. Кога пристигнав и го облеков дресот си реков: „Па ова е вистина, јас играм за еден од најголемите клубови во светот. Многу сум среќен и благодарен што играм за толку голем клуб. Постојано разговарам со Малдини и тој ми дава совети. Смета дека можам да напредувам уште многу, особено во позиционирањето. Самиот факт дека Малдини и Барези ме гледаат и ми даваат совети за мене е голем стимул“, додаде англискиот репрезентативец.


Јуве му го нуди Ремзи на Рома

)

Јувентус го понудил играчот од средниот ред Арон Ремзи на други клубови, вклучувајќи ја и Рома, објави „Калчомеркато“.

„Старата дама“ се согласува да го позајми Рамзи бесплатно и во исто време да му плати на Велшанецот 60% од неговата плата. Така, клубот кој се согласил на зделката ќе му плати на Арон Ремзи околу 1,5 милиони евра за една и пол година преостанати од договорот. Јувентус веќе нема намера да му дава шанси на Ремзи, кој не успеа да се докаже во италијанското првенство.

Беше објавено дека Јувентус ќе го раскине договорот со Арон, а играчот сам ќе може да најде нов клуб. Не е исклучена опцијата за враќање на играчот во англиската Премиер лига. Минатата сезона во Серија А, Арон Рамзи одигра 22 натпревари, постигна два гола и четири асистенции. Велшанецот сезонава одигра само три натпревари за својот клуб во италијанскиот шампионат.


Чиро Имобиле поради повреда ја напушти тренинг базата на Италија

Репрезентативецот на Италија и член на Лацио, Чиро Имобиле, го напушти тренинг центарот на „азурите“ поради повреда, информираат од прес-службата на репрезентацијата.

Селекторот Манчини како замена за Имобиле, веднаш го повика Џанлука Скамака кој настапува во екипата на Сасуоло.

На репрезентацијата на Италија и останаа уште два натпревари од квалификациите за Светското првенство и тоа против Швајцарија и Северна Ирска.

Италија го дели првото место во Ц-групата со репрезентацијата на Швајцарија, со освоени 14 бода. Следуваат Бугарија со 8, Северна Ирска со 5 и Литванија со освоени 3 бода.


Мурињо побара три засилувања во јануарскиот преоден рок

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, подготви трансфер листа за зимска селекција на „волчицата“. Португалецот инсистира да се купат 3-4 нови засилувања во тимот, вклучувајќи го и играчот од средниот ред на Челзи, Рубен Лофтус-Чик, како и Хари Винкс од Тотенхем.

Покрај овие двајца, Мурињо го сака и играчот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија, како и уште еден напаѓач.


Андриј Шевченко ја одржа првата прес-конференција како тренер на Џенова

Легендарниот Украинец, Андриј Шевченко, имаше официјална презентација како тренер на фудбалскиот клуб Џенова. Тој после претставувањето ја одржа и првата прес-конференција пред новинарите во Италија.

Шевченко упати голема благодарност до раководството на Џенова која му даде шанса да го води тимот и да се врати во Италија каде помина незаборавни моменти како играч на Милан.

Популарниот Шева најави дека клубот ќе мора играчки да се засили во зимскиот период, а главна цел ќе му биде обезбедување на опстанокот на Џенова во Серија А.


Сампдорија го сака Станковиќ на клупата

Славниот српски фудбалер кој пред две години започна самостојна тренерска кариера работи одлично на клупата на Црвена Звезда, а сега се пишува дека добил понуда од Серија А.

Наводно Сампдорија сака да му даде шанса на Станковиќ во Италија. Репрезентативната пауза Станковиќ ја искористи да одмори токму во Италија, а во Сампдорија тоа го искористиле за да му достават понуда.

Српските медиуми пишуваат дека Станковиќ засега ја одбил понудата на Сампдорија. За помалку од две години со Звезда Станковиќ освои две титули во првенството и додаде еден куп. Минатата сезона во Лигата на Европа ја помина групната фаза за во нокаут фазата да биде елиминиран од Милан.


Рикардињо објави крај на својата импресивна кариера

Еден од најдобрите футсал играчи и сите времиња, Рикардињо, објави крај на 18-годишната професионална кариера.

„Денес дојдов за да објавам крај на еден циклус, иако оваа одлука многу ме боли. Без сомнение ова беше едно незаборавно и неверојатно патување и почнав да се навраќам на минатото, кога со 16 години почна оваа приказна во Рио Маиора. Знаев дека ќе бидам со најдобрите, ама не знаев дека сето ова ќе биде така совршено. Ова е најтешката одлука која сум ја донел во животот, но време е местото да им го отстапам на младите. На репрезентацијата и дадов се што можев. Јас сум горд Португалец и отсега ќе бидам најгласен навивач“, рече Рикардињо.

36-годишниот Рикардињо шест пати беше најдобар футсал играч во светот – во 2010, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година.


Дракслер се повреди, го чека пауза од неколку недели

Јулијан Дракслер се повреди и отпадна од составот на германскиот национален тим за претстојните натпревари во ноември.

Четирикратните светски шампиони веќе се пласираа на Светското првенство во 2022 година, но имаат проблеми со составот пред натпреварот против Лихтенштајн во Волфсбург во четврток. Никлас Зуле е позитивен на коронавирус, а уште четворица играчи со кој бил во близок контакт веќе се ставени во карантин.

„Жал ми е за Дракслер“, изјави за медиумите селекторот, Ханзи Флик. Играчот од средниот ред на ПСЖ долго време нема играно за Германија, но нема да може да се врати во националниот тим поради повреда на мускулот.

Од германскиот тим поради проблеми со мускулите отпаднаа и Флоријан Вирц и Нико Шлотербек. Џонатан Та, Максимилијан Арнолд, Ридле Баку и Кевин Фоланд беа повикани од Флик. Натпреварот во четврток е збогување со поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев.


Борче Христов промовиран за нов тренер на Работнички

Работнички го именуваше Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб. Тој потпиша договор до јануари 2023 година и го одржа првиот тренинг со тимот.

„Му посакуваме топло добредојде на Борче Христов на тренерската функција. Веруваме дека со неговото долгогодишно искуство ќе воведе новитети во работата со тимот и Работнички ќе се движи во позитивна насока. Сите заедно сме ќе бидеме во функција на светла иднина на клубот“, изјави спортскиот директор Горан Станковски.

Борче Христов ветува напорна работа и се надева дека многу брзо тимот ќе почне да функционира според неговите замисли.

„Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на клубот. Работнички е голем предизвик за мене, можам да ветам напорна работа. Тимот поседува голем потенцијал, млади и талентирани фудбалери и ќе се потрудиме да го развиваме во вистинска насока“, истакнува новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов.


Лоша вест за Атлетико Мадрид, Трипиер заработи повреда на рамото

Бекот на Атлетико Мадрид, Киран Трипиер подолг период ќе биде надвор од терените поради повреда на рамото, објавија од таборот на шпанскиот шампион преку официјалниот веб-сајт.

Тој се повреди на натпреварот со екипата на Валенсија кој заврши 3:3 и беше заменет во 8-та минута од средбата.

Англичанецот Трипиер ќе мора да оди на физикална терапија и дури потоа ќе се врати на тренинзите. Од мадридскиот клуб не наведуваат точни рокови за негово враќање на официјални натпревари.

https://twitter.com/atletienglish/status/1458130965495259143?s=20