feature

Тотенхем ги санкционира „проблематичните“ Аргентинци

Фудбалскиот клуб Тотенхем ќе ги казни своите играчи Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро, бидејќи тие без дозвола одговориле на поканата од репрезентацијата на Аргентина.

Според британски Скај, Ло Селсо и Ромеро ќе бидат казнети бидејќи се приклучиле на националниот тим за натпреварите против Венецуела и Бразил, спротивно на желбите на клубот.

Заедно со двајцата играчи и играчите на Астон Вила, Емилијано Мартинез и Емилијано Буендија, ја напуштија Премиерлигата за Аргентинската репрезентација, но Мартинез и Буендија имаа дозвола од клубот од Бирмингем.

Поради нив четворица, натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина беше прекинат во неделата вечерта во Сао Паоло. Бразилските здравствени власти им наредија карантин, бидејќи пристигнаа од Велика Британија и не ги почитуваа мерките за пандемија, но сепак дојдоа на стадионот.


Жоан Лапорта: Проектот за Суперлигата уште е жив

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта верува дека не е се завршено со Суперлигата, која не успеа да заживее по големите критики од јавноста.

Проектот Суперлига е жив. Три клуба останаа силни и во деликатна ситуација. Освоивме се на суд. УЕФА не може да направи ништо за да ја запре Суперлигата. Многу клубови ни велат дека мора да продолжиме. Санкциите против англиските клубови немаа ефект. Англиските клубови како Манчестер јунајтед и Ливерпул беа движечката сила зад проектот, но тие беа под голем притисок. Да, можевме подобро да го претставиме проектот, но во реалноста тој ни одговара на сите нас. Форматот на турнирот ќе биде најатрактивен во светот и ќе им користи на клубовите. Она што треба да го подобриме е учеството за заслуги на клубовите, рече Лапорта.

Барселона, Реал Мадрид и Јувентус претходно изјавија дека остануваат посветени на проектот за Суперлига. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ги критикуваше овие три клуба.


Погба: Франција веќе не е најдобрата светска репрезентација

Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба изјави дека „триколорите“ повеќе не се најдобрата селекција на светот.

„Помина многу време откако победив натпревар со Франција. Ми недостига ова време, на сите ни недостасува. Ние веќе не сме најдобриот тим во светот. Мораме да смениме се и да бидеме поагресивни. Треба да вложиме повеќе напор и да ставиме повеќе желба во играта, изјави Погба.

Последен пат Французите ја победија Германија (1-0) на 15 јуни на Европското првенство.


Милан го „блиндира“ Тео Хернандез со нов договор

Милан започна преговори со Тео Хернандес за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Ервопа. Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2023 година, но веќе е на мета на многу европски гиганти.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил двојно зголемување на платата.

Медиумите тврдат дека преговорите одат во добра насока, бидејќи Французинот сака да остане во Милано.


Романија со само 17 играчи за натпреварот со Македонија

Репрезентацијата на Романија има на располагање само 17 играчи за натпреварот со Македонија, откако Јанис Хаџи доби позитивен тест на КОВИД, а останатите  тројца што завршија во изолација се негативни, Разван Марин, Александру Чикалдау и Драгуш Неделку остануваат во комбинација за дуелот на арената „Тодор Проески“.

Селекторот Радои изјави дека непријатната вест може да влијае врз играта на на Романија против Македонија.

„Кога тргнавме во септемвриските квалификации имав 26 фудбалери, а сега сум на 17. Малку  сме  вознемирени, но ова не смее да не турне надолу, туку да ни даде поголема сила. Сега е шансата да покажеме колку сме сплотени и обединети. Мислам дека веќе покажавме дека позитивно може да одговориме кога сме во тешка ситуација.“ – изјави  Радои.


Пропадна трансферот на Кастиљехо во ЦСКА Москва

Самуел Кастиљехо беше пред трансфер во ЦСКА Москва, но сепак ќе остане на „Сан Сиро“. Кастиљехо цело лето беше на излезна врата од Милан, а со доаѓањето на Месијас неговата минутажа сигурно додатно ќе се намали.

Трансфер пазарот во Русија е отворен до 7 септември, па ЦСКА Москва започна преговори со Милан за трансфер на Шпанецот.

Меѓутоа италијанските медиуми тврдат дека двете страни не постигнале договор и Кастиљехо сигурно останува во Милан.

Рускиот клуб го сакал играчот на позајмица, додека Милан инсистирал да биде вметнат задолжителен откуп, па преговорите пропаднале.


Расел од следната сезона ќе вози за Мерцедес

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, следната сезона ќе настапува за Мерцедес во светскиот шампионат во Формула 1, објавено е на официјалната веб-страница на германскиот клуб.

Дваесет и тригодишниот Британец склучи долгорочен договор со тимот. Расел ќе започне со трки за Мерцедес во сезоната 2022. Негов тимски колега ќе биде седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Вчера, сè уште актуелниот пилот на Мерцедес, Валтери Ботас, објави дека следната сезона ќе вози за Алфа Ромео. Финецот ќе го замени својот сонародник, поранешниот светски шампион Кими Раиконен, кој најави пензија.


ФК Вардар има нов спортски директор

Фудбалскиот клуб Вардар ја објави соработката со новиот спортски директор. Александар Бајевски, некогашниот играч на „црвено-црните“ ќе ја извршува таа функција.Македонскиот најтрофеен клуб на социјалните мрежи се пофали со промовирање на клупската легенда.

„Особена чест и задоволство ни е да го најавиме враќањето во нашиот клуб на Вардаровата легенда Александар Бајевски, овојпат во улога на спортски директор. Со заеднички сили кон остварување на зацртаните цели, враќање на Вардар на местото каде што припаѓа“, објави клубот.

Бајевски е дете на Вардар, играше за овој тим во младинските категории, а беше дел од Вардар до 2002 година. Потоа по интернационалната кариера повторно се врати во „црвено-црните“ во 2008/2009.


Милевски: Подготвени сме за надигрување со Романија

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на официјалната прес-конференција на Националната арена „Тодор Проески“ ги сподели своите размислувања и очекувањата натпреварот против Романија во рамки на 6. коло од квалификациската група за пласман на СП 2022.

„Романија е многу сериозна репрезентација. Имаат квалитетни индивидуалци и доаѓаат во добар момент за нив. Но, ние сме сконцентрирани на нашата игра и како треба да изгледаме на терен. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Букурешт. Не мислам дека е одлучувачки за нашето место во квалификациската група. Се надевам дека до крајот ќе бидеме во игра за второто место. Фудбалерите се мотивирани и подготвени за надигрување. Јас сум задоволен од начинот на кој ги одигравме двата натпревевари. Со само два-три тренинзи сите тактички задолженија ги одработија на одличен начин и ова е правецот кон кој треба да се движиме и во иднина. Единствениот проблем со Исланд беше нашиот психолошки момент, но работиме и на тој аспект. Се друго, технички-тактички беше на високо ниво и со многу дисциплина. Фудбалерите сега имаат поинаков начин на работа и задолженија, ги прифатија на најдобар начин и им оддавам признание за тоа. Натпреварот со Романија ќе биде исто така во висок ритам, напорно е да се издржат три натпревари во краток период, но јас сум убеден дека момците ќе дадат максимум и ќе бидеме подготвени за натпреварот. Важно е дека сите се здрави и сите конкурираат за место во тимот.“ – вели Милевски.


Сон го повреди мускулот на дуелот на својата репрезентација

Фудбалерот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, се здоби со повреда на тренингот со репрезентацијата на Република Кореја, објави неговата матична федерација.

„Сон почувствува непријатност во мускулот на потколеницата на десната нога за време на тренингот. Тој беше подложен на медицински преглед при што е утврдено дека станува збор за истегнување”, соопшти Корејската фудбалска федерација.

Фудбалерот на „Спарси“ поради повредата го пропушти квалификацискиот меч со Либан кој му припадна на неговиот состав со минимални 1-0.