feature

Барса го продава Дембеле и ќе го купи Коман

Јувентус е сериозно заинтересиран да го доведе во својот тим фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле. Според тврдењата на италијанскиот печат, Дембеле е исклучен од активностите во првиот тим на „Камп Ноу“ бидејќи продолжува негодува околу потпишувањето на новиот договор.

Францускиот напаѓач се опорави од повредата, но допрва треба да го одигра првиот натпревар оваа сезона за „каталонците“. Јуве сака да го ангажира Французинот со слободен трансфер следната година, а Барса, пак, веќе го забележа Кинглси Коман од Баерн како можна замена.


Ангеловски во потесен избор за тренер на Хајдук

Поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски е во потесниот круг кандидати за нов тренер на хрватскиот прволигаш Хајдук, јавија денеска локалните медиуми.

Ангеловски, според весникот „Слободна Далмација“ со својата возраст и ентузијазам се вклопува во плановите на раководството на сплитскиот клуб за нов шеф на стручниот штаб, кој треба да го наследи Јенс Густафсон, кому денеска му беше врачен отказ.

Ангеловски е без ангажман од завршувањето на Европското првенство, на кое за првпат во историјата ја одведе македонската репрезентација.


Рома и Бетис преговараат со Реал за потпис на Дани Себаљос

Бетис и Рома работат на трансфер на 25-годишниот шпански офанзивен играч за врска кој е под договор со Реал Мадрид, Даниел Себаљос. Според извори до двата клуба, самиот Себаљос ќе го напушти Реал Мадрид во јануари поради недостиг на минутажа.

Бетис работи на неговиот трансфер и разговара со челниците на „галактикоси“ за евентуална позајмица со опција за откуп на договорот во јуни, а сличен интерес има и тренерот на Рома, Мурињо.


Шекил О`Нил со животна лекција за своите деца

Поранешниот НБА играч Шекил О`Нил е еден од најдобрите играчи во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. 

Тој има освоено 4 шампионски прстени и безброј индивидуални награди. По завршувањето на играчката кариера, започна со основање на голем број компании кои му донесоа огромен капитал кој се проценува на 400 милиони долари. 

Сепак популарниот Шек е познат како скромен човек кој е приземјен и не лета во облаци поради популарноста. Тој неодамна им порача на своите деца дека треба што подобро да се школуваат и да заработуваат сопствени пари. „Постојано им велам на моите деца кои сега веќе пораснаа, дека Не сме ние богати, туку јас сум богат“. 


„Најк“ дизајнира шарена топка за зимските натпревари во Премиер лигата

Наскоро во Премиер лигата ќе се игра со интересна шарена топка.

Денес компанијата „Најк“ ја објави топката која ќе се користи во англиската Премиер лига за време на зимскиот период. Топката ја има традиционалната жолт боја, но овој пат се додадени со неправилини линии и црвени кругови.


Пиоли: Горд сум на тимот, мојот Милан има карактер

Стефано Пиоли беше презадоволен од најновата победа на „росонерите“ во Серија А. Милан синоќа со 2-1 славеше на гости кај Рома, а Пиоли вели дека овој негов тим има карактер.

„Покажавме карактер, постапивме според нашиот план и замисли. Рома е силен тим. Кога игравме 11 на 11, бевме добри, се обидувавме да постигнеме гол. Таков карактер ни треба на вакви важни натпревари. Сега доживуваме позитивен период. Треба да го возиме овој бран, да бидеме храбри и сигурни во себе. Многу сум среќен“, изјавил Пиоли.


Меси: Ме повредија коментарите на Лапорта

Лионел Меси даде интервју во кое зборуваше за неговото заминување од Барселона и коментарите на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, дека можеше да остане на „Ноу Камп“ доколку решеше да игра бесплатно.

„ Направив се што можев за да останам во Барса. Во ниту еден момент не беше побарано од мене да играм бесплатно. 

Од клубот ме замолија да ја намалам платата за 50 проценти и јас се согласив на тоа без никакви проблеми. Бев подготвен да му помогнам на клубот. Моја и желба на моето семејство беше да останам во Барселона. 

Никој не ме замоли ниту побара од мене да играм бесплатно, и мислам дека она што го кажа претседателот Лапорта беше несоодветно. 

Неговите коментари ме повредија бидејќи мислам дека немаше потреба да го каже тоа. Тоа само создава шпекулации и ги тера луѓето да размислуваат за работи што мислам дека не ги заслужувам“, изјави Меси за шпанскиот магазин „Спорт“.

https://twitter.com/sport/status/1454943807867346944?s=20



Антонио Конте пристигна во Лондон и ќе биде нов тренер на Тотенхем

Славниот италијански стратег Антонио Конте пристигна во Лондон на завршни преговори со премиерлигашот Тотенхем за местото тренер на екипата. Досегашниот шеф на стручниот штаб на лондонскиот клуб Нуно Еспирито Санто утрово доби отказ после само 4 месеци од неговото доаѓање во Тотенхем. 

Антонио Конте на преговори во Лондон, беше повикан од спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи, со кого е во мошне добри односи откако двајцата работеа заедно во Јувентус од 2011 до 2014 година. Во тој период Јувентус со Конте освои три последователни титули во Серија А. Очекувањата се дека на Конте ќе му биде понуден договор на една и пол година.

https://twitter.com/goal/status/1455117291444703236?s=20



Навивачите на Рома кон Ибрахимовиќ – „Ти си циган“

Клубот од Рим најверојатно ќе биде казнет од фудбалска федерација на Италија за расистичкото однесување на нивните навивачи за време на натпреварот на Олимпико против Милан, кој заврши со победа на гостите од 1:2.

Стрелец на првиот гол за Милан беше Златан Ибрахимовиќ, на кого после постигнувањето на голот навивачите на Рома му скандираја „Ти си циган“. После овие навредливи скандирања, Ибрахимовиќ во ироничен стил побара од навивачите на Рома да викаат погласно. 

После натпреварот Ибрахимовиќ даде изјава во свој стил во која вели: „Што се однесува до навредите од навивачите на Рома, тие воопшто не ми сметаат, напротив колку повеќе викаат, толку појако се чувствувам и ме полнат со адреналин“.

https://twitter.com/acmilan/status/1455202982480384000?s=20



ПСЖ го раскинува договорот со Серхио Рамос?

Во францускиот весник „Ла Паризиен“ се објави вест во која се вели дека челниците на Париз Сен Жермен ја разгледуваат можноста за раскинување на договорот со Серхио Рамос.

Шпанскиот дефанзивец, летово пристигна како големо засилување за тимот на ПСЖ, но неговото деби во дресот на екипата од Париз никако да се оствари.

Од неговото пристигнување во ПСЖ, Рамос го следат повреди кои не му дозволуваат да настапува за екипата што е фрустрирачки како за играчот така и за управата на клубот.

Од ПСЖ велат дека ќе се почека уште некој период пред да донесат конечна одлука во врска со иднината на Рамос во клубот.

Серхио Рамос пристигна во ПСЖ од мадридски Реал и потпиша договор на две години.