feature

Проблеми за Тухел, Канте ја обнови повредата

Томас Тухел по натпреварот со Ливерпул објави дека играчот од средниот ред Н’Голо Канте се соочува со повреда и дека истата се провлекува веќе подолго време.

„Канте има повреда. Тој пропушти дел од натпреварот со Арсенал поради болки во глуждот и благо воспаление. Во принцип, нема ништо сериозно таму, бидејќи Канте успеа да се врати на тренинг. Со Ливерпул во една од епизодите во борбата за топката, мислам дека тој повторно го искриви глуждот и се чувствува исто како и пред натпреварот со Арсенал. Поради ова, тој ја загуби брзината на движење и моравме да направиме замена“, вели Тухел.


ЖфК Љуботен доведе уште една Бразилка во своите редови

Екипата на ЖФК Љуботен се засили со Бразилката Јосане Де Фреитас Азаведо или позната како „Лулу“.

Бразилката повеќе од еден месец беше во клубот, а сега и ќе потпише договор.

„Јосеане Де Фреитас Азеведо Лулу е нов член на нашиот тим.Популарната Лулу како што е позната во Бразил речиси еден месец е дел од нашиот колектив по што може да констатираме дека ЖФК Љуботен го доби едно од најквалитететните интернационални засилувања во домашниот шампионат ако не и најдоброто. 33 годишната искусна и прекалена Лулу во својата кариера настапуваше за повеќе Бразилски прволигаши исто така има настапувано и во шампионатот на Израел со што гарантира дека ЖФК Љуботен во новата сезона ќе има гранитна одбрана. Патот до успехот мора да се изоди со квалитет и работа, а Лулу со својот професионализам го донесе во екипата“, објавија од клубот.


Дали Икарди ги лекува раните на Јувентус?

Кристијано Роналдо го напушти Јувентус, па сега во финишот од преодниот рок „старата дама“ ќе се обиде да доведе негова замена.

Се споменуваа неколку имиња, Моис Кин е фаворитот, но наводно тој е „план Б“ ако не се постигне договор со ПСЖ за Мауро Икарди. Според последните информации, Јувентус испратил официјална понуда за Икарди и сега се чека одговорот од Париз.

Икарди изгледа како одлична опција за Јувентус затоа што Серија А му е добро познато од времето во дресот на Интер. И за Икарди ваквиот трансфер би можел да биде позитивна работа бидејќи во ПСЖ јасно е дека ќе нема премногу простор за игра.

Во овој момент напаѓачот се опоравува од повредата која ја заработи во натпреварот од Лига 1 против Брест (4:2) и се очекува до крајот на септември да биде спремен за настап. Во ПСЖ Икарди постигна 35 гола и забележа 10 асистенции на 66 натпревари.


Костиќ не сака да игра за Ајнтрахт и сака премин во Лацио

Српскиот фудбалски репрезентативец Филип Костиќ го бојкотирал вчерашниот тренинг на Ајнтрахт Франкфурт со надеж дека ќе ги натера сопствениците на клубот да му овозможат трансфер до крајот на преодниот рок.

Како што пренесува германски „Билд“, крилниот напаѓач експлицитно бара да му биде дозволен трансфер во Лацио, додека неговиот клуб не сака да преговра со Лацио за негова продажба.

Костиќ намерно го пропуштил тренингот и на тој начин изрази револт против челниците на клубот.


Милевски доби добри вести: Николов е ковид-негативен и доаѓа во Скопје

Oдлични вести добива новиот селектор на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски – Бобан Николов добил негативен тест на коронавирус и ќе се стави на располагање.

Николов пред пет дена доби позитивен тест, но за среќа брзо го победи вирусот и вечерва треба да пристигне во Скопје, а утре да се приклучи на подготовките на националниот тим.

Ќе потсетиме, Милевски во составот дополнително го повика Јани Атанасов поради повредата на Аријан Адеми.

Утре репрезентацијата на Македонија ќе го има првиот собир пред дуелите со Ерменија, Ислан и Романија. Ова ќе бидат први натпревари на селекторската позиција за Милевски.


Касемиро: Овие победи ја носат титулата во Ла Лига

Реал Мадрид со 1-0 победи на гостувањето кај Бетис и освои три многу важни бодови од тежок терен за игра. Касемиро смета дека токму овие победи на тешките гостувања ги носат титулите на крајот.

„Ова се три многу важни бододви. Бетис ќе собере бодови од нашите ривали бидејќи тука е многу тешко да се игра“, вели Касемиро.

„Со вакви победи се освојуваат титули. Клучот беше напорната работа на сите и на оние кои подоцна влегоа“.


ПСЖ подготвува 200 милиони евра за Халанд

Челниците на ПСЖ веруваат дека Борусија Дортмунд е подготвена да го продаде напаѓачот Ерлинг Халанд за 200 милиони евра.

Борусија не сака да го пушти Халанд, но 21-годишниот фудбалер има клаузула за откуп од 75 милиони евра, која ќе стапи на сила следната година, а ПСЖ верува дека понуда од околу 200 милиони евра би можела да го убеди Дортмунд да се согласи на продажба на голгетерот уште ова лето.

Претставниците на ПСЖ веќе имале контакт со агентот на напаѓачот, Мино Раиола, за да дознаат дали е можно да се организира негов трансфер неколку дена пред да се затвори преодниот рок. ПСЖ веројатно за трансферот ќе ги искористи парите кои би ги добил од Реал за Мбапе.


Бруклин се раздели со Деандре Џордан

НБА тимот Бруклин Нетс одлучи да се раздели со центарот Деандре Џордан. Според информацијата, ако Бруклин не успее да тргува со Деандре Џордан, неговиот договор може да се откупи. Забележано е дека ситуацијата е комплицирана од фактот што Нетс се соочуваат со тешкотии со потенцијална размена на кошаркар, бидејќи тимот нема вредни драфтови што може да се понудат на другата страна од договорот.

Џордан е во Бруклин Нетс од 2019 година. Неговиот просек во регуларната сезона 2020/2021 беше 7,5 поени, 7,5 скокови, 1,6 асистенции.


Сенев го наследи Грнев на клупата на Кит-Го

Искусниот македонски стратег Трајче Сенев е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Кит-Го. Сенев доаѓа на местото на Емил Грнев со кого клубот постигна спогодбен договор за прекин на соработката.

„ФК Кит-Го искажува огромна благодарност на Емил Грнев за досегашниот целокупен ангажман за развојот на Кит Го како фудбалски колектив, искрено посакувајќи му успешна тренерска кариера во иднина“, се вели во клупското соопштение.

Сенев повторно се враќа на кормилото на Кит-Го како еден од најзаслужните за подемот на нашиот клуб во годините на пробив до второлигашката конкуренција. Сенев е препознатлив по промоцијата и афирмацијата на младите фудбалери во клубот и источниот регион.

Претходно во својата тренерска кариера, Трајче Сенев, покрај во Кит Го, беше предводник и на Силекс, Осогово и Брегалница.


Савевски промовиран за селектор на женската ракометна репрезентација

Ракометната федерација на Македонија го именува Љубомир Савевски за селектор и координатор на националните селекции во женска конкуренција.

Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата У-17 кое се одржуваше во Литванија, освојувајќи го првото место, објави РФМ.

Според новиот договор Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е именуван ќе ја извршува за период од две години.