feature

Рабиот и Роу исклучени од Марсеј после нивната тепачка, клубови од Премиер Лигата и Серија А во трка за потпис

Кариерата на Адриен Рабиот во Олимпик Марсеј изгледа завршена по насилната пресметка во соблекувалната со соиграчот Џонатан Роу. Инцидентот, опишан како „невиден во фудбалот“, доведе до драстична одлука на клубот, двајцата играчи се трајно исклучени. За да ја зачува хармонијата во тимот и шансите за успешна сезона, Марсеј ги стави двата играчи на трансфер листата. 

Со приближување на крајот на трансфер периодот, интересот за францускиот репрезентативец расте. Тотенхем и Астон Вила се веќе во разговори со неговите претставници, но најодлучен е Милан. Тренерот Масимилијано Алегри, кој одамна го цени Рабиот, инсистира на негов ангажман за да го зајакне средниот ред. 

Преговорите меѓу Милан и Марсеј значително се интензивираа. Претходно постоеше договор за продолжување на договорот до 2026, но по инцидентот, тој е веќе неважечки. Клубовите работат на трансфер вреден околу 15 милиони евра, а Рабиот би заработувал нешто помалку од 6 милиони евра годишно. 

Иако тренерот Роберто Де Зерби јавно навести можност за враќање на Рабиот во тимот, раководството на клубот останува цврсто во ставот — Французинот нема иднина на „Велодром“. Додека Милан се обидува да ја затвори зделката, Јувентус и Интер внимателно ја следат ситуацијата, подготвени да реагираат доколку преговорите со Милан пропаднат. 


Борусија Дортмунд го донесе Фабио Силва од Волвс за повеќе од 25 милиони евра

Борусија Дортмунд постигна договор со Волвс за потпис на португалскиот напаѓач Фабио Силва. Договорот вреди повеќе од 25 милиони евра, вклучувајќи и дополнителни бонуси поврзани со настапите. По периодот на тешкотии да најде место во тимот на Волвс, Силва сега очекува нов почеток во Бундеслигата. 

Силва наскоро ќе отпатува во Германија за да го помине лекарскиот преглед, последен чекор пред трансферот официјално да биде завршен. Дортмунд сака брзо да ја финализира трансакцијата и да го вклучи 23-годишниот напаѓач во својот тим пред почетокот на новата сезона. 

Овој потег ја истакнува стратегијата на Дортмунд за вложување во млади и перспективни играчи. Комбинацијата од физичка сила и технички способности што ја поседува Силва одговара на профилот на таленти кои клубот традиционално ги развива во врвни европски фудбалери. Потписот ќе ја зајакне и длабочината и разновидноста во нападот на Дортмунд, како во домашните натпревари така и во европските купови. 

За Волвс, ова претставува можност да остварат финансиски приход од играч кој имаше ограничен успех од пристигнувањето. Трансферот со бонусите ќе им овозможи финансиска флексибилност за нови вложувања во тимот. Заминувањето на Силва означува крај на еден период, но и почеток на нова фаза за играчот и клубовите. 


Челси му постави ултиматум на Барселона за трансферот на Фермин Лопез

Челси постави краен рок до Барселона во обид да го финализира трансферот на Фермин Лопез. Англискиот клуб сака брзо да го затвори договорот, имајќи конкуренција од неколку европски гиганти кои исто така се заинтересирани за 22-годишниот играч од средниот ред. 

Барселона бара 40 милиони евра за Лопез, сума што ја одразува неговата зголемена важност по успешната сезона во Ла Лига. И покрај обидите на Челси да ја намали цената, Каталонците засега не отстапуваат од проценката. 

Ситуацијата влегува во клучна фаза. Челси веќе разгледува и други опции за средниот ред, но Лопез останува еден од главните приоритети. Бидејќи премиерлигашкиот трансфер период наскоро се затвора, ултиматумот од Лондон внесува дополнителен притисок. 

Преговорите продолжуваат зад затворени врати, додека двете страни се надеваат дека ќе избегнат долготрајна сага. За Челси, засилувањето на средниот ред е неопходност пред почетокот на новата сезона, а Барселона гледа шанса да обезбеди средства за други засилувања преку продажба на еден од своите најперспективни младинци. 


Гвардиол ќе ги скокне мечевите на Хрватска со Фарски Острови и Црна Гора

Хрватската фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревара од квалификациите за Светското првенство. Прво одиме во гости кај Фарските Острови на 5 септември, а на 8 септември на Максимир доаѓа Црна Гора.

Селекторот Златко Далиќ се наоѓа во проблеми пред двата важни натпревара. Имено, Јошко Гвардиол е под знак прашалник за играње заради повреда, а дека можеби нема да биде присутен, говори и фактот што Далич потоа го повика Борна Соса, кој ќе биде прв бек во отсуство на играчот на Манчестер Сити.

Точната состојба на Јошко Гвардиол треба да биде позната во понеделник, кога се собира репрезентацијата.


Литванија пресилна за Велика Британија на стартот на Евробаскетот

Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94-70.

Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот.

Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им обебзедија убедлива победа. Две третини од поените Литванците постигнаа од рекетот.

Британците добро се држеа три четвртини, се враќаа на едноцифрен минус, но потоана во последноте седум минути кога Литванците направија предност од 20 пеони.

Очекувано доминираше во рекетот Јона Валачиунас со 18 поени и девет скока, поен помалку со седум скока имаше Тубелис, а Јокубаитис и Нормантас забележаа по 12 поени.

на спротивната страна се истакна Јебоа со 17 поени, а двоцифрени, со по 10 поени беа Филип и Хенсон.


Вулверхемптон го одби Њукасл за Ларсен

Њукасл им упати втора понуда на Вулверхемптон за напаѓачот Јорген Странд Ларсен, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според Romano „Свраките“ понудиле 55 милиони фунти за 25-годишниот Норвежанец, но биле одбиени.

Тековниот договор на Ларсен е до 2029 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на трансферот на играчот на 26 милиони фунти.

Оваа сезона, Ларсен играше на три натпревари на сите турнири и постигна два гола.


Кристал Палас го купи „бисерот“ на Виљареал

Англиски Кристал Палас го финализираше трансферот на 22-годишниот шпански крилен напаѓач Јереми Пино од Виљареал.

Според Фабрицио Романо, постигнат е усмен договор меѓу сите страни. Станува збор за целосен трансфер за фиксна сума од 30 милиони евра плус дополнителни бонуси. Шпанецот ќе потпише долгорочен договор. Сегашниот договор со „жолтата подморница“ е активен за уште две сезони.

Пино е дете на академијата на Виљареал. Во сениорскиот тим игра од 2019 година и досега веќе има 170 натпревари, 22 гола и 23 асистенции.


Македонија до 19 години против БиХ во Радовиш и Струмица, Селими го објави списокот

Македонската репрезентација до 19 години на 4. и 6. септември против Босна и Херцеговина ќе одигра два контролни натпревари. Првиот меч ќе се одигра на стадионот во Радовиш, два дена подоцна, двете селекции ќе се соочат во Струмица на стадионот „Благој Истатов“.

Селекторот на репрезентацијата, Ерхан Селими за пријателските натпревари против БиХ ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Онур Бешир (Тетекс), Павел Трајковски (Партизан, Србија);

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид Стојаноски (Браво, Словенија), Лука Атанасовски (Детонит), Андреј Мурџески (Вардар), Назиф Цека (Шкендија), Емир Шаботиќ (Вардар);

Среден ред: Каменчо Андоновски (АП Брера), Кренар Хоти (Работнички), Марко Киш (Сесвете, Хрватска), Ариф Локи (ХБ Коге, Данска), Ненад Дамјаноски (Домжале, Словенија), Виктор Делов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкупи);

Напад: Игор Ристов (АП Брера), Дитмир Хоџа (Работнички), Стефан Младеновски (Црвена Звезда, Србија), Кадри Брути (Шкупи);

Репрезентацијата до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Од 12. до 18. номеври, Португалија е домаќин на турнирот на кои ќе се соочиме со домашната селекција, Белгија и Естонија. Претходно, на 9. и 12. октомври ќе одиграме нови два контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен.


Удинезе се засили со Полјакот Букса

Удинезе го купи полскиот репрезентативец Букса од дански Митјиланд за 5 милиони евра. Адам Букса од синоќа и официјално се пресели во Удинезе, откако двете страни постигнаа договор за трансфер.

Полскиот репрезентативен напаѓач потпиша четиригодишен договор со италијанскиот клуб. Според инсајдер Николо Шира, Митјиланд добил 5 милиони евра.

Букса беше најдобар стрелец на клубот од Хернинг во последното данско првенство со 12 гола на 24 натпревари.


Милевски повика два дебитанти за дуелите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026.

Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот Елмин Растодер од швајцарски Тун, прв пат добиваат повик во најдобриот национален тим.

Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)

Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум

Среден ред:
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија

Напад:
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Барнли (Англија)
Александар Трајковски
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски – Олимпија Љубљана (Словенија)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)

Собирот на македонската А репрезентација за септемвриските натпревари е закажан за 1. септември во 12:30 часот.