Раководството на американско-канадската професионална хокеј лига НХЛ, едногласно донесе одлука екипите од сезоната 2022/23 да имаат можност да стават реклами на дресовите.
Рекламниот квадрат на дресот на секоја од 32. екипи во лигата ќе биде со максимална големина од 7.5 х 9 сантиметри, што е нешто повеќе од рекламата која ја имаат кошаркарските НБА екипи.
НБА одобри рекламирање на дресовите на своите екипи од сезоната 2016/17, а екипите од нив заработуваат околу 150 милиони долари годишно.
Баер Леверкузен го враќа Дракслер во Бундеслигата
Јулијан Дрекслер е блиску до враќање во Бундеслигата. За него е заинтересиран Баер Леверкузен, пренесува „Кикер“. Германскиот клуб започна преговори за трансфер на Дракслер и понуди 20 милиони евра. 27-годишниот играч за врска неодамна го обнови договорот до 2024 година и се уште не е познато дали ќе се согласи да им се приклучи на „аспирините“.
Дрекслер игра за францускиот тим од јануари во 2017. Германецот во претходната сезона забележа 34 натпревари, постигна 4 голови и направи 7 асистенции.
Филаделфија го продолжи договорот на еден од најдобрите кошаркари на светот
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џоел Ембид, договори продолжување на соработката со својот досегашен НБА тим Филаделфија.
Сиксерси не објавија детали од новиот договор, но американските медиуми наведуваат дека Ембид ќе добие максимални 196 милиони долари за четири сезони до 2027. година.
Ембид во 2017. година потпиша петгодишен договор вреден 147.7 милиони долари.
„Џоел е дефинитивно елитен играч, пример за заедницата и вистински МВП калибар на теренот. Неговата комбинација на вештини, харизма и лидерство го носи овој тим во вистински правец.“ – објави клубот.
Минатата сезона Ембид постигнуваше 28.5 поени со 10.6 скокови по натпревар и ја водеше Филаделфија до првото место на Источната конференција во доигрувањето, но во полуфиналето беа елиминирани од Атланта.
Кутињо ќе биде новата десетка на Барселона
Барселона ќе му даде уште една шанса на Филипе Кутињо да се докаже на Камп Ноу, на Бразилецот дури му е понуден и дресот со број 10, кој 13 години му припаѓаше на Лео Меси.
Барселона со месеци се обидува да најде купец за Филипе Кутињо, последните имформации говореа за трампа со Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал, но по се изгледа нема да испадне ништо од ова.
Марка и Мундо Депортиво пренесуваат дека Каталонците ќе му дадат уште една шанса на Бразилецот да се докаже на Камп Ноу, Роналд Куман дал зелено светло за плејмејкерот да се врати во тимот.
Барса дури и му го понудила дресот со број 10, кој има посебна тежина поради фактот дека 13 години му припаѓаше на Лео Меси.
Кејн се врати на тренинзите на Тотенхем
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ги продолжи тренинзите со тимот. Кејн тренираше со своите соиграчи за прв пат во новата сезона.
Претходно беше објавено дека на стартот на подготовките, фудбалерот не се вратил во базата на тимот и пропуштил неколку тренинзи. На 12 август беше објавено дека Манчестер Сити му понудил на Тотенхем 150 милиони евра за Кејн.
На 15 август, 28-годишниот Англичанец не беше вклучен во составот на тимот за натпреварот против Манчестер сити во првото коло од англиското првенство.
Тотенхем и без својот најдобар играч и досегашен капитен, го победи шампионот Манчестер сити со 1-0.
Познато кога Меси ќе дебитира за ПСЖ
Лионел Меси својот прв натпревар во дресот на ПСЖ треба да го одигра на 29. август, кога неговата екипа ќе гостува на Ремс, објави Скај Спортс.
Меси одработи само три тренинзи со екипата, откако во историски трансфер пристигна во ПСЖ како слободен играч, по истекувањето на договорот со Барселона за која настапуваше од својата 13. година.
Тој немаше подготовки за новата сезона, бидејќи со Аргентина играше на Копа Америка, каде ја освои титулата. Потоа замина на одмор, по кој беше планирано да го продолжи договорот со Барселона.
„Одиме чекор по чекор, се запознаваме, сакаме да се чувствува подготвено и удобно, како би заиграл тогаш кога ќе биде целосно подготвен.“ – изјави Покетино
Јасин Адли се договорил од Бордо да премине во Милан
Милан постигнал договор со Бордо за трансфер на Јасин Адли. 21-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите француски таленти и беше на мета на многу европски гиганти.
Милан успеа да ја победи конкуренцијата и за неговиот потпис ќе плати 10 милиони евра, а во следните денови играчот ќе пристигне на прегледи во Милано.
Адли е продукт на школата на ПСЖ, но во последните две години блесна во дресот на Бордо.
Тој е младински репрезентативец на Франција и може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а се одликува со голема техника и преглед на играта.
„Росонерите“ во него гледаат идеална алтернатива за Бенасер во средниот ред, а Адли ќе потпише 5-годишен договор со клубот од „Сан Сиро“.
Во Борусија Дортмунд одушевени од Ерлинг Халанд
Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна, верува дека неговиот соиграч, Ерлинг Халанд, кој имаше блескава партија на мечот со Ајнтрахт , може да биде еден од најдобрите на сите времиња.
„Тој постојано напредува и секој ден додава нешто ново во неговиот репертоар. Може да биде неверојатен“, вели Рејна кој се осврна и на атмосферата кај „милионерите“ кои се меѓу фаворитите за титулата во Бундеслигата.
„Хемијата во нашиот тим е најдобра откако сум во Дортмунд“, објасни како размислува Рејна.
Вајли: Да ја завршиме работата до крај!
Џејкоб Вајли знае како треба да одиграме вечерва во решавачкиот натпревар за првото место на табелата во групата „Ф“ и пласманот во квалификациите за Светскиот Куп 2023 години кои стартуваат веќе од ноември.
Американецот со македонски пасош вели дека на дуелот со Словаците треба да му пристапиме максимално мотивирано, и пред се, колективно.
„Нема тука што посебно да се зборува. Треба да продолжиме со игрите од претходните два натпревари. Сите да го вложиме својот максимум од можностите, и со една тимска работа да стигнеме до потцртаната цел. Да го завршиме овој турнир со уште една силна игра, и на првото место“.
Но силното крило на нашиот национален тим знае дека не смее да има никакво олабување против екипата која пред неколку дена ја совладаваме убедливо, со 22.поени разлика.
„Во никој случај, погледнете што се случи на вчерашниот меч со Швајцарија. Тие ги потценија во последниот период и за малку ќе беа казнети. Словаците се доста жилава, еластична екипа, постојано вртат една игра, не се откажуваат од тоа, дури и кога губат. И ние ќе мора да играме заедно и добро во текот на сите 40.минути. Да немаме преголеми падови во играта како на некои од претходните натпревари. Мене не ме интересираат никакви математики. Гледам и очекувам само победа и ништо друго. Тоа е патот до успехот“- смета Вајли пред вечерашниот последен меч на турнирот во Скопје.
Локатели пристигна на лекарски прегледи во Торино
Јувентус и Сасуоло вчера конечно постигнаа договор за трансфер на Мануел Локатели.
Италијанскиот репрезентативец беше примарна цел на „старата дама“ и после долги преговори двата клуба конечно најдоа заеднички јазик.
23-годишниот плејмејкер денес пристигна во Торино, а откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе стави потпис на договор до 2026 година.
Јувентус за неговиот потпис ќе плати 35 милиони евра, но трансферот ќе почне да ги исплаќа од 2023 година.