feature

Нори со шампионска титула во Индијан Велс

Британскиот тенисер, Камерон Нори е овогодишен победник на Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс. 

Нори, ја освои титулата соовладувајќи го Николоз Басилашвили од Грузија, со 2:1 во сетови, откако направи одличен пресврт на натпреварот. Басилашвили го доби првиот сет со 6: 3, но ги загуби другите два со 6: 4 и 6: 1 и трофејот отиде во рацете на Британецот Нори.

Ова е прва Мастерс титула во кариерата за Камерон Нори, со која освои нови илјада поени на АТП листата и чек од 1.209.703 УСД.


Навас под знак прашалник за дуелот со РБ Лајпциг

Голманот на Париз Сен Жермен, Кејлор Навас, по се изгледа ќе го пропушти натпреварот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, пренесуваат медиумите во Франција.

 34-годишниот голман заработи повреда додека бранеше за својата Костарика. Навас го пропушти и натпреварот на ПСЖ против тимот на Анжер  во првенството на Франција. 

Средбата против германскот РБ Лајпциг е закажан за 19 октомври во Париз, на Паркот на принцовите. 


Недвед отворено ја критикуваше УЕФА за финансискиот фер-плеј

Павел Недвед испрати критики кон Европската фудбалска унија (УЕФА) поради финансискит фер-плеј. Јувентус застана против УЕФА кога со Барселона и Реал Мадрид се издвои како еден тимовите кои најмногу се залагаа за Суперлигата. На крајот УЕФА не можеше да направи ништо затоа што се донесе одлука дека нема основа за казна.

Главната идеја на Суперлигата беше за големите клубови да добијат поголема стабилност во функционирањето.

„Не знам што УЕФА гледа, но финансискиот фер-плеј кој постои нема врска. Едноставно не функционира. Целта на него е да се троши толку колку што ќе се заработи меѓутоа во реалноста тоа не е така, секој прави што сака и троши колку сака. Сигурно дека нешто треба да се промени“, изјави Недвед.


Солскјер: Моите фудбалери треба да се погледнат во огледало

Екипата на Манчестер Јунајтед направи серија лоши резултати, а позицијата на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер е веќе разнишана. Тој им порача на своите фудбалери дека треба да се погледнат во огледало и да направат се за да си одговорат на прашањето каде погрешиле.

„Нашиот настап не беше доволно добар. Мораме да го разгледаме целокупното однесување на тимот. Не треба да го сфаќаме како знак на будење, бидејќи веќе го имавме. Играчите треба да се погледнат во огледало, бидејќи јас веќе го направив тоа и да одговорат соодветно на она што се случи. Хари Мегваер е важен играч за нас, тој е нашиот капитен. Работеше напорно со физиотерапевтите и немаше лоша реакција, па решив да ризикувам. Некогаш функционира, некогаш не. Откако примивме четири гола, сега ми е јасно дека донесов погрешна одлука“, објасни Солскјер.

Тешката програма за Манчестер Јунајтед продолжува затоа шро ќе биде домаќин на Аталанта, по што ќе му гостува на Ливерпул.


Хјустон го отпушти плејмејкерот Ексум

Тимот на Хјустон Рокетс реши да го отпушти кошаркарот од Австралија, Данте Ексум.

Плејмејкерот Ексум никогаш и не заигра за екипата од Тексас, поради повреда на листот во предсезоната.

Инаку Данте Ексум беше петти пик на Јута Џез на НБА драфтот во 2014 година. 


Зидан би му ја доделил Златната топка на Бензема

Легендарниот француски фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го сподели својот фаворит за добивање на наградата  Златна топка.

“Карим Бензема заслужува да ја добие Златната топка. Тој е неверојатен фудбалер. Ја имав честа да го тренирам. Знае апсолутно се на теренот. Карим игра на врвно ниво. Се надевам дека ќе биде награден. Посакувам тој да ја добие Златната топка “, вели славниот Зидан за францускиот Телефут.

33-годишниот Французин во тековната сезона има одиграно 8 натпревари за Реал, на кои постигна 9 гола и забележа 7 асистенции, а пред неколку дена со Франција ја освои и Лигата на нации.

Церемонијата за доделување на Златната топка која ја организира Франс фудбал,ќе се одржи на 29 ноември во Париз.


Голман на натпревар си го истепа соиграчот (Видео)

На натпреварот во фудбалската лига на Северна Ирска, помеѓу екипите на Гленторан и Колерејн, беше забележан невиден инцидент.

Имено, после голот кој го постигна тимот на Колерејн, голманот на домашната екипа, Арон Меки, се нафрли на својот соиграч, Боби Барнс, и почна физички да го напаѓа.

 После инцидентот, голманот Меки, доби директен црвен картон и го напушти теренот. Натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2. 

https://twitter.com/i/status/1449439816953868291



Ибрахимовиќ – Вие одите, а јас летам

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, после натпреварот против Верона објави пост на Инстаграм во негов стил .

 40-годишниот Ибрахимовиќ објави фотографија од натпреварот на која изведува популарни “ножички“ и напиша  „Ти одиш, а јас летам“.



Нури Сахин објави крај на играчката кариера

Играчот за врска на Анталијаспор, Нури Сахин објави крај на својата играчка кариера. “Нема повеќе да играм фудбал “, изјави Нури за шпанскиот весник  АС.

Сахин , во текот на месецов беше назначен за тренер на турскиот тим.

33-годишниот Нури Сахин професионалната кариера ја започна во екипата на Борусија Дортмунд на свои 16 години. Во кариерата настапуваше и за екипите на Феенорд, Реал Мадрид, Ливерпул и Вердер Бремен.


Вилијамсон има повреда на стапалото, ќе го пропушти стартот на НБА сезоната

Зајон Вилијамсон ќе го пропушти почетокот на сезоната во НБА лигата поради повреда на стапалото, за која исто така беше потребна операција за време на предсезоната.

Дејвид Грифин, потпретседател на „Пеликанс“, вели дека лекарите се охрабрени од начинот на кој коската закрепнува, но сепак, нема точен датум кога Вилијамсон ќе се врати на терените. Првите претпоставки се дека тоа ќе се случи за две и пол недели, кога Зајон повторно ќе биде прегледан.
„Целта на сите нас е Зајон да се врати на теренот што е можно побезбедно. Тој сигурно нема да биде на теренот првата недела од сезоната“, изјави Грифин.