feature

Аспиликуета се сели на „Камп Ноу“ следното лето

Дефанзивецот на Челзи, Цезар Азпиликуета може да се пресели во Барселона. Според извори до каталонскиот клуб, се очекува Барса да го донесе дефанзивецот следното лето, кога тој може да стане слободен играч. Покрај тоа, Барселона е заинтересирана за уште еден дефанзивец на лондончани, Андреас Кристенсен.

Во септември беше објавено дека Челзи планира да го продолжи договорот со Азпиликуета. Клубот е подготвен да му понуди договор на шпанскиот фудбалер до 2023 година со можност за дополнително продолжување за уште една сезона.


Костиќ ќе биде првото засилување на новиот Њукасл

Филип Костиќ е трансфер цел на Њукасл, објави германски „Билд“.

По неуспешниот трансфер во Лацио летово, офанзивниот фудбалер остана во Франкфурт, каде повторно има одлични игри, па англискиот клуб кој има новибогати сопственици во него гледа на едно рационално засилување оваа зима.

Новото раководство на Њукасл сака целосно да го промени тимот, па сега се во потрага по нови засилувања. Доколку „страчките“ одлучат да испратат официјална понуда за српскиот репрезентативец, Ајнтрахт тешко дека ќе може да одолее финансиски.


Манчестер Сити можна дестинација на Левандовски

Дека екипата на Манчестер Сити е можна нова дестинација на Роберт Левандовски, признава и менаџерот на голгетерот на Баерн, Пини Захави.

Левандовски има важечки договор со Баерн до 2023 година, но во летниот трансфер период самиот тој призна дека би можел да ја промени средината и да се испроба во англиската Премиер лига.

Доколку Манчестер Сити и во јануари не успее да го доведе Хари Кејн од Тотенхем, тогаш како приоритетен трансфер  би можел да биде  купување на 33-годишниот Левандовски кој би пристигнал на лето.


Покетино: Мбапе може да се премисли и да остане во ПСЖ

)

Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурисио Почетино верува дека Килијан Мбапе би можел да се премисли и да остане во клубот од Париз.

„Килијан ќе ја донесе одлуката што треба да ја донесе, но клубот ќе стори сé за да го задржи. ПСЖ може да го убеди да остане. Можеби на крајот и ќе се премисли “, изјавува Почетино за Скај.

Шпанските медиуми во текот на летото објавија дека Реал понудил 200 милиони евра за 22-годишниот француски напаѓач, но дека Париз Сен Жермен ја одбил понудата.

Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а во јануари е слободен да преговара со други клубови, и да го напушти Париз како слободен играч.


Бартомеу: Не е се така црно во Барса

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу, изјави дека ситуацијата во клубот не е толку лоша како што се прикажува во јавноста.

Во интервју за Мундо Депортиво, една година откако го напушти клубот, Бартомеу зборуваше за бројните проблеми со кои во моментов се соочува каталонскиот гигант.

“Ковид пандемијата го погоди клубот во март 2020 и одтогаш приходите на клубот драстично се намалија. Барселона започна да губи многу пари , и немаше доволно средства за плаќање на обврските. Сакам да му соопштам на сите навивачите на Барса дека ситуацијата не така лоша како што тоа го презентира моменталната администрација на клубот. Ваквата финансиска ситуација се должи само на кризата со корона вирусот“, изјави Бартомеу.


Реал фаворит за потписот на Рудигер

Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.

„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.б Ситуацијата ја следат Реал Мадрид, Тотенхем, Баерн Минхен и ПСЖ, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето.

Шпански „АС“ тврди дека Реал сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.


Шенгелиа се повреди и ќе отсуствува подолг период

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Токо Шенгелиа, поради повреда на рамото ќе паузира најмалку два месеци, објави клубот во официјално соопштение. 

Шенгелија го повреди зглобот на десното рамо на натпреварот на неговата екипа против Зенит од Санкт Петербург во рамките на Евролигата. 

Според првичните проценки на лекарите, Шенгелиа ќе отсуствува најмалку два месеци. 

Шенгелиа беше прогласен за МВП во последните две кола, и беше втор најдобар стрелец во лигата со просек од 21 поен по натпревар. 


Повредата на Адеми е сериозна, го чека пауза од неколку месеци

Аријан Адеми се повреди при еден дуел со Каи Хаверц на мечот меѓу Македонија и Германија. Излезе од теренот, но се врати и се чинеше дека се е во ред со него, сепак после неколку минути мораше да биде заменет. Со оглед на тоа што се врати првично во игра првите прогнози беа дека не станува збор за нешто сериозно, но не е така.

Адеми заработил потешка повреда на зглобот и ќе мора да паузира 2-3 месеци, според хрватските медиум тој ќе се врати за пролетниот дел од сезоната.

Капитенот на Динамо ќе ги пропушти преостанатите европски мечеви на хрватскиот тим до крајот на оваа година, ќе се врати за нокаут фазата.

Тој ги пропушта и последните два меча на Македонија во квалификациите за СП, дуелите против Ерменија и Исланд.


Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски ја продолжи соработката со својот сегашен клуб АЕК Ларнака до јуни 2024 година. 

Тричковски настапува за екипата на АЕК од 2016 година. Македонецот е  капитен и најдобар стрелец на кипарскиот клуб, со вкупно постигнати 119 голови во сите натпреварувања.

https://twitter.com/AEKLARNACA/status/1448901051663458304?s=20

Артета одговори на обвинувањата на Анри

Тиери Анри испрати критики кон Микел Артета, Анри изјави дека не е сигурен дали тимот под водство на Артета оди во вистинска насока.

„Не знам дали вака работите одат во добра насока за клубот. Против Брајтон го гледав натпреварот и сакав да видам дали можеме да ја зачуваме топката, да го задржиме поседот. Мислам дека имавме проблем“, гласеше изјавата на Французинот кој во дресот на Арсенал постигна 228 голови

Новинарите го запрашаа Артета да даде коментар на изјавата на Анри.

„Тоа е само уште едно мислење кое јас го почитувам како и секое друго“, изјави Артета.