feature

Бартомеу: Не е се така црно во Барса

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу, изјави дека ситуацијата во клубот не е толку лоша како што се прикажува во јавноста.

Во интервју за Мундо Депортиво, една година откако го напушти клубот, Бартомеу зборуваше за бројните проблеми со кои во моментов се соочува каталонскиот гигант.

“Ковид пандемијата го погоди клубот во март 2020 и одтогаш приходите на клубот драстично се намалија. Барселона започна да губи многу пари , и немаше доволно средства за плаќање на обврските. Сакам да му соопштам на сите навивачите на Барса дека ситуацијата не така лоша како што тоа го презентира моменталната администрација на клубот. Ваквата финансиска ситуација се должи само на кризата со корона вирусот“, изјави Бартомеу.


Реал фаворит за потписот на Рудигер

Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.

„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.б Ситуацијата ја следат Реал Мадрид, Тотенхем, Баерн Минхен и ПСЖ, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето.

Шпански „АС“ тврди дека Реал сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.


Шенгелиа се повреди и ќе отсуствува подолг период

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Токо Шенгелиа, поради повреда на рамото ќе паузира најмалку два месеци, објави клубот во официјално соопштение. 

Шенгелија го повреди зглобот на десното рамо на натпреварот на неговата екипа против Зенит од Санкт Петербург во рамките на Евролигата. 

Според првичните проценки на лекарите, Шенгелиа ќе отсуствува најмалку два месеци. 

Шенгелиа беше прогласен за МВП во последните две кола, и беше втор најдобар стрелец во лигата со просек од 21 поен по натпревар. 


Повредата на Адеми е сериозна, го чека пауза од неколку месеци

Аријан Адеми се повреди при еден дуел со Каи Хаверц на мечот меѓу Македонија и Германија. Излезе од теренот, но се врати и се чинеше дека се е во ред со него, сепак после неколку минути мораше да биде заменет. Со оглед на тоа што се врати првично во игра првите прогнози беа дека не станува збор за нешто сериозно, но не е така.

Адеми заработил потешка повреда на зглобот и ќе мора да паузира 2-3 месеци, според хрватските медиум тој ќе се врати за пролетниот дел од сезоната.

Капитенот на Динамо ќе ги пропушти преостанатите европски мечеви на хрватскиот тим до крајот на оваа година, ќе се врати за нокаут фазата.

Тој ги пропушта и последните два меча на Македонија во квалификациите за СП, дуелите против Ерменија и Исланд.


Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски ја продолжи соработката со својот сегашен клуб АЕК Ларнака до јуни 2024 година. 

Тричковски настапува за екипата на АЕК од 2016 година. Македонецот е  капитен и најдобар стрелец на кипарскиот клуб, со вкупно постигнати 119 голови во сите натпреварувања.

https://twitter.com/AEKLARNACA/status/1448901051663458304?s=20

Артета одговори на обвинувањата на Анри

Тиери Анри испрати критики кон Микел Артета, Анри изјави дека не е сигурен дали тимот под водство на Артета оди во вистинска насока.

„Не знам дали вака работите одат во добра насока за клубот. Против Брајтон го гледав натпреварот и сакав да видам дали можеме да ја зачуваме топката, да го задржиме поседот. Мислам дека имавме проблем“, гласеше изјавата на Французинот кој во дресот на Арсенал постигна 228 голови

Новинарите го запрашаа Артета да даде коментар на изјавата на Анри.

„Тоа е само уште едно мислење кое јас го почитувам како и секое друго“, изјави Артета.


Валдано: Убеден сум дека Раул ќе биде голем тренер

Хорхе Валдано, поранешниот фудбалер, тренер и директор на Реал Мадрид, вели дека Раул е најинтелигентниот кој ги бранел боите на шпанскиот состав.

„Фудбалската интелигенција ја демонстрираше на теренот. Немам видено посовршена интелигенција. Ако еден ден има војна, Раул ќе оди во битка со знамето на Реал Мадрид. Како тренер, сигурен сум дека ќе биде еден од најдобрите во историјата. Има неверојатна енергија каква што имаат Гвардиола, Мурињо, Симеоне“, вели Валдано.


Ливерпул заинтересиран за Рафиња

Ливерпул е сериозно зинтересиран за Бразилецот кој настапува во дресот на Лидс, Рафиња. Оваа информација ја потврдува поранешниот фудбалер на Барса и Челзи, Деко, кој сега работи како менаџер на Рафиња.

“Сигурно има многу клубови кои се заинтересирани за него. На Ливерпул му се допадна и имаше некои прашања, но ништо официјално. Лидс сакаше да го задржи уште една сезона.

 Рафиња е среќен во Лидс, но ќе дојде момент кога ќе сака да го направи следниот чекор во кариерата. Има договор за уште три години, но во него нема ништо што би спречило евентуален трансфер во Ливерпул.

Клубот е свесен за ситуацијата и ќе сака да го продаде и да заработи голема сума, сигурно и  Рафиња со евентуален премин во Ливерпул ќе сака да напредува во кариерата“, изјавува Деко. 


Фиорентина го пикира Борха Мајорал како замена за Влаховиќ

Фиорентина покажува интерес за напаѓачот на Рома, Борха Мајорал, кој е на позајмица во римскиот клуб.

Според информациите од Италија, интересот на „Виолетовите“ за 24-годишниот шпански напаѓач не е поврзан со ситуацијата околу главниот напаѓач и најдобар стрелец на тимот, Душан Влаховиќ. Ќе потсетиме, српскиот фудбалер претходно одби да го продолжи договорот со клубот.

Мајорал се смета за алтернатива на рускиот напаѓач Александар Кокорин. Шпанецот потекнува од школата на Реал Мадрид. Оваа сезона, напаѓачот одигра 2 натпревари за Рома, во кои мина 20 минути на теренот.


Рахим Стерлинг незадоволен од статусот на резерва

Играчот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, изјави дека не е задоволен од неговиот статус на резерва и постои можност да го напушти актуелниот шампионот на Премиер лигата. Стерлинг нема ништо против кариерата да ја продолжи надвор од Островот.

“Ако имам можност да одам некаде каде што ќе играм редовно, би размислил за тоа. Како што кажав многу пати досега, играњето фудбало ми е најважно. Бидејќи сум од Англија, целата кариера досега ми е во Премиер лигата. „Отсекогаш мислев дека би било добро да се испробам во уште едно првенство надвор од мојата земја за да видам дали можам да се справам со таков предизвик“, вели Стерлинг во интервју за „Индипендент“.

„Јас не сум од оние луѓе што се жалат. Не се обидувам да кревам врева за ситуацијата во која се наоѓам. Работам и го правам она што е потребно. Сакам само редовно да играм и да постигнувам голови “, додава Стерлинг.