feature

Челзи сака да го врати Азар на „Стемфорд бриџ“

Еден Азар може да се врати во Челзи. Лондонскиот клуб е заинтересиран да го врати напаѓачот во својот состав. Се вели дека клубот веќе започнал преговори со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез околу евентуален трансфер на белгискиот напаѓач. Еден Азар се пресели во Реал Мадруд летото 2019 година за 115 милиони евра. Пред тоа, седум години ги бранеше боите на Челзи, а на почетокот на кариерата играше за Лил.

Постоечкиот договор на Азар со Реал Мадрид е до 2024 година. Во тековната сезона на шпанското првенство, Азар учествуваше на седум натпревари, на кои постигна еден гол. Исто така има одиграно и еден во Лигата на шампионите, каде што не постигна гол или имаше асистенција.


Попович заминува од Сан Антонио следното лето

Грег Попович може да се повлече од тренерската функција во Сан Антонио по завршувањето на сезоната 2021/22. 72-годишниот кошаркарски стручњак треба да победи уште 26 натпревари за да го сруши рекордот на Дон Нелсон и да избие на врвот во историјата на НБА по бројот на победи како тренер.

Попович сега е на третото место со 1.310 победи, зад Дон Нелсон (1.335) и Лени Вилкенс (1.332).

Актуелниот помошник тренер на Бостон, Вил Харди се смета за најверојатен кандидат за наследник на Попович во случај на негово заминување. Поранешните играчи на Спарс, Тим Данкан и Ману Џинобили исто така, претендираат на тренерското место на тимот од Тексас.


Вујовиќ: Комплетни сме и првпат фаворити оваа сезона

Вардар утре го очекува натпревар со Монпелје во рамките на Лигата на шампионите, а овој дуел се игра утре од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, и е дел од четвртото коло во групата А.

Пред овој натпревар тренерот Веселин Вујовиќ рече дека ќе може да смета на сите ракометари и до последен момент ќе размислува со кој состав ќе излезе на мегдан против Монпелје.

„Имам високо мислење за Монпелје. Сметам дека е историски тим, кој е достоен за респект. Ќе биде исклучително тежок натпревар и ќе нѝ биде потребна сета помош, особено од навивачите. Вардар е во одличен момент досега нема пораз во Лигата на шампионите, а имам проблем да изберам со кои 16 ќе истрчаме утре затоа што за првпат немаме проблеми со повреди и сите ги имам на располагање. Вардар е за првпат фаворит на еден меч, иако знаеме дека не чека тежок и интересен дуел. Одбраната секако повторно ќе биде клучна. Тешко е да добиете натпревар на кој ќе постигнете само 24-25 гола. Наша цел е да играме силна одбрана и тоа да ни овозможи да немаме паника во нападот. Ни помага тоа што и голманите беа на нивото изминатите неколку натпревари“, изјави Вујовиќ.

Досега Вардар и Монпелје имаат одиграно три натпревари во кои „црвено-црните“ имаат две победи и едно реми. Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.


Дани Алвеш има понуди од шест земји

Дани Алвеш е на одмор во Европа и планира да му се придружи на својот нов тим во текот на зимскиот преоден рок. 38-годишниот Дани Алвеш добил понуди од клубови во САД, Бразил, Аргентина, Саудиска Арабија и Катар.

Ќе потсетиме, по Олимписките игри во Токио, Дани Алвеш изјави дека Сао Паоло го одложил плаќањето на долгот кон него. После тоа, односот помеѓу играчот и клубот се влоши. Фудбалерот одби да се врати во тимот додека не ги добие ветените пари. Во август 2019 година, бразилскиот дефанзивец потпиша договор со Сао Паоло, според кој платата на Алвеш изнесуваше 280 илјади долари месечно.

Договорот на Бразилецот беше со важност до декември 2022 година. Во септември, бразилскиот дефанзивец објави дека нема да се пресели во ниту еден клуб до крајот на 2021 година.


Серхио Рамос спремен за игра

Шпанскиот дефанзивец, Серхио Рамос, конечно се опорави од повредата и се очекува овој викенд да дебитира во дресот на Париз Сен Жермен.

Бившиот капитен на Реал Мадрид долго време се мачи со повреди што беше и една од причините зошто “Кралскиот клуб“ се одлучи да не ја продолжи соработката со Рамос.

Веднаш по неговиот трансфер во екипата на ПСЖ кој се реализира ова лето, Серхио Рамос ја обнови повредата на мускулот и мораше да паузира дополнителни три месеци, но сега конечно е спремен за враќање на теренот.


Атлетико Мадрид најблиску до потписот на Инсиње

Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е нејасна, откако одби да го продолжи договорот со Наполи. Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од продолжување на соработката.

Како што се наведува малку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра, па сигурно ќе замине без обештетување на крајот на сезоната.

Инсиње во последните недели се поврзуваше со неколку италијански клубови, но медиумите тврдат дека најконкретен е интересот на Атлетико Мадрид.


Левандовски: Многу научив од Пеп Гвардиола во Баерн

Роберт Левандовски истакна дека многу напредувал под палката на Пеп Гвардиола. Полскиот напаѓач три сезони работеше со Гвардиола во Баерн Минхен, од 2013 до 2016 година и призна дека од тогаш на фудбалот гледа поинаку.

„Тој ме научи да гледам на фудбалот поинаку. Ми укажа на движењата и тактиките, како да ги користам. По работата со Гвардиола, размислувам поинаку во фудбалот, бидејќи играта ја гледам од поинаков агол. Разбирам кој греши, кој игра подобро, како да се биде чекор пред противникот. Разговаравме, тој често ми објаснуваше тактика. Еднаш ми рече: „Не можам да ти помогнам да станеш посилен како напаѓач, затоа што веќе си добар, но можам да му помогнам на тимот да ја внесе топката во казнениот простор, и таму веќе знаеш што да правиш“, открива Левандовски.


Донарума со тетоважа на Милан за мир со навивачите

Џиџи Донарума, актуелниот голман на репрезентацијата на Италија и бивш член на Милан беше пречекан со свирежи и негодувања од навивачите во Милано на средбата помеѓу Италија и Шпанија во Лигата на нации.

За да ја смири ситуацијата со навивачите тој деновиве стави и привремена тетоважа на својата рака, на која стои грбот на Милан.

Останува да видиме дали ќе ја избриши или ќе ја остави тетоважата при неговото враќање во ПСЖ.


Јувентус тргнува по Ван де Бек

Екипата на Јувентус во зимскиот преоден рок би можела да тргне во купување на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек. 

24- годишниот Холанѓанец, Ван де Бик, пристигна во Манчестер Јунајтед од редовите на Ајакс, во летото 2020 година. Иако важеше за еден од најдобрите млади играчи во Европа, тренерот Солскјер никогаш не му даде доволен простор и можност да настапува во првиот тим на Јунајтед. 

Од неговото доаѓање во Јунајтед, Ван де Бек има започнато само на 4 натпревари и се чини дека неговото незадоволство ќе го натера да го напушти клубот од “Олд Трафорд“.


Ковид-19 го нападна Штутгарт, „швабите“ останаа без ниту еден голман

Штутгарт пријави дури петти фудбалер заразен со ковид-19. Станува збор за голманот Флоријан Милер кој замина во изолација.

Бидејќи неговиот заменик, Фабијан Бредло, беше еден од претходните четворица играчи што беа ставени во карантин,  тренерот Пелегрино Матерацо остана без чувар на мрежата за саботното гостување кај Борусија Менхенгладбах).

Кај популаните „шваби“ досега се заболени и: дефанзивецот Валдемар Антон, крилото Ерик Томи и играчот од средниот ред Роберто Масимо.