feature

Првакот на Франција размислува за слободни трансфери следното лето

ПСЖ сака да го засили својот тим во летниот преоден рок главно преку ангажирање на слободни агенти. Во текот на летото 2021 година, напаѓачот на Барселона – Лионел Меси, дефанзивецот на Баерн – Давид Алаба, Мемфис Депај, Жоржоњо Вајналдум планираат да ги купат како слободни играчи. Сепак, приоритет е да се задржат клучните играчи. Според одредени извори, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо размислува за обновување на договорите со Нејмар, Килијан Мбапе, Анхел ди Марија, Хуан Бернат и евентуално Jулијан Дракслер.


Семенија ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права

Двократната олимписка шампионка на 800 метри, Кастер Семенија, ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права откако ИААФ донесе одлука за ограничувањето на присуството на тестостерон во телото на атлетичарите. По промената на правилата во 2019 година, Семениа не може да учествува во сите дисциплини од 400 метри до една милја без да зема лекови кои го намалуваат нивото на тестостерон. Јужно-африканката претходно ја изгуби битката и со Врховниот суд во Швајцарија. Специјализираниот спортски арбитражен суд исто така ја одби жалбата на Кастер по усвојувањето на правилото во 2019 година.


Аргентинецот Ло Селсо од следната сезона се сели во Мадрид?

Џовани Ло Селсо беше на мета на Атлетико Мадрид уште во 2019 година кога блесна во Бетис.
Уште тогаш се пишуваше дека „јорганџиите“ можат да испратат понуда за аргентинскиот играч за врска. На крајот Тотенхем понуди 30 милиони евра и го убеди тимот од Андалузија да го пушти играчот кој покрај Атлетико беше мета и на други европски клубови. Меѓутоа, сега Ло Селсо нема некоја важна улога под водство на Мурињо.
Ло Селсо одигра 19 натпревари оваа сезона и во нив постигна пет голови и подели една асистенции. Има само 24 години и го губи трпението, а враќање во шпанскиот фудбал за него би можело да биде добро.


Диего Карлос од Севиља е прва желба на Реал Мадрид

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец. Иднината на Серхио Рамос е нејасна, но без разлика дали капитенот ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“, сепак „кралевите“ сакаат да донесат нов дефанзивец. Милитао не ги оправда очекувањата, па Зидан сака да донесе нов врвен дефанзивец, а примарна цел е Диего Карлос од Севиља. 27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.


Пресврт во преговорите, Рамос останува во Реал Мадрид?

Шпанска „Марка“ пишува за можни промени во ситуацијата помеѓу Реал Мадрид и Серхио Рамос. „Марка“ ексклузивно пренесува дека Рамос и Перез ќе ги продолжат преговорите со надеж дека сепак ќе најдат заеднички јазик. Медиумите тврдеа дека Рамос ги одбил сите понуди на Реал за нов договор и дека ќе си замина на крајот на сезоната како слободен агент. Меѓутоа, добро информираната „Марка“ тврди дека капитенот му дава предност на Реал и дека преферира да остане на „Сантиаго Бернабеу“.


Кои се условите за Меси да остане во Барселона?

Лионел Меси им најавил на претседателските кандидати на Барселона дека може да остане во клубот, само ако во летниот преоден рок бидат ангажирани неколку врвни засилувања кои би гарантирале на одреден начин, атак на сите титули во новата сезона.
Меси ова лето останува без договор со Барселона, бара најмалку четири нови соиграчи меѓу кои издвоени се Вајналдум, Алаба и Агуеро како и Канте и Гаја.
Фонт, Фреиша и Лапорта се кандидатите за нов претседател на Барселона, а „Марка“ тврди дека таткото на Меси веќе им соопштил каков е планот на капитенот на „каталонците“ и кои се неговите желби.
ПСЖ и Манчестер Сити во меѓувреме чекаат на одлуката на Меси за тоа дали ќе остане во Барселона или е подготвен за промена.


Лаутаро беше на чекор од трансферот на кариерата!

Лаутаро Мартинез во текот на целата 2020. година беше поврзуван со Барселона, а сега откри дека беше блиску до трансфер на Камп Ноу.
Тој за Газета дело Спорт изјави дека неговите агенти работеа на тој трансфер, кој на крај не се случи. Секако, Барселона немаше финансии по пандемијата, мораше да ја плати клаузулата од 111 милиони евра, што беше невозможно минатото лето.
„Вистина е, моите агенти и јас преговаравме со Барселона минатата година, тоа беше патот по кој одевме. Не можам да кажам колку бевме блиску до реализација, но знам дека тоа сега е минато. Сакам да го продолжам мојот договор со Интер.“ – изјави Лаутаро.
Истовремено, откриено е дека Лаутаро ги потврди личните услови во петгодишниот договор со Барселона, но клубовите не дојдоа до договор.
Барселона се обидуваше да испрати во Интер тројца фудбалери, Артуро Видал, Жуниор Фирпо и Жан-Клер Тодибо, но Интер инсистираше на клаузулата.


Евротип предлог тикет – Недела 28.02.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 70 коефициент:

Шефилд Јунајтед – Ливерпул | 2-2
Идеален натпревар за прекинување на црната серија на шампионот на Англија. По подолго време Клоп имаше дури осум дена за подготовка на натпреварот и во таква клима не би требало да си дозволи луксуз да не го победи убедливо најслабиот домаќин во лигата. Верувам во победа со многу голови разлика на „црвените“.

Динамо – Славен Белупо | 1, 1+ПП&1+ВП
Традиционално гостите од Копривница лошо минуваат на „Максимир“. По успехот во Лига Европа, екипата на нашите Адеми и Ристовски има идеален натпревар за продолжување на победничката серија. Верувам дека бодовите ќе останат во Загреб.

Баер Леверкузен – Фрајбург | 1, 2+ПП
Европската елиминација на Баер Леверкузен беше големо изненадување, а ако се придодаде ремито во последен час во Аугсбург минатиот викенд, екипата на Бош не е во најдобра форма. Затоа им треба лесна и убедлива победа за нов почеток. Фрајбург е екипа која возвраќа и игра офанзивен фудбал. Очекувам натпревар со многу голови.

Наполи – Беневенто | 1
Засилено се ниша клупата на Рино Гатузо, а елиминацијата од Европа беше силен удар за младиот тренер. Беневенто му откина два бода на Рома, но не верувам во подвиг на „Сан Паоло“.

Виљареал – Атлетико Мадрид | 2
По двата кикса против Леванте, лидерот во Примера има тешко гостување кај Виљареал. Сепак, тимот на Симеоне знае да ги игра овие натпревари, а умее и под притисок. Верувам дека „жолтата подморница“ ќе биде и малку уморна по европскиот натпревар против Ред Бул Салцбург.


Мартинез: Конте го направи Лукаку најдобар светски напаѓач

По одличната етапа која ја имаше како менаџер во Премиер лигата, Роберто Мартинез веќе петта година е селектор на репрезентацијата која има најголем подем во изминатата деценија, селекцијата на Белгија која произведе навистина огромен број на фудбалски ѕвезди.
Една од нив секако е Ромелу Лукаку кој доживува втори ѕвездени моменти во италијанската Серија А.
„Лукаку во овој момент постигнува голови како што малкумина го прават тоа во фудбалска Европа. Креира голови и постигнува погодоци, креира и погодува, едноставно не престанува да го прави тоа. Тој пристигна во Милано во вистински момент, сега стана комплетен фудаблер и напаѓач, а тоа е така благодарение на Антонио Конте. Денеска не постои посилен и помоќен напаѓач од него“, рече белгискиот селектор.


Реал го продава Варан, позната цената, но и неговата замена!

Иако веќе една деценија е незаменлив, Рафаел Варан би можел да го напушти Реал Мадрид. Оваа вест ја пласираше мадридски „Ас“, кој истакнува дека зад трансферот се крие желбата на Варан за нови предизвици, но и тоа што е еден од најскапите играчи со чија продажба клубот би можел да направи реконструкција.
Проблем е тоа што Варан се уште не сака да го продолжи договорот кој му истекува во 2022. година, па претстојното лето е последниот момент за Реал да заработи од негова продажба.
Наводно, Реал бара 70 милиони евра и верува дека би можел да ги добие за услугите на дефанзивецот. Дел од овој план е и желбата на Реал да го доведе Жил Кунде, веројатно потенцијално најбараниот дефанзивец, чија клаузула во Севиља изнесува 90 милиони евра.
Не треба да се заборави и дека Реал има начелен договор со Давид Алаба, а и Серхио Рамос повторно е блиску до продолжување на договорот.
Со продажбата на Варан, Реал би можел да направи стоперски тандем Кунде-Рамос, додека Алаба ќе игра како стопер и лев бек.