feature

Миранчук од Аталанта ќе биде прво засилување за Шева во Џенова

Андреј Шевченко седна на клупата на Џенова, а веќе се најавуваат и можните засилувања во овој тим. Според последните информации едно од првите засилувања би можел да биде Алексеј Миранчук кој не е во плановите во редовите на Аталанта.

Миранчук во септември минатата година потпиша за Аталанта како големо засилувања од Локомотив Москва за сума од 15 милиони евра. Сепак, во Бергамо не ги оправда очекувата.

Најавите се дека Миранчук ќе пристигне прво на позајмица со можност за откупување на договорот.


Борусија Дортмунд сака да го позајми Мароканецот Зијеч

Хаким Зијеч сака да направи транфер во текот на зимскиот период бидејќи ја нема посакуваната минутажа во редовите на Челзи, најавија дел од медиумите.

27-годишниот играч беше купен од Ајакс како големо засилување , но, не успеа да се наметне во редовите на „сините“.

Според наведеното, за неговите услуги е заинтересирана екипата на Борусија Дортмунд. Наводно, луѓето од Германија стапиле во контакт со неговиот агент задолжен за трансфери.


Барселона припрема сензационален трансфер за Тимо Вернер

Според информациите кои ги пренесува шпанска „Марка“, раководството на Барселона покажува интерес за доведување на напаѓачот од Челзи, Тимо Вернер.

Од весникот посочуваат дека клубот од „Ноу Камп“ сака во зимскиот период да се засили со купување на централен напаѓач како замена за Кун Агуеро, а како посакувана опција се споменува Германецот Тимо Вернер.

Во прилог на Барселона оди фактот што 25-годишниот Вернер не добива голема минутажа во тимот на Томас Тухел и падна во втор план по доаѓањето на Ромелу Лукаку во Челзи.


Флорентино: Ибра сака само пари, а не трофеи

Флорентино Перез откри дека имал средба со Златан Ибрахимовиќ додека играше за ПСЖ, но, бил крајно разочаран од односот на шведската фудбалска легенда.

„Сакав да игра во тандем со Крситијано Роналдо. Како се одвиваа преговорите увидов дека тој сака само пари а не трофеи“, вели претседателот на „кралевите“.

„Сакаше двојно поголема плата од Роналдо, рече дека ќе преговараме само под негови услови. Му реков, збогум“, откри Перез што се случувало во преговорите со популарниот Ибра.


Арсенал го сака Дејан Кулушевски од Јуве

Арсенал го контактирал Јувентус за трансфер на шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски (21), откако менаџерите на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, воопшто не одговориле на повиците од лондонскиот клуб.

Како што денеска јавуваат италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да му дозволи на Кулушевски да замине, но за тоа ќе бара најмалку 25 милиони евра.

Јувентус го донесе Кулушевски во своите редови во 2020 година од Аталанта во трансфер вреден 35 милиони евра, но со доаѓањето на тренерот Масимилијано Алегри, шведскиот репрезентативец не е во прв план.


Интер фаворит за потписот на Инсиње

Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е нејасна, откако одби да го продолжи договорот со Наполи. Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од продолжување на соработката.

Mалку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра, па сигурно ќе замине без обештетување на крајот на сезоната.

Италијанските медиуми денес лансираа „бомба“ и тврдат дека Инсиње може да се пресели во Интер како слободен агент следното лето. „Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му нудат плата од 6 милиони евра по сезона, плус пет милиони евра бонус при потпишување на договорот.


Објавен календарот за следната англиска фудбалска сезона

Раководството на англиската фудбалска Премиер лига го објави календарот за сезоната 2022/23.

Сезоната треба да почне на 6 август, додека паузата за Светското првенство, кое е на програмата од 21 ноември до 18 декември во Катар, ќе трае од 14 ноември до 26 декември.

Со тоа играчите од најдобрите англиски клубови ќе можат да им се приклучат на своите репрезентации само една недела пред стартот на Мундијалот.

Последното коло ќе се игра на 28 мај 2023 година.


Раул Албиол останува во Виљареал

Екипата на Виљареал го продолжи договорот со Раул Албиол до 2023 година, соопштија официјалните лица од клубот. 

36-годишниот Албиол настапува во дресот на „жолтата подморница“ од 2019 година и веројатно Виљареал е клубот каде ќе ја заврши својата играчка кариера.


Салах е играч на месецот во Премиер лигата

Египетскиот напаѓач во редовите на Ливерпул, Мохамед Салах, е прогласен за играч на месец октомври во Премиер лигата.

Салах минатиот месец постигна пет голови, вклучувајќи го и хет-трикот во дербито против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, а додаде и четири асистенции.

За Египќанецот ова е прво признание „играч на месецот“ во оваа сезона, а вкупно четврта во кариерата. Првата награда ја освои во 2017 година.


Карло Анчелоти го изгуби трпението со Гарет Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, му порача на клубот да го продаде или да се ослободи од обврските на репрезентативецот на Велс, Гарет Бејл.

Шпанскиот портал Ел Национал објави дека италијанскиот тренер  е со мислење дека играњето за Реал Мадрид не е еден од главните приоритети на Бејл и му препорачал на претседателот Флорентино Перез да го продаде или да го испрати на позајмица.

Гарет Бејл е член на Реал Мадрид од 2013 година и има договор со клубот до јуни 2023. Во дресот на Реал има 254 настапи и 106 постигнати голови.