feature

Реал нуди пари и Борха Мајорал за потписот на Влаховиќ

Извесно е дека Рома нема да ја активира опцијата за Мајорал која чини 20 милиони евра, а со тоа ќе се отвори можноста за Фиорентина и Реал Мадрид да можат да постигнат договор за Влаховиќ.

Со тоа што Фиорентина е заинтересирана за ангажман на Борха Мајорал, напаѓачот кој за Рома настапува на позајмица од Реал Мадрид, „Виолетовите“ би имале можност да имаат одредени придобивки доколку постигнат договор со „Кралевите“ за Душан Влаховиќ.

Реал Мадрид сериозно размислува за ангажман на Влаховиќ, а за таа цел би можел на Фиорентина да и ги понуди токму Мајорал, но уште и Лука Јовиќ, како и продолжување на позајмицата за Алваро Одриозола за дополнителна сезона.

Се верува дека Реал Мадрид веќе дал зелено светло за трансфер на Мајорал во Фиорентина, меѓутоа, останува отворено прашањето околу одлуката на Влаховиќ, за кого истовремено се интересираат уште Јувентус, Арсенал, како и Тотeнхем.


Шпанецот Алкараз го освои турнирот на идните генерации

Карлос Алкараз го почна турнирот така што камерата го сними како спие на теренот наместо да тренира, но сепак на крајот го освои трофејот.

Еден од најталентираните шпански тенисери, кој го споредуваат со Новак Ѓоковиќ по стилот на игра, го освои турнирот на новата генерација во Милано. Алкараз во финалето беше подобар од американскиот претставник Себастијан Корде по еден ипол час битка со 4-3, 4-2 и 4-2, па така докажа дека ќе има одлична кариера.

Шпанецот е роден на 5 мај 2003 година, а тренира на академијата „Рафаел Надал“ на Мајорка, додека тренер му е легендарниот тенисер Хуан Карлос Фереро.


Роџер Федерер го пропушта Австралија опен

Поранешниот светски рекет број еден, Роџер Федерер, нема да учествува на Австралија опен, бидејќи се уште се опоравува од повредата, открива неговиот тренер Иван Љубичиќ. Според него, Федерер е решен да се врати на тениските терени следната година.

Швајцарецот е надвор од тенисот од неговиот пораз во четвртфиналето на Вимблдон оваа година, после што имаше операција на коленото.

„Мислам дека Австралија не е остварлива цел во моментов. Шансите се многу мали, тој се уште се опоравува но добро го познавам и знам дека ќе сака да биде 100 проценти подготвен пред да се врати на теренот“, изјави Хрватот Љубичиќ.



Чави бара од Лапорта да го доведе Салах во Барселона следното лето

Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, наводно побарал од управата на клубот да ја доведат супер ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Чави пристигна на „Ноу Камп“ во обид да го врати стариот сјај на каталонскиот клуб и започнува со составување на тим кој повторно би ја нападнал шампионската титула во Ла Лига. Тој мисли дека Мохамед Салах ќе биде вистинскиот мотор на „новата“ Барса и бара негово доведување по секоја цена наредното лето.

Салах има договор со Ливерпул до летото 2023 година но сеуште нема конечна одлука дали ќе продолжи со „црвените“ или сака нов предизвик во кариерата.

Чави во Салах гледа замена за Лионел Меси кој го напушти клубот ова лето и се пресели во ПСЖ.


Елмас заради акумулација на картони ќе го прескокне полуфиналето на баражот

Се израдувавме на големиот успех, но можеме да жалиме за жолтиот картон на Елиф Елмас, поради него нема да игра на полуфиналето од баражот. Елмас со два гола беше херој на Македонија во победата над Исланд, но жолтиот картон кој го доби ни прави проблем.

Картоните од квалификациите не се поништуваат, ова за Елмас беше втор жолт картон, а тоа значи дека Благоја Милевски нема да може да смета на него за полуфиналето од баражот.

Елмас е еден од клучните фудбалери, па неговото отсуство ќе биде сериозен удар за Македонија.

Покрај него нема да можеме да сметаме ниту на Тихимир Костадинов кој исто така има парен број жолти картони.


Борусија Дортмунд со плата од 18 милиони евра сака да го задржи Халанд уште една сезона

Норвежанецот Ерлинг Халанд е барана „роба“од врвните клубови ширум Европа во моментов. Неговата сегашна екипа Борусија Дортмунд е добро запознаена со овој факт и ќе се обиде да направи се за да ја задржи својата ѕвезда во летниот преоден рок.

Бундеслигашот е подготвен на Халанд да му понуди плата од 18 милиони евра по сезона со што ќе стане убедливо најплатениот играч во тимот.

Од Дортмунд се надеваат дека Ерлинг Халанд ќе ја прифати оваа приманлива финасиска понуда и ќе го одложи интересот од гигантите како Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Сити кои ќе бидат принудени да чекаат до сезоната 2023/24 за да го доведат во своите редови.


Роналдо: Нема оправдувања, ќе играме во Катар

Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, е разочаран од поразот против Србија од 1:2, но е сигурен дека тој и неговите соиграчи сепак ќе се пласираат во Катар 2022. Португалците после овај неуспех, ќе се обидат да се пласираат на Мундијалот низ бараж натпреварите.

„Фудбалот постојано ни покажува дека понекогаш и најветровитиот пат води до најпосакуваното место. Вчерашниот резултат беше тежок, но не е доволен да не скрши. Целта да се биде на Светското првенство следната година се уште е на дневен ред и знаеме дека мора да стигнеме до таму. Без извинување! Португалија ќе игра во Катар“, напиша Кристијано на социјалните мрежи.



Дин Смит е нов тренер на Норвич Сити

Преку официјално соопштение, фудбалскиот клуб Норвич објави дека нов тренер на екипата ќе биде Дин Смит кој потпишал две и пол годишен договор со популарните „канаринци“.

Дин Смит сезоната ја започна како тренер на Астон Вила но неодамна доби отказ од клубот. На негово место во клубот од Бирмингем пристигна Стивен Џерард. Во својата тренерска кариера Дин Смит ги водеше и екипите на Брентфорд и Валсал.

Како негов конкурент за клупата на  Норвич се споменуваше и легендата на Челзи, Френк Лампард, но тој ги прекина прекина преговорите и се повлече од трката за тренерското место.


Конте добива голем буџет во следниот преоден рок

Тотенхем ќе има голем буџет на располагање во следните два преодни рокови. Новиот тренер Антонио Конте ќе добие одврзани раце кога се трансферите во прашање, а Италијанецот веќе направил список од три ѕвезди од Серија А.

Прво име на списокот е Душан Влаховиќ од Фиорентина. 21-годишниот напаѓач најави заминување, многу европски гиганти го сакаат, а Тотенхем е спремен да ја победи конкуренцијата.

Наводно „спарси“ веќе започнале преговори и се спремни да понудат 70 милиони евра за да го донесат уште во зимскиот преоден рок. Втората мета е Стефан де Врај од Интер. Конте одлично го познава дефанзивецот и е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис. Сепак, тешко е да се поверува дека „нероаѕурите“ ќе го пуштат играчот на средина од сезоната.

На крајот Конте го сака и Франк Кеси од Милан. Неговиот договор со Милан завршува на крајот на сезоната, а Тотенхем веќе испратил богата понуда до неговиот агент.


Легендата Роси ја заврши својата анталогиска кариера

Валентино Роси и официјално ја заврши својата богата кариера. Роси по денешната трка во Валенсија, која за него беше последна стави крај на богатата кариера исполнета со многу победи и шампионски титули.

Валентино Роси одлучи да стави крај на кариерата и да го напушти спортот во кој останува легенда. На денешната трка го освои десеттото место, што е показател дека веќе не може да се носи со најдобрите во шампионатот. Победата денес му припадна на Франческо Бањаја, пред Хорхе Мартин и Џек Милер.

Меѓутоа се беше во втор план, поради тоа што фокусот на јавноста по крајот од трката беше кон популарниот „доктор“ од Италија. Сите возачи на крајот застанаа и го опкружија, го прегрнаа и му посакаа убава пензија.