feature

Херера најави дека очекува повик за настап во македонската репрезентација

Колумбиецот Себастијан Херера би можел да биде изненадувањето на списокот на македонската фудбалска репрезентација за циклусот во март кога се играат мундијалските квалификации. Херера во Македонија пристигна во 2015 година, а после пет години лани направи трансфер во унгарски МТК каде што игра заедно напаѓачот на младинската репрезентација на Македонија Бојан Миовски. Колумбиецот веќе има македонско државјанство, а го исолнува и условот со пет години настап во Македонија за да може да игра за националниот тим. Поради новото правило на ФИФА клубовите да можат да им забранат на фудбалерите да патуваат за репрезентацијата поради ковид ситуацијата не се знае дали Ангеловски ќе може да смета на сите фудбалери. Херера затоа би можел да биде решение за левата бековска позиција. „Имам македонско државајнство, го добив неодамна и сега не постои пречка да играм за националниот тим на Македонија. Не сакам многу да зборувам предвреме, но мислам дека може да бидам викнат за натпреварите во март. Јас навистина посакувам такво нешто, ако треба и со една нога би стигнал до Скопје“, изјави Херера.


Солскјер го сака најдобриот стрелец на Ајнтрахт

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за португалскиот напаѓач на Ајнтрахт, Андре Силва. Англискиот фудбалски клуб е во потрага по централен напаѓач а актуелниот договор на Португалецот истекува во 2023 година. Силва во тековнава сезона има одиграно 22 меча за Ајнтрахт на кои постигна 19 погодоци. Фудбалерот за Португалија има одиграно 37 натпревари и постигнато 16 голови. Тој беше дел и од Светското првенство во Русија во 2018 година.


Евротип предлог тикет – Недела 21.02.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 52 коефициент:

Вест Хем – Тотенхем 2

Се сеќавате ли на чудесниот пресврт на првиот лондонски дуел во кој Вест Хем се врати од 3-0 и освои бод против Тотенхем. Сега е време за наплата на долговите. По успехот во Европа, натпреварот доаѓа во вистински момент за „петлите“ на Мурињо. Гостинска победа е многу веројатен исход.

 

ПСЖ – Монако 1, 3+

Победата над Барса значи многу повеќе од обичен триумф за првакот на Франција. Самодовербата на момците на Почетино треба да донесе само добри нешта, па без разлика што нема да играат Ди Марија и Нејмар, на Монако црно му се пишува.

 

Аталанта – Наполи ГГ, 3+

Наполи е во кризен период, па победата над Јуве брзо сите ја заборавија по поразот од Гранада. Во Бергамо тепко се освојуваат бодови, но затоа натпреварите се полни со голови. Таа опција е поверодостојна за ова дерби.

 

Аугсбург – Баер Леверкузен 2, 3+

Обично екипите кои играат во четврток во Лига Европа имаат проблеми во викенд натпреварите. Но, ритамот на Баер Леверкузен е пеколен и скоро на секој натпревар стрелците на оваа екипа се расположени. Аугсбург треба да го плати долгот за поразот во Берн.

 

Барселона – Кадиз 1-1, 3+

Барса е нокаутирана и можеби добро е што по натпреварот со ПСЖ доаѓаат дуели со Кадиз и Елче. Евентуални убедливи изданија и две победи во овие натпревари може да го вратат тимот на Куман во позитивен колосек.


Бенасер го пропушта миланското дерби

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека играчот за врска, Исмаел Бенасер се повредил на првиот натпревар од шеснаесеттина финалето во Лига Европа против Црвена Ѕвезда (2-2). Тоа ќе го спречи да учествува на дербито со Интер од 23. коло во Серија А. „Го изгубивме Исмаил, тој има проблеми со мускулите“, потенцираше кратко Пиоли. Бенасер во сезонава запиша 20 натпревари за Милан и направи 4 асистенции. Градското дерби меѓу Милан и „нероаѕурите“ се игра денес од 15.00 часот.


Стојковиќ е нов српски селектор, Гвангжу добива четири милиони евра обештетување

Драган Стојковиќ ќе биде новиот селектор на Србија. Пикси доби документи од Кина со кои се потврдува дека договорот со Гвангжу ќе биде раскинат. Тој ќе биде селектор на Србија во следните два циклуса, во борбата за пласман на Светското првенство во Катар и за следното Европско првенство. Проблемот со неговото именување за селектор на Србија беше во тоа што поранешниот ас на Црвена звезда имаше активен договор со Гвангжу, кој доби голема компензација за раскинување на договорот. Некои пишуваат дека сумата е близу четири милиони евра.


Чави „гази“ во Катар додека Барса ниже негативни рекорди во Шпанија

По минатосезонското срамно испаѓање од ЛШ за Барселона (пораз од Баерн Минхен со 8-2), во вторникот Каталонците во својот фудбалски храм доживеаја тежок удар од ПСЖ, 4-1.
И додека се чини дека актуелниот тренер на Барса, Холанѓанецот Роналд Куман се уште ги бара тактичките решенија и не успева да ја „разбуди“ екипата предводена од Лео Меси, шпанските медиуми наголемо пишуваат за Чави Ернандез кој е кормилар на катарскиот клуб Ал Сад. Иако јасно е дека катарската лига не може да се спореди со Ла Лига, сепак шпанските медиуми се погласно шпекулираат дека Чави ќе е наследникот на Куман на жешкото столче на „Ноу Камп“.


Ова сигурно е најбруталното забивање во НБА сезоната! (видео)

Ентони Едвардс, 19-годишниот бек шутер од Џорџија, беше прв пик на овогодинешниот НБА драфт. Беше избран од Минесота без да ја заврши првата сезона на колеџ, во текот на која бележеше просек од 19,1 поен со 5,2 скокови и 2,8 асистенции. Едвардс со својата градба и стилот на игра потсетува на Донован Мичел од Јута, а стручњаците му предвидуваат повеќекратни настапи на Ол-Стар натпреварите. Снажен е и експлозивен со потенцијал да постигнува по 30+ поени, но му се замерува на недостатокот на ангажман и играта во одбрана. Сето ова Едвардс го покажа на почетокот на својата НБА кариера. Меѓутоа, Едвардс синоќа го изведе најефектниот потег не само на натпреварот, туку и на целата вечер. Ефектно и брутално заби преку десет сантиметри повисокиот Јуто Ватанебе, а НБА на официјалниот Твитер профил објави снимка од тој потег од повеќе агли:

https://twitter.com/NBA/status/1362987275961925633

Роџерс ја „краде“ метата на Манчестер Јунајтед?

„Лисиците“ и оваа сезона играат фантастичен фудбал во Премиерлигата. Тимот на Роџерс е рамноправен во борбата за топ 4, по 24 одиграни кола се наоѓа на третото место со ист број на бодови како и Манчестер Јунајтед (46). Некогашниот шампион прави одлични потези и во трансфер периодите, а сега е ред за уште еден. Новинарот Фабрицио Романо пишува дека Лестер е на прагот на договор со Бубакар Сумаре, фудбалерот на Лил кој со францускиот клуб има договор до 2022. година. Лил, кој во моментот е лидер во француската лига, во јануари веќе го одбија интересот на Манчестер Јунајтед и Њукасл за нивниот фудбалер, а наводно Њукасл понудил сума од 32 милиони фунти. Раководството на Лил најверојатно ќе мора да го продаде одличниот играч за врска, доколку Сумаре не потпише нов договор наскоро.


„Вечниот“ талент на Фергусон се враќа во англискиот фудбал

Нема сомнежи дека Равел Морисон можеше да постигне многу повеќе во својата фудбалска кариера. Англискиот играч за врска беше дел од фудбалската школа на Манчестер Јунајтед, во генерацијата со Пол Погба. Сер Алекс Фергусон во неколку наврати изјавуваше дека Равел е најголемиот талент кој имал прилика да го тренира, но „лудата“ глава на Морисон имаше други планови. Познат по своето непочитување на клупските правила и дисциплината, Морисон никаде не се задржа подолго. После Манчестер, промени уште 11 клубови, а сега има прилика за соработка со Хадерсфилд. Некогашниот премиерлигаш не стои баш најдобро во Чемпионшип, се наоѓа на пет бода од опасната зона. Морисон веќе некое време тренира со нив, а тренерот Корберан не ја отфрла можноста да го регистрираат до крајот на сезоната. Равел е слободен играч откако ја раскина соработката со холандски АДО Ден Хах во јануари.


Најдобриот фудбалер на Шефилд Јунајтед мора на операција

Дефанзивецот на Шефилд Јунајтед, Џон Еган, ќе биде надвор од терените осум недели поради повредата на прстот, изјави менаџерот на елитниот англиски клуб, Крис Вајлдер. „Тој ќе биде надвор од игра околу осум недели. Потребна му е операција на прстот. Тоа се случи во ситуација кога се обиде храбро да спречи удар. Загубата за тимот е голема”, рече Вајлдер. Тренерот на Шефил потенцираше дека повредените играчи од средниот ред, Џон Флек и Сандер Берге, ќе го пропуштат утрешниот меч со Фулам во елитата на Англија.