feature
Нашиот Димитриевски меѓу најдобрите голмани на Европското првенство

Столе Димитриевски веројатно беше најдобриот поединец на Македонија на дебитантскиот настап на Европското првенство.
Димитриевски во секој натпревар имаше по неколку одлични интервенции, а одбрани и пенал. По една статистичка категорија Димитриевски се уште е на врвот.
Имено, девет пати нашиот голман расчиствуваше опасност при некое нафрлување на топката. Кога не можеше да ја фати топката тој ја „боксираше“ далеку од казнетиот простор.
Зад Димитриевски е англискот голман Џордан Пикфорд кого го очекува и финалето во недела со пет исфрлања.
Треба да споменеме и дека Димитриевски е еден од шестте голмани кој може да се пофали со одбранет пенал. Останатите се Бушчан, Дубравка, Храдецки, Лорис и Шмајхел.
Леброн Џејмс е најнавредуван спортист на Твитер

Интернет страницата „pickswise.com“ направи анализа во врска со сите твитови испратени до професионалните спортисти од светот на фудбалот, кошарката, тенисот, американскиот фудбал, голгот и хокејот.
Анализата која е направена врз основа на испратените твитови од јуни минатата до јуни оваа година ги даваат следните податоци:
Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс за една година добил 122.568 пораки кои вклучуваат навредлив говор. Дневно му доаѓале во просек по 336 пораки на Твитер и со тоа е најнавредуваниот спортист.
На неславното второ место е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд со 32.328 такви пораки. Следуваат Том Брејди (со 28.151), Кевин Дурант (24.370) и Вилијам „Буба“ Валас со 21.750.
Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо за една година добил 11.757 навредливи твитови, а зад него се Стеф Кари со 11.203 и Месут Озил со 11.192.
Интересен податок е фактот што дури 16 од првите 20 на оваа листа се црномурести спортисти.
Играа Серија А, сега прогласија банкрот и згаснување на клубот!

Поминаа седум сезони откако Ливорно испадна од Серија А. Тогаш поради бројните финансиски проблеми го напуштија највисокиот ранг на италијанскиот фудбал.
Потоа, проблемите не застанаа, а доста брзо Ливорно заврши во Серија Ц, третото по ранг клупско натпреварување.
Сега, приказната на Ливорно е скоро па заклучена. Клупското раководство одржа состанок и прогласи банкрот, со што е започнат процесот на ликвидација на поранешниот прволигаш.
Рокот за подмирување на долгот веќе истече, а откако не се најде нов инвеститор, банкротот е единствена опција.
Раководството на клубот има десет дена да пронајде нов сопственик. Доколку не успее, Ливорно ќе биде дисквалификуван. Овој клуб два пати во својата историја бил италијански вицешампион.
Клоп ќе испрати понуда за Адама Траоре

Ливерпул ќе направи напор да го купи крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре.
Според изворот, „волците“ се подготвени да ги слушнат понудите за Траоре бидејќи неговиот договор истекува за две години. „Црвените“ изразиле подготвеност да платат околу 25 милиони фунти а Вулверхемптон сака двојно повеќе.
Минатото лето се шпекулираше дека Ливерпул ќе даде понуда за Траоре, но тогаш „црвените“ изненадија со трансферот на друг играч на Вулверхемптон – Диого Јота. Португалецот направи брилијантна прва сезона на стадионот „Енфилд“.
Европскиот првак ја сака тинејџерската сензација Камавинга

Челзи го контактираше тимот на Рен за можноста да го привлече Едуард Камавинга. Постои сериозен интерес за играчот од средниот ред уште од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои започнале преговорите за фудбалерот.
18-годишниот Французин има договор со Рен на уште една година и клубот најверојатно ќе го продаде ова лето, бидејќи во спротивно ризикува да го изгуби без пари.
Камавинга дебитираше за тимот на Рен на само 16-годишна возраст и веќе има 3 натпревари за репрезентацијата на Франција.
Турција ќе биде следна дестинација на голманот Филип Гачевски

Филип Гачевски би можел да направи трансфер во Турција.
Гачевски во овој момент брани во Кипар во екипата на Енозис која испадна во втората лига во ова првенство. Сега според турските медиуми интерес за македонскиот голман покажал Коачелиспор. Се наведува дека трансферот е блиску до реализација, меѓутоа се додава дека и Бурсаспор покажала интерес. Коачилспор игра во турската втора лига.
Во редовите на Енозис Гачевски пристигна минатото лето после распадот на Вардар, претходно пет години го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб.
Бајиќ ја собра македонската кошаркарска младина

Македонската кошаркарска репрезентација предпладнево го одржа првиот официјален тренинг на чело со новиот селектор Драган Бајиќ. Со ова стартуваа подготовките во пресрет на претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство. Во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ селекторот Драган Бајиќ најнапред ги собра младите кошаркарски надежи кои се потенцијални репрезентативци.
На првиот собир селекторот Бајиќ викендов ќе направи селекција од 17 кошаркарски надежи.
На денешниот прв собир тренираа Максим Митевски, Димитар Иванов, Андреј Андоновски, Леонид Тодоровски, Лејсон Зекири од МЗТ Скопје Уни Банка, Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).
Со тимот исто така беа и Лука Савиќевиќ, Андреј Јакимовски и Стојан Ѓуроски кои во моментов ги санираат своите повреди.
Македонија ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за Светскиот Куп, кој од 12 до 18 август ќе се одржи во Скопје.
Сасуоло ќе го продава Локатели во странство

Директорот на Сасуоло, Џовани Карневали изјави дека во моментов поголеми се шансите Локатели да биде продаден во странство, отколку во клуб од Серија А.
Јувентус е силно заинтересиран за Локатели, но „старата дама“ не е во можност да ја плати сумата од 40 милиони евра која ја бара Сасуоло.
„Преговараме за Локатели со еден клуб од странство. Преговорите се веќе во напредна фаза. Во следните денови ќе имаме средба со Јувентус, но се уште нема никаков напредок во преговорите со нив. Сите италијански клубови се наоѓаат во многу тешка ситуација“, изјави Карневали.
Јовиќ ќе остане и ќе се бори за место во Реал Мадрид

Иднината на Лука Јовиќ во Реал Мадрид е неизвесна, откако напаѓачот се врати во Мадрид после позајмицата во Ајнтрахт.
23-годишниот напаѓач се надева да остане во Реал Мадрид и да го убеди новиот тренер Карло Анчелоти да му даде шанса. Јовиќ категорично одбива да биде испратен на нова позајмица. Тој верува дека кај Анчелоти ќе има поголеми шанси за настап, зошто Италијанецот го сакаше кога седеше на клупата на Наполи.
Јовиќ пристигна во Реал во 2019 година за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, а и не добиваше голема шанса кај Зидан.