feature

Неверојатна понуда: ПСЖ му нуди на Мбапе годишна плата од 50 милиони евра

Екипата на Париз Сен Жермен сака по секоја цена да го задржи Килијан Мбапе во своите редови. Како што пренесуваат француските медиуми, одржана е нова рунда на преговори помеѓу клубот и застапниците на фудбалерот.

Сопствениците од Катар се задоволни и со нов двегодишен договор на Мбапе со тимот од Париз, за што се спремни да му понудат годишна плата од 50 милиони евра.

Францускиот репрезентативец досега одби неколку понуди за потпишување нов договор со ПСЖ, но исто така изјави дека е фокусиран на своите игри и дека сеуште не донел одлука за својата иднина.


Попович втор на вечната листа на тренерски победи во НБА лигата

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, изби на второто место во НБА по остварени победи во регуларниот дел од сезоната.

Спарси предводени од Попович синоќа извојуваа победа на гости против Оклахома со 114:106 што беше 1.333-та за Поповиќ.

73-годишниот кошаркарски стручњак го помина Лени Вилкенс (1332).

Во моментов, Дон Нелсон е лидер по победи меѓу тренерите на НБА (1335). Попович започна да работи како главен тренер на Сан Антонио во 1996 година.


Претставен новиот болид на Ферари

Ферари го претстави болидот кој тимот ќе го користи во новата сезона од Формула 1.

Болидот F1-75, е во црно-црвена комбинација, и на него се видливи новите детали како специјалниот дизајн на страничниот дел од автомобилот, и новиот уред за ладење.

Возачки тандем за новата сезона се Шарл Леклер и Карлос Сајнс, а шеф на тимот е Матија Биното.

https://twitter.com/ScuderiaFerrari/status/1494316847910563846?s=20&t=yfP_xhCClDFTlger9Sn8iA

Манчестер Сити му нуди нов договор на капитенот Фернандињо

Англискиот шампион Манчестер Сити планира да го задржи во своите редови капитенот на екипата Фернандињо и следната сезона. 

Од клубот разгледуваат две опции, од кои едната е да му се понуди улога во стручниот штаб на тренерот Гвардиола. Постои и можност тој да потпише нов едногодишен договор за продолжување на играчката кариера.

Доколку Фернандињо остане да настапува уште една сезона во тимот, бразилецот би станал четвртиот играч на „граѓаните“ кои се задржале една деценија во клубот, по Винсент Компани, Давид Силва и Серхио Агуеро. 

Манчестер Сити го доведе Фернандињо од Шахтјор Доњецк во 2013 година, во трансфер вреден 30 милиони евра.


Младиот Елиот сруши клупски рекорд на дуелот против Интер

Харви Елиот вчера влезе во историјата на клубот како најмлад фудбалер кој заиграл во стартните единаесет во европските купови.

Во осминафиналето од Лигата на шампионите против Интер Клоп му даде шанса на младиот Елиот. Елиот од првата минута настапи со 18 години и 318 гдена со што стана најмладиот играч во историјата кој стартувал на некој натпревар од Лигата на шампионите.

Елиот го сруши рекордот на Трент Александар-Арнолд кој беше стартер со 18 години и 354 дена против Спартак Москва во 2017 година.


Давид Гион е нов тренер на Бордо

Францускиот клуб Бордо официјално го назначи Давид Гион за нов тренер на екипата. Од клубот соопштуваат дека новиот тренер ќе ја извршува фунцијата до крајот на сезоната.

Ова ќе биде голем предизвик за Гион , бидејќи се очекува да го задржи Бордо во француската Лига 1.

Екипата на Бордо е на последното место во лигата со освоени 20 бода после 24 одиграни натпревари.

https://twitter.com/girondins/status/1494312097513103360?s=20&t=otfXkfUDYt8HH6GlC9zByw

Флорентино Перез незадоволен од работата на Анчелоти

Некои од шпанските медиуми пренесуваат дека иднината на Карло Анчелоти како тренер на Реал Мадрид виси на конец.

Наводно, претседателот на клубот, Флорентино Перез, не е задоволен од начинот на игра на екипата при поразот од Париз Сен Жермен со 1:0 во осминафиналето од Лигата на шампионите, и не го гледа Анчелоти како тренер за новата ера на Реал.

Реал Мадрид е во водство во Ла Лига, на само четири бода од второпласираната Севиља. Освојувачи се на шпанскиот Суперкуп, но беа елиминирани од Купот на Кралот по поразот од Атлетико Билбао и сега е можно нивно предвремено испаѓање од Лигата на шампионите.

На Анчелоти му остануваат уште две години од договорот со клубот,но можно е Флорентино да направи тренерска промена по крајот на сезоната.


Шкрињар: Интер покажа дека е на ниво на Ливерпул

Словачкиот дефанзивец од екипата на Интер, Милан Шкрињар изрази жалење за поразот од Ливерпул со 2-0 во првото осминафинале од Лигата на шампионите. Според него, „нероаѕурите“ доминирале над противникот во некои аспекти, но искуството на англискиот тим на крајот пресудило.

„Малите детали играат клучна улога во Лигата на шампионите. Создадовме доволно ситуации, но не ги реализиравме. Доминиравме во некои аспекти, но немавме корист. Сличен беше и нашиот натпревар со Реал Мадрид. Кога не ги користиш позициите, таквите тимови те казнуваат буквално во првата прилика. Но, јас сум среќен бидејќи покажавме дека можеме да играме на исто ниво со тимови како Ливерпул. Ќе се обидеме да направиме пресврт на гостувањето, колку и да е тешко. Мораме да дадеме се од себе“, изјавил Шкрињар.


Мбапе има тринаесет победи на последните тринаесет натпревари во ЛШ

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе синоќа го постигна победничкиот гол во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (1-0).

Овој погодок беше 13-ти за Мбапе во последните 13 натпревари во елитното фудбалско натпреварување.

Договорот на 23-годишниот Французин со Пари Сен-Жермен е со важност до 30 јуни оваа година. Се шпекулира дека по крајот на сезоната ќе се пресели токму во Реал.

Вкупно, во Лигата на шампионите како дел од францускиот клуб, Мбапе одигра 45 натпревари, постигна 26 гола и оствари 27 асистенции.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе се одржи на 9 март во Мадрид.


Лицитација во Премиер лигата за Келвин Филипс

Најголемите англиски клубови и Њукасл веќе ја започнаа трката за потписот на ѕвездата на Лидс, Калвин Филипс.

Келвин Филипс игра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на Европското првенство.

Интерес за англискиот репрезентативец покажуваат Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Њукасл.

Манчестер Јунајтед сака да го засили средниот ред бидејќи Погба најверојатно ќе си оди на крајот на сезоната. Од друга страна и Јирген Клоп сака да го засили средниот ред и верува дека Филипс идеално ќе се вклопи во неговиот стил.

Споменатите клубови внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда, па на лето не очекува жестока борба за неговиот потпис.