feature

Рамос ја грабна четворката во ПСЖ

Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос ќе игра во новиот клуб со дресот со број 4.

„Навистина го ценам бројот 4. Ова е суеверие затоа што играв со него од самиот почеток на мојата кариера. Тој беше покрај мене цела моја кариера, ме надополнуваше, ми донесе среќа и многу победи. Бројот 4 е дел од мене како личност и како професионалец. За мене е чест да го носам овој број во клуб како ПСЖ. Настапот под овој број за ПСЖ дефинитивно ќе ми донесе посебни чувства“, изјави Рамос за прес-службата на ПСЖ.


Претходно се дозна дека шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос потпиша договор со ПСЖ. Договорот на фудбалерот со клубот е до 2023 година. Дефанзивецот се пресели во новиот клуб како слободен агент.


Сколари пак седна на тренерското столче во Гремио

Поранешниот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, 72-годишниот Луиз Фелипе Сколари, кој ја освои титулата на Мундијалот во 2002 година, по четвртипат во кариерата ја презеде тренерската позиција во екипата на Гремио.

Сколари потпиша договор со Гремио до декември 2022 година, а неговата цел ќе биде да го задржи статусот во прва лига. Гремио започна многу лошо оваа сезона, по осум кола е на дното на табелата со само два освоени бода.

За време на претходниот престој на клупата на Гремио, Сколари освои една титула во Бразил, еден Куп и торфеј во Копа Либертадорес.


Јоаким Лев на клупата на европски репрезентативен великан?

Јоаким Лев се повлече од германската репрезентација по елиминацијата од Европското првенство од Англија во осминафиналето, а сега, се чини, веќе има понуда да преземе друга репрезентација.

Неколку европски медиуми ја пренесуваат информацијата дека Лев е еден од главните кандидати за преземање на руската репрезентација, откако нејзиниот досегашен селектор Станислав Черчесов доби отказ. Заедно со Лев, како кандидати се споменуваат и Стефан Кунц и Андре Виљаш-Боаш.

Лев беше селектор на германската репрезентација од 2006. година се до ова ЕУРО. Негов наследник ќе биде Ханси Флик.


Минимален буџет од седум милиони евра за настап во Евролигата

Евролигата официјално објави – минималниот буџет на клубовите за следната сезона ќе треба да биде 7.000.000 евра.

Тоа е зголемување за нешто повеќе од 20% во однос на претходниот понизок праг, кој изнесуваше 5.400.000 евра. Минималниот износ на буџетот за Еврокупот не е променет и тој ќе остане на 2.000.000 евра.

На седницата на Комитетот на Евролигата во Барселона беше донесена одлука дека на клубовите им е дозволено да учествуваат во годишниот буџет од 55%, наместо, како што првично беше најавено, 50%. Остатокот е покриен со спонзори, продадени билети. За следната сезона учеството на клубовите ќе биде 50 проценти, наместо 40 проценти.

Познато е и кога започнува новата клупска сезона. Евролигата започнува на 30. септември, додека стартот на Еврокупот е закажан за 20. октомври.


Берлин ќе биде следен домаќин на Ф4 на Евролигата

Главниот град на Германија по третпат ќе биде домаќин на „фајнал-фор“ турнирот од Евролигата, бидејќи кошаркарската Евролига го враќа настанот во прекрасната Арена „Мерцедес-Бенц“ во Берлин викендот од 27 до 29 мај 2022 година. Градот Берлин беше извонреден партнер и во претходните сезони 2009 и 2016 година, и веќе ги започна фазите на планирање на придружните настани следната година, вклучително и на церемонијата на доделувањето на наградите“, велат од Евролигата.


Европскиот шампион го продаде својот напаѓач на Милан

Оливие Жиру веќе во понеделник во Милано треба да ги помине медицинските прегледи и потоа да потпише договор со италијанскиот клуб кој го договори неговото доаѓање со Челзи.

Според пишувањата на медиумите, Жиру ќе потпише двегодишен договор со Милан, кој на Челзи ќе му плати милион евра со обврска на исплата на додатен милион низ бонуси кои ќе зависат од резултатите кои ќе ги покаже францускиот напаѓач.

Жиру, кој годинава ќе го прослави својот 35. роденден, ќе потпише договор до јуни 2023. година и по сезона ќе заработува 3,5 милиони евра.


Симеоне останува на клупата на Атлетико Мадрид

Аргентинскиот тренер Диего Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, актуелниот шампион на Шпанија, до 2024 година. Популарниот „Чоло“ е во клубот од 2011. година.

Финансиските детали за договорот се уште не се откриени, но најавено е дека целиот стручен тим на Симеоне ќе ја продолжи соработката со Атлетико.

Во претходната сезона, Симеоне ги предводеше „јорганџиите“ до 11. титула во шпанскиот шампионат во клупската историја, втора во неговиот мандат.

Претходно работеше како тренер во Расинг Клуб, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.


УЕФА ги одреди судиите за финалето на ЕУРО

Холанѓанецот Бјорн Кујперс ќе биде главен судија на финалето од Европското првенство помеѓу Италија и Англија, кое се игра во недела на Вембли.

За познатиот холандски судија ова ќе биде прво репрезентативно финале. Судеше во финалето на Лигата на шампионите во 2014. година, а во Лига Европа во 2013. и 2018. година.

На ова ЕУРО судеше на три натпревари, од кои два беа во групната фаза (Белгија – Данска и Шпанија – Словачка), а го предводеше и четвртфиналниот дуел помеѓу Данска и Чешка.

Покрај неговите стандардни помошници, четврт судија ќе биде Шпанецот Карлос дел Серо Гранде, а ВАР судија ќе биде Германецот Бастијан Данкерт.


Уапсен претседателот на португалска Бенфика

Првиот човек на португалскиот гигант Бенфика, Луис Фелипе Виеира е упасен поради сомнение за корупција, перење пари и затајување данок.

Португалските медиуми објавија дека акцијата доволеа до претрес на 45 локации во Лисабон и Брага, а помеѓу локациите бил и домот на Виеира.

Станува збор за истрага за имама, фалсификување на документи и исправи, перење пари во период 2014 до денес…Во овој моемнт не се открива дали во целата афера се истражуваат и некои од големите трансфери со оглед на тоа дека Бенфика имаше солидни продажби во последните години.

Виеира е прв човек на Бенфика од 2003 година и не е првпат да се поврзува со вакви скандали.



Давид Бабунски кариерата ја продолжува во Унгарија

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски во новата сезона ќе го носи дресот на седумкратниот првак на Унгарија, Дебрецин.

Бабунски, кој не успеа вистински да се докаже во Романија во екипите на Ботошани и Виторул, се обврза на двегодишна верност со Дебрецин.

Кариерата ја започна во Барселона Б, потоа играше и за Црвена Звезда, Јокохама, Омија, пред да се пресели во Романија.

Бабунски има девет настапи за сениорската репрезентација на Македонија.