feature

Манчестер Јунајтед ќе го добие Санчо по ниска цена

Борусија Дортмунд постави нова цена за Џејдон Санчо и е спремна на крајот на сезоната да го пушти играчот за 95 милиони евра.
Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ минатото лето, а проблем беше токму цената од 120 милиони евра, која Јунајтед сметаше дека е превисока.
Дортмунд се соочува со сериозни финансиски проблеми и ќе мора ова лето да продаде некоја од своите ѕвезди.
Сега медиумите тврдат дека „милионерите“ се спремни додатно да ја намалат целата на Санчо и да го пуштат „само“ за 60 милиони евра.


Јуве и Рома го сакаат Мауро Икарди

Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А на лето. Новиот тренер на ПСЖ, Маурицио Покетино наводно не е симпатизаер на играта на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб. Интерес за Аргентинецот има од Италија и тоа од Јувентус и Рома, па ќе се обидат да го донесат во своите редови. Реален проблем може да биде високото обештетување што ПСЖ сигурно ќе го побара за Икарди, па ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп. Голгетерот своите најдобри партии ги имаше во дресот на Интер и не крие дека сака да се врати во Серија А.


ЕВРОТИП ГИ ИЗБРА НАЈДОБРИТЕ ОПЕРАТОРИ ЗА 2020 ГОДИНА

Евротип е компанија која ги следи светските трендови и како минатата година, така и оваа го направи изборот за „Најдобар оператор за 2020год.“.
„Евротип е едно големо семејство. Од ден на ден компанијата бележи раст. Само во месец јануари имаме 14 нови обложувалници, односно околу 50тина нови вработени. Со оглед на тоа дека во изборот се над 400 вработени, навистина имаме тешка задача.“ – велат од менаџментот на Евротип.
Со прогласувањето на „Најдобар оператор на годината“ се стимулира позитивното однесување на вработените, а она е тоа кон кое се стреми оваа компанија.
Првичната селекција е направена со 18 кандидати од секоја групација по 1 кандидат, од кои вреди да ги спомнеме: Билјана Степановска од Битола, Дејан Наумоски од Прилеп, Спасија Станкова од Кавадарци, Христина Јанушева од Велес, Семи Муртези од Скопје, Билјана Додеска од Куманово, Александра Петровска од Тетово, Љубомир Величковски од Гостивар, Маријана Данилоска од Кичево, Кирил Павловски од Струга, Александар Златаноски од Охрид, Емилија Ристова од Радовиш, Иван Муканов од Струмица, Татјана Георгиева од Дојран, Добрила Јанакева од Пирава, Рената Богданова од Штип, Стефанија Митева од Зрновци, Урим Клобучишта од Дебар. „Кога станува збор за вакви исклучително добри кандидати јасно е зошто изборот е толку тежок.
Во предвид се земени повеќе критериуми, од кои: работен стаж во компанијата, број на уплатени тикети, деловна комуникација со клиенти, итн. Сепак, во најтесен круг останаа само две девојки.
Едната од источниот дел, другата од западниот дел на Македонија.“ Титулата „Најдобар оператор за 2020 год. им припаѓа на Рената Богданова од Штип и Маријана Данилоска од Кичево.
Им честитаме на двете девојки, а како благодарница за нивниот неприкосновен труд и ангажман Евротип ги награди со рачен часовник.
Дали можеме да констатираме дека 2020 година им припаѓа на девојките во Евротип?


Поради КОВИД-19, откажани сите скијачки натпреварувања во Норвешка

Меѓународната скијачка федерација ФИС, соопшти дека откажани се сите натпреварувања од Светскиот куп кои оваа сезона беа планирани во Норвешка. Причина за откажувањето на натпреварувањата се строгите епидемиолошки услови за влез во Норвешка, а ФИС најави дека дополнително ќе биде соопштено кога и каде ќе се надополнат откажаните натпреварувања. Измеѓу останатите, откажани се натпреварувањата за скијачи во Квитфјел, ски скоковите во Осло, Лилехамер, Трондхајм и Викерсунд, како и натпреварувањето во скијачко трчање во главниот град на Норвешка.


Интер и Челзи размислуваат за трампа за фудбалерите за врска

Челниците на фудбалскиот состав Челзи размислуваат како да го ангажираат играчот на Интер, Кристијан Ериксен, кој не успеа да се наметне во италијанскиот состав. „Сините“ ќе се обидат да договорат евентуална размена на играчи и затоа контактирале со колегите од Интер за да им го понудат Жоржињо. Според „Калчомеркато“, лондончани, проценуваат дека нивниот играч вреди повеќе на трансфер пазарот за околу 15-20 милиони евра. Интер останува на ставот дека нема разлика во сумата и дека може да се случи само размена. Новиот тренер на Челзи, Томас Тухел, исто така се надева дека идејата ќе се реализира и дека искусниот дански фудбалер ќе го засили неговиот ростер.


Фернандо Алонсо доживеа сообраќајна несреќа, мораше на операција!

Двократниот шампион на Формула 1, Фернандо Алонсо доживеа неколку скршеници по сообраќајната несреќа во Швајцарија во која беше удрен од автомобил. Алонсо, кој е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 и најмладиот шампион во овој спорт, возеше велосипед во Швајцарија кога дојде до овој инцидент. Позитивно е тоа што Алонсо е свесен, но мора на операција на вилицата, која помина најлошо во оваа несреќа.


Хонда само што дојде, веднаш си замина од Портимоненсе

Јапонскиот фудбалер од средниот ред, Кејсуке Хонда, го напушти португалскиот Портимоненсе само една недела откако го потпиша договорот на 4 февруари. 34-годишниот Јапонец кој претходно играше за бразилскиот Ботафого доби дозвола да се врати во Европа и да побара нов клуб. Иако тоа навистина се случи, Портимоненсе од аминистартивни причини не успеа да го регистрира на време и тој мораше да си замине. Хонда кој во минатото ги бранеше боите ЦСКА Москва и Милан, ќе се обиде да пронајде нов клуб бидејќи сака да избори место во олимписката репрезентација на „самураите“ за летните Игри во Токио.


Лига шампиони со 36 клубови и без групна фаза?!

Наредниот месец на седница на Извршниот одбор на УЕФА би требало да се одобри новиот состав на натпреварувањето во Лигата на шампионите. Од сезоната 2024/25 ќе се игра Лига шампиони без групна фаза, објави француски Екип. Во сегашниот состав настапуваат вкупно 32 екипи поделени во осум групи, а според новиот план ќе се игра една лига со 36 клубови. Клубовите воочи натпреварувањето ќе бидат поделени во четири шешири. Секој клуб ќе одигра по 10 натпревари. Противниците ќе се добиваат од различен шешир, ќе се игра со 10 различни противници, односно ќе се одиграат по пет натпревари на свој и пет на гостински терен. Првата фаза од Лига шампиони ќе се игра од септември до јануари, а промената ќе биде од 2024. година и во тоа што освен во вторник и среда, натпревари ќе се играат и во четврток. Во првата фаза, ќе се играат по 18 натпревари дневно наместо досегашните 16, а вкупно ќе се одиграат 180 натпревари, наместо 96 колку што се играат сега. Во сегашниот формат на Лига шампиони има 125 натпревари, а во новиот 225 (180 во првата фаза, 16 во плеј-оф и 29 во нокаут фаза). За да се освои Лигата на шампионите, ќе мора да се одиграат барем 17 натпревари, а можеби и 19. Досега, тоа беа максимум 13 натпревари.


Со БМВ влетал на фудбалски терен! (видео)

Српскиот фудбалски клуб Џердап објави видео од уништениот тревник на својот стадион. „Некој веќе денови, месеци и години се труди за нашиот терен да остане да биде најдобар во Источна Србија, а тогаш се појавува некој паметен и ни го прави ова. Случајот е пријавен во полиција. Се гледа снимка од камерите и веруваме дека набрзо виновникот ќе биде откриен и казнет.“ – стои во соопштението на клубот. Кратко потоа, полицијата го пронајде осомничениот 24-годишен граѓанин, кој се верува дека со својот автомобил БМВ влета на стадионот во Кладово и направи штета од околу 15 илјади евра. Сведоците тврдат дека возел по атлетската стаза, а потоа дивеел по тревникот каде возел во круг и така направил голема штета на клубот.


Мелбурн во „локдаун“, на сред турнир укината публиката на АО

Австралиската сојузна држава Викторија оди во целосен локдаун. Од вечерва (петок) на полноќ се воведува карантин кој ќе трае до среда, како би се спречило ширењето на британскиот сој на коронавирусот. И покрај тие мерки, тенисот на првиот гренд слем сезонава во Мелбурн продолжува, но без публика на трибините.
Организаторите на турнирот во соопштението потврдија дека на гледачите до среда ќе им биде забранет пристапот на стадионите. Досега, по 30 илјади навивачи дневно можеа да присуствуваат на натпреварите.
Австралија Опен трае до 21. февруари, а публиката веќе беше ограничена на 50 отсто од вообичаениот капацитет.
Премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрус изјави дека британскиот сој на коронавирусот не потекна од хотел во кој се сместени тенисерите.
„Краток, но строг локдаун ќе биде ефикасен. Се работи за најзаразната варијанта на коронавирусот.“ – изјави премиерот.