feature

15-годишната Миа Блажевска ќе настапи на ЛОИ во Токио

Македонската најдобра пливачка во овој момент Миа Блажевска-Еминова која има само 15 години ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Токио.

Таа ќе настапи како носител на специјална покана на која има право МОК, а ќе биде поддржана и од Светската пливачка федерација.

„Миа Блажевска – Еминова е предложена од МОК и ФИНА да биде наша претставничка во пливање на Летните олимписки игри во Токио 2020!Таа има најдобар резултат меѓу најдобрите македонски пливачки (741 ФИНА поени), постигнат во Белград, на 20 Јуни 2021 година. Миа на овој меѓународен митинг, на трката на 100 метри – слободно, постигна време од 57.13 секунди, резултат со кој го стекна правото да се натпреварува на Летните олимписки игри во Токио. Миа има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.Мораме да признаеме дека нешата пливачка надеж е вистинска рекордерка!“, објавија од МОК.


Ферхан Хасани го напушти Партизани од Тирана

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасини си заминува од Партизани Тирана.

Причината поради која заминува Хасани од Партизани е тренерот Илир Даја.

„Си заминувам од Партизани, сакам да им се заблагодарам на луѓето во клубот и навивачите. Додека бев во Албанија игравме без навивач и жалам за тоа, но сепак ја чувствував поддршката. Тренерот Илир Даја не ми даваше доволно простор, не ме стемаше за дел од стартниот тим. Професионалец сум и го почитувам изборот, меѓутоа знам дека имам квалитет да играм повеќе од 10 минути во еден натпревар“, изјави Хасани за „Панорама Спорт“.


Филип Антовски потпиша за Австрија Виена

Филип Антовски е вардарово дете, во 2018 премина во Динамо Загреб од каде лани беше испратен на позајмица во Славија Софија. Ова лето одигра неколку пријателски натпревари за Австрија Виена, ги освои челниците на овој клуб кои денеска го промовираа како ново засилување.

„Филип Антовски е многу интересен фудбалер – технички вешт, пргав и со офанзивен приод. Има голем потенцијал, сакаме да му дадеме поддршка да го искористи и се надеваме дека ќе ужива тука во иднина, и за некое време ќе може да ни помогне. Ние сакаме на секоја позиција да имаме по двајца добри фудбалери“, вели спортскиот директор на Австрија Виена, Мануел Ортлехнер.

Антовски е среќен поради трансферот и вети дека ќе го дава максимумот на секој меч.

„Чест ми е што ќе бидам дел од еден од најдобрите клубови во Австрија кој има толку многу историја и традиција. Можам да ветам деа ќе го давам најдоброто за Австрија Виена во секоја минута која ќе ја одиграм. Многу сум среќен што сум дел од оваа фамилија“, изјави Антовски.


Милан и Бреша преговараат за откуп на договорот на Тонали

Милан се обидува да се договори со Бреша за перманентен трансфер на Сандро Тонали, росонерите сакаат да ја спуштат првично договорената сума.

Милан плати 10 милиони евра за позајмица на Тонали со опција за перманетен трансфер, треба да доплати уште 15 милиони евра за комплетно да го има играчот од средниот ред.

„Калчо Меркато“ пишува дека Милан и Бреша водат преговори, росонерите сакаат да дадат уште десет милиони евра за да го отупат целосно, но помалиот италијански клуб не сака да слушне.

Бреша останува на ставот дека Милан треба да даде уште 15 милиони евра за да го добие во целост Тонали.


Деклан Рајс најави заминување од Вест Хем

Играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс е решен да го напушти клубот. Тој веќе одбил две понуди да го обнови договорот со „чеканите“, пишува „Телеграф“.

Англискиот репрезентативец го бараат Манчестер Јунајтед и Чели, а наскоро се очекува и двата гиганти да излезат со конкретни предлози. Можно е Манчестер Сити да се вклучи во битката за неговиот потпис.

Рајс потекнува од екипата на Челзи, каде се спријателува со Мејсон Маунт. Сепак, „сините“ од Лондон не гледаа потенцијал кај младиот Рајс и во 2013 година тој се пресели во Вест Хем, а од 2017 година е дел од првиот тим на „чеканите“. Минатата сезона Деклан Рајс одигра 32 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна два гола. Тој во моментов е со англиската репрезентација на Европското првенство.



Рибери и Касерес заминаа од Фиорентина

Франк Рибери од денес повеќе не е играч на Фиорентина.

Оваа информација италијанскиот клуб ја потврди преку социјалните мрежи. После две сезони поминати во Фиорентина, Рибери заминува.

Според информациите Рибери изразил желба за продолжување на соработката, меѓутоа од клубот по назначувањето на Винчецо Италијано за нов тренер не му понудиле нов договор. Во следниот период Рибери како слободен играч ќе бара нов ангажман.

Освен Рибери од Фиорентина си заминува и Мартин Касерес.


Арсенал испрати понуда за Мануел Локатели

Арсенал испрати понуда до Сасуоло за играчот за врска и Италијански репрезентативец Мануел Локатели, што беше потврдено од Италијанскиот клуб, без да се открие сумата.

Со своите игри на ЕУРО и постигнатите два погодоци, Локатели стана најбараниот играч кај Азурите, а во Сасуоло се свесни за неговата вредност, затоа не брзаат бидејќи се надеваат дека ќе добијат 50 милиони евра. Италијанците пишуваат дека Јувентус понудил 30 милиони евра и уште еден играч, а интерес покажаа и Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

„Не сакаме да го оптоваруваме Локатели со трансфер приказни за да останеме фокусирани на настапите за националниот тим. Најреалната понуда ја даде англискиот Арсенал“ – изјави за италијанските медиуми директорот на Сасуоло, Џовани Карневали.


Атлетико го продава Саул, негова замена Аргентинецот Де Пол

Раководството на Атлетико Мадрид е спремно да се раздели со играчот за врска Саул Нигез.

26-годишниот фудбалер не одигра добра сезона и во еден момент го загуби местото во првиот тим, па е спремен да ја промени средината.

Саул Нигез го известил раководството дека сака да направи трансфер ова лето, а Атлетико е спремен да ги слушне понудите. Баерн Минхен во моментов покажува најсериозен интерес за Саул Нигез, но ситуацијата ја следат и Манчестер Јунајтед, Сити и Челзи.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра.


Велкоски уште две сезони во нападот на Сараево

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски и официјално ја продолжи соработката со својот клуб Сараево.

Сега Велкоски потпиша двегодишен договор и останува член на овој тим до 2023 година. За Сараево Велкоски играше од 2014 до 2016 година си замина, а потоа се врати во 2017.ѓ

„Среќен сум за продолжување на соработката. Шест години со големо задоволство го носам овој дрес, клубот и градот засекогаш ќе бидат мој дом. Се радувам на освојувањето нови трофеи и ќе направиме се за да ги вратиме насмевките кај навивачите“, изјави Велкоски.



Клоп се распрашува за Николо Барела

Челниците на Интер оствариле контакт со играчот за врска на Интер и италијанската репрезентација, Николо Барела, пренесуваат италијанските медиуми.

Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Вајналдум, па во Барела гледа идеално засилување.

Барела одигра одлична сезона во Интер и покажува одлични партии на Европското првенство, па Ливерпул е одлучен во намерата да го донесе на „Енфилд“.

Интер има финансиски проблеми и веќе го продаде Хакими, но ќе направи се за да го задржи Барела.