feature

Мирчевски двоен стрелец, Силекс лесно го надигра Работнички

Силекс славеше убедлив триумф над Работнички од 0-3, во 16. коло од Првата фудбалска лига. Со тоа, кратовци ќе презимат на четвртата позиција со 31 бод, додека клубот од Дебар Маало останува на претпоследното место, со само седум освоени поени.

Двоен стрелец за Силекс беше Мартин Мирчевски, а погоди и Дарко Додев, сите три гола беа постигнати во првото полувреме.

Во осмата минута се обиде Тимовски од слободен удар, а Василев успеа да одбрани. Но, само две минути подоцна Силекс дојде во водство.

Огромно недоразбирање меѓу голманот Васко Василев и одбраната на Работнички, тоа го искористи Мартин Мирчевски и со лоб удар ја погоди мрежата на домаќинот.

Во 13.минута Мирчевски искористи уште едно невнимание и зголеми на 0-2.

Димитар Трајков имаше можност да го врати Работнички во живот, влезе во убава шанса, но Љупчо Џеков го одбрани неговиот удар.

Во 43.минута, Дарко Додев доби одлична топка од Илија Донов, влезе во шеснаесетникот откосо од левата страна и рутински погоди во спротивниот агол.

Работнички во второто полувреме се обиде да стигне до почесен погодок, но не успеа, а во Силекс беа задоволни од тоа што го сторија во првите 45 минути.


Алба и Бускетс заминаа во пензија со МЛС титула

Интер Мајами е шампион на МЛС. Во спектакуларното финале одиграно во саботата, тимот од Флорида ги победи Ванкувер Вајткепс со 3-1 и со тоа ја освои својата прва титула откако се приклучи на лигата во 2020 година.

Финалето беше последен натпревар во величенствените кариери на Џорди Алба и Серхио Бускетс.

Тие го кренаа победничкиот пехар заедно со нивниот долгогодишен пријател и соиграч Лионел Меси. Друг соиграч на Меси, Бускетс и Алба од деновите кога играа заедно во Барселона, Хавиер Маскерано, го освои трофејот како тренер.

„Нивните кариери не заслужуваа ништо помалку од тоа да се збогуваат како шампиони. Ова се момците кои беа допрени од магичното стапче. Денес ги испраќаме како што заслужуваат затоа што напишаа историја во овој клуб“, рече Маскерано.

Шпанското дуо го напушта фудбалот со чувство на исполнетост.

„Ги остварив сите мои соништа, дури и повеќе отколку што некогаш сум сонувал. Среќен сум. Имав одлична кариера и горд сум на сè што постигнав“, рече Алба.

На неговите зборови се надоврза Бускетс, светскиот шампион од 2010 година.

„Направив сè, многу сум привилегиран поради патот што го поминав. Уживав во тоа и сега е време за нова фаза од мојот живот.“


Превц победа на ски-скокови натпреварувањето во Висла

Словенецот Домен Превц триумфираше вечерва на скокалницата во Висла во рамки на Светскиот куп во скијачки скокови.

Превц дојде до својата прва победа во сезоната со скокови од 136,0 и 130,0 метри, со што освои 286,2 поени, 6,8 повеќе од второпласираниот Германец Филип Рајмунд (129,0 и 130,5 метри). Третопласираниот Јапонец Рјоју Кобајаши заостана 19 поени зад победникот, со скокови од 130,5 и 123,0 метри.

Словенецот Анже Ланишек го задржа водството во генералниот пласман на Светскиот куп со денешното четврто место со 406 поени, 36 повеќе од второпласираниот Превц и 80 од третопласираниот Кобајаши.


Ракометарките со победа над Словачка го освоија турнирот во Турција

Македонската женска ракометна репрезентација го освои првото место на меѓународниот турнир во Анкара во рамки на ЕХФ неделата, откако денеска во завршното трето коло ја совлада Словачка со 26-24.

Дуелот против до овој натпревар непоразената Словачка донесе резултатски израмнето прво полувреме (12-12).

На стартот од вториот дел, македонските ракометарки влегоа во серија од 3-0, за водство од 15-12, кое со пожртвувана игра го задржаа до самиот крај на натпреварот.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го завршија настапот на турнирот со пет бодови, откако во првото коло триумфираа над домаќинот Турција со 29-26, а во саботата одиграа нерешено против Словенија 23-23.


Винсент Крихмаер победи на супер-велеслаломот во Бивер Крик

Скијачот, Винсент Крихмаер, победи во трката во Супер-Џи реализирана во Бивер Крик, САД. Истата беше одложена за еден час поради магла и обилни снежни врнежи.

Австриецот постигна време од 1:06,77 секунди, победувајќи го Норвежанецот Фредрик Милер за 56 стотинки. Рафаел Хасер од Австрија го пополни третото место на подиумот.

Зад нив се пласираа Доминик Париз и Марко Одермат, кој со новите бодови останува на чело во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање.


Шпанија прв фаворит на Мундијалот следното лето

Откако беше извршена жрепката за групите за Светското првенство во 2026 година, водечките светски обложувалници ја гледаат Шпанија како најголем фаворит за освојување на титулата.

Според обложувалниците, Шпанија е прв фаворит за светската титула со коефициент од 4-5.

На второто место се Англија и Франција со коефициент од 6,5, по што следат Аргентина и Бразил (8,5), Германија (14), Португалија (16) и Холандија (20).

Хаити има најмали шанси, со коефициент од 4.500.


Динамо се спаси од пораз во 102. минута од хрватското дерби со Хајдук

Најголемото хрватско дерби, меѓу Динамо и Хајдук во 16-то коло од СуперСпорт ХНЛ заврши 1-1.

Натпреварот имаше неверојатен тек, Динамо доминираше речиси 70 минути, но не успеа да поведе, додека по интервенцијата на ВАР, на „модрите“ им беа поништени гол и пенал.

После тоа, Шего го шокираше „Максимир“ во 68-та минута и Хајдук беше на дофат на голема победа, но Арбер Хоџа ги постави конечните 1-1 во 12-тата минута од судиското продолжение.

По ова лудо дерби, Динамо го задржа првото место на табелата со бод повеќе од второпласираниот Хајдук.


Барса го декласира Бетис, хет-трик на Феран Торес

Барселона убедливо победи во едно од дербињата на 15-то коло од Ла Лига. Во Севилја го победи Бетис со 3-5.

Се чинеше дека Барселона може да се лизне во Севилја против Бетис. Ерупција на воодушевување донесе голот на Антони во петтата минута. Барселона одоговори експресно со два гола на Феран Торес во 11-та и 13-та минута.

Барселона не застана тука. Напротив, во 31-та минута, Педри беше во улога на асистент, а Бардаги совршено ја контролираше топката, а потоа од 15 метри го погоди блискиот агол на голманот Валхес.

До крајот на првото полувреме, Барселона веќе го обезбеди триумфот, во 40-та минута имаше малку среќа, Торес шутираше, топката се одби од противничкиот играч и заврши во мрежата на домашниот тим.

Во продолжение, Барселона постигна петти гол, во 57-та минута беше досуден пенал за гостите, по прегледаното ВАР видео, а Ламине Јамал погоди за 1-5.

До крајот на натпреварот, има уште три детали што вреди да се споменат, пред сè оној од 85-та минута кога Љоренте го постигна вториот гол за Бетис, а потоа и неверојатното промашување на Рашфорд кој, минута подоцна, сам се најде пред голманот на Бетис и шутираше покрај голот од десетина метри.

Во 90-та минута, Кунде направи пенал, а Кучо Ернандез сигурен за конечни 3-5.


Барса размислува за напуштање на Евролигата

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона зборуваше за можноста клубот да ја напушти Евролигата.

Тој тврди дека е подготвен да го продолжи договорот со Евролигата, но со услов.

„Лиценцата на Евролигата истекува во јуни 2026 година, а клубовите што нема да ја обноват ќе го изгубат правото да се етаблираат. Се обидуваме да ѝ дадеме до знаење на Евролигата дека Барселона е важен дел од натпреварувањето и тие го разбираат тоа. Предложивме обновување со Евролигата, но со можност за флексибилност во случај предлогот на НБА да биде подобар“, рече Лапорта.

Во меѓувреме, НБА не губи време.

„НБА ни нуди средба за да можат да ни дадат повеќе детали за предлогот. Засега, сите овие средби звучат многу ветувачки, но сè уште немаме конкретна понуда“, заклучи Лапорта.


Интер Мајами е нов шампион во МЛС лигата

Inter Miami forward Lionel Messi (10) celebrates with his teammates during a ceremony for winning the Supporters’ Shield after an MLS soccer match against the New England Revolution, Saturday, Oct. 19, 2024, in Fort Lauderdale, Fla. (AP Photo/Lynne Sladky)

По шампионските титули во Шпанија, титулата шампион во Франција, освојувач на Лигата на шампионите, Копа Америка и Светското првенство, Лионел Меси во своето импресивно фудбалско досие од вечерва ја има и титулата во американската МЛС лига.

Во големото финале на сезоната, вечерва Интер Мајами со 3:1 славеше над тимот на Ванкувер и успеа да ја освои шампионската титула, што е и прва титула за Аргетинецот во розевиот дрес на момците од Флорида.

Меси ја освои својата прва титула во МЛС со Интер Мајами, не постигна гол, но директно придонесе за сите три гола во победата од 3-1 над Ванкувер, во чии редови беше германскиот ветеран Томас Милер.

Сметајќи ги трофеите освоени со Барселона, Пари Сен Жермен, Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Меси сега има 44 титули како професионален играч.