feature

Де ла Фуенте без ниту еден фудбалер на Реал на Мундијалот

Spain’s coach Luis de la Fuente takes part in a training session on the eve of the EURO 2024 first round group A qualifying football match between Spain and Cyprus at the Nuevo Estadio de Los Carmenes in Granada on September 11, 2023. (Photo by JORGE GUERRERO / AFP) (Photo by JORGE GUERRERO/AFP via Getty Images)

Репрезентацијата на Шпанија ќе важи за еден од главните фаворити на претстојниот Мундијал, но според најавите од шпанските медиуми, „црвената фурија“ би можела да настапи без ниту еден фудбалер на Реал Мадрид.

Во пресрет на објавувањето на конечниот список на селекторот Луис де ла Фуенте, се појавија информации дека стоперот Дин Хујсен нема да добие повик за Светското првенство. Наводно, селекторот смета дека дефанзивецот на Реал не одиграл сезона на посакуваното ниво и дека има играчи кои повеќе заслужуваат место во националниот тим.

Ваквите најави претставуваат изненадување ако се знае дека Хујсен минатата година беше стандарден член на шпанската репрезентација, а во меѓувреме направи и голем трансфер во Реал Мадрид. Тој беше и стартер на завршниот турнир во Лигата на нации, каде што Шпанија стигна до финалето и ја совлада Франција во полуфиналето, а потоа загубија од Португалија по изведувањето пенали.

Доколку ваквото сценарио се оствари, Реал Мадрид најверојатно ќе остане без свој претставник во шпанската репрезентација на Светското првенство. Хујсен беше единствениот фудбалер на мадридскиот клуб кој доби повик за последните натпревари против Србија и Египет, откако претходно од комбинација отпадна и Карвахал.

Иако во последните две децении фудбалерите на Реал немаа доминантна улога во националниот тим, досега не се случило Шпанија на големо натпреварување да настапи без ниту еден играч од „кралскиот клуб“.


Челзи го официјализира новиот менаџер Чаби Алонсо

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо ја прифати понудата на Челзи и во наредната сезона ќе ги предводи „сините“ од Лондон. Премиерлигашот сезонава смени двајца тренери Енцо Марсека и Лиам Росениор, а сезоната на клупата ја завршува Калум Мекфарлан.

Челзи ја објави одлуката за новиот менаџер истиот ден кога доживеа пораз во финалето на ФА Купот од Манчестер Сити и на тој начин остана без учество во европските купови следната сезона.

Веста за постигнатиот договор ја пренесоа повеќе британски медиуми.

Чаби Алонсо оваа сезона ја почна како тренер на Реал Мадрид, но под притисок од фудбалерите доби отказ откако претходно успешно го водеше Баер Леверкузен со кој освои титула во Бундес лигата без пораз.

Инаку, Чаби Алонсо во Премиер лигата настапуваше за екипата на Ливерпул и се очекуваше тој да седне на местото на Арне Слот.


Скалвини трансфер-цел на Јуве ова лето

Јувентус започна прелиминарни преговори за потпишување на Џорџо Скалвини од Аталанта за да го привлечат во летото, објавува „Тутоспорт“.

За да учествува на европските клупски турнири, Јувентус мора да има минимум осум домашни играчи на листа од 25 фудбалери.

Од нив најмалку четворица од нив мора да бидат млади. „Бјанконерите“ моментално го заземаат третото место на табелата во Серија А.


Даниела и Сара Горбок: Повикот беше изненадување, но го прифативме со драго срце

Многу нови, млади одбојкарки кои треба да се иднината на македонската женска репрезентативна одбојка се најдоа на поширокиот список на новиот селектор Милош Гавриловиќ. Меѓу оние кои премиерно добиваат шанса во А тимот се и сестрите Даниела и Сара Горбок, кои настапуваат за „Газели Волеј“ во домашното првенство.

Ќерќите на прославениот руски ракометар, Сергеј Горбок, кој го носеше дресот на РК Вардар и беше дел од екипата која ја освои втората европска клупска титула во 2019 година, долги години живеат во Македонија, веќе добија и македонско државјанство, а Одбојкарската федерација на Македонија според правилата на ФИВБ е и нивна матична Федерација. Со оглед на прикажаното во нивната дебитантска прволигашка сезона следуваше и повикот во националниот тим.

Сестрите одлично се адаптираат во репрезентативната средина и потенцираа дека се среќни и изненадени што селекторот Гавриловиќ ги вклучил и нив на списокот.

„За нас беше големо изненадување кога го добивме повикот, но го прифативме со драго срце. Благодарни сме што сме поканети да сме дел од сениорската репрезентација на Македонија. Се радуваме што селекторот смета на нас“, вели Сара, додека Даниела ја надополнува: „Навистина сме среќни и тука сме за да покажеме што знаеме и што можеме. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас и да покажеме дека стручниот штаб може да смета на нас.“

Првото „кратење“ на составот треба да се случи викендов, по што ќе биде познато на кои одбојкарки ќе смета селекторот во пресрет на настапот во Европската лига 2026. На останатите уште на првиот собир им беше посочено дека на нив ќе се смета во некоја следна акција.


Ѓорческа ја доби првата ривалка во квалификациите на Ролан Гарос

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во текот на следната недела ќе биде дел од квалификацискиот дел од женскиот турнир на Гренд слем турнирот Ролан Гарос во Париз. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против Сузан Ламенс од Холандија.

Нејзината прва ривалка Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124.место на ВТА листата и е рангирана како 17.носителка на квалификацискиот турнир.

Оваа година Лина Ѓорческа имаше настап и на првиот ГС турнир Австралија опен.


Карвахал заминува од Реал ова лето

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона.

Капитенот веќе нема договор со клубот, а иако имаше најави за можни преговори за продолжување на соработката, тоа нема да се оствари.

Десниот бек на Реал Мадрид често се соочуваше со повреди, а со оглед на тоа дека има 34 години, јасно е дека не може да го даде истиот придонес како претходно, па решил да ја напушти екипата како слободен агент.

За Реал Мадрид ова не претставува проблем, а Карвахал нема да се пензионира, туку ќе бара нов клуб.

Поголемиот дел од својата кариера го минал како фудбалер на Реал Мадрид, освен во сезоната 2012-13 кога играше за Леверкузен, продаден за пет милиони евра, но брзо бил вратен во Мадрид со посебна клаузула.

Во шпанската репрезентација настапил 52 пати, при што постигнал еден гол.



Инасио го продолжи договорот со Борусија Дортмунд

Италијанскиот фудбалер Самуеле Инасио го продолжи денеска договорот со Борусија Дортмунд до јуни 2029 година.
Инасио дојде во Борусија во 2024 година од редовите на Аталанта.

Оваа сезона, 18-годишниот Инасио одигра шест натпревари во Бундеслигата, а го постигна својот прв гол за Дортмунд во победата од 3-2 против Ајнтрахт Франкфурт.

„Многу сум среќен во Дортмунд и горд што дебитирав во Бундеслигата во овој голем клуб. Чувството да го постигнам првиот гол пред „жолтиот ѕид“ беше неверојатно и сакам да прославам уште многу успешни моменти со мојот тим и навивачите во иднина“, рече Инасио.


Познати тројца кандидати за МВП наградата

Освојувачот на МВП наградата во НБА лигата ќе биде познат пред почетокот на првиот натпревар од финалето на Западната конференција меѓу Оклахома Сити и Сан Антонио во недела навечер. Во конкуренција се тројца играчи: Шеј Гилџус-Александер (Оклахома Сити), Виктор Вембањама (Сан Антонио) и Никола Јокиќ (Денвер).

Кој било од тројцата да освои наградата ќе биде осма сезона во низа како добитникот е играч, кој е роден надвор од САД.

Ланската награда за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната му припадна на Шеј Гилџус-Александер.


Свитолина го освои Мастерсот во Рим

Осум години по нејзините незаборавни последователни триумфи во 2017 и 2018 година, Елина Свитолина повторно се качи на тронот во Рим.

Украинската тенисерка ја потврди својата неверојатна еволуција и со лавовска борба стигна до својата трета титула на Мастерсот во Рим, совладувајќи ја Коко Гоф со 6-4, 6-7(3), 6-2 по епска битка која траеше речиси три часа.


Неморална понуда од Фенер за Салах

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах потврди дека по девет години ќе стави крај на својата ера на „Енфилд“. Иако неговиот договор истекува во јуни 2026 година, а веќе искусниот напаѓач веќе се поврзува со неколку атрактивни дестинации, а најновата понуда доаѓа од Турција.

Според турските медиуми, Фенербахче е подготвен да тргне по потписот на 33-годишниот офанзивец и веќе започнал контакти со неговиот менаџер.

Клубот од Истанбул наводно му подготвил тригодишен договор вреден дури 60 милиони евра, односно 20 милиони евра по сезона.

Иако зад себе има сезона која статистички е послаба од претходните, со 12 голови и девет асистенции во 38 натпревари, интересот за Салах не стивнува.

Дел од причините за неговото заминување од Ливерпул се поврзуваат и со нарушениот однос со тренерот Арне Слот, кој во неколку наврати го остави надвор од тимот.