feature

Тилеманс е замената за Погба во Манчестер Јунајтед

Откако фудбалерот, Пол Погба, континуирано одбива да ја продолжи соработката со екипата на Манчестер Јунајтед, челниците на тимот планираат да негова замена.

Французинот ја одработува псоледната сезона од договорот и најверојатно во наредноот лето ќе си замине како слободен играч. Наводно, негова замена ќе биде Јури Тиелеманс од екипата на Лестер кој ја игра четвртата сезона кај популарните – „лисици“.

24-годишниот репрезентативец на Белгија кој има договор за уште две години, најави дека сака да направи трансфер во друг клуб. Затоа луѓето од Манчестер Јунајтед ги направиле и првите контакти со неговиот агент.


Реал во недела се враќа на Сантијаго Бернабе, еве како изгледа (видео)

Иако работите не се завршени, Реал Мадрид в недела ќе одигра меч на „Сантијаго Бернабе“ во  рамки на 4. коло од шпанската Ла Лига.

Работите во домот на „кралскиот“ клуб веројатно нема да завршат до јануари 2023. година, но ќе може да се играат натпревари на него. До натпреварот со Селта, ќе се постави нов систем за тревник и разгласи, како и соблекувални. Реал веќе година и пол игра надвор од нивниот стадион.

Последниот домашен натпревар на култниот стадион се одигра на 1. март 2020 година. Потоа избувна пандемијата на коронавирус, а Флорентино Перез мислеше дека е вистинското време да се изврши веќе планираната работа. Реал цело време играше на помошен стадион, кој има капацитет од само 6.000 гледачи.

Сега се враќа на Бернабеу, кој ќе биде ограничен на капацитет од 30.000 луѓе. Карим Бензема, Еден Азар , Лука Модриќ и други ќе го одиграат натпреварот во недела, а како изгледа култниот стадион во моментов, неколку дена пред натпреварот, погледнете во видеото.


Поради загинати работници – Шведска ја откажува турнејата во Катар

Фудбалската репрезентација на Шведска ја откажа зимската турнеја во Катар поради условите за работа на печалбарите во објекти поврзани со Светското првенство.

По разговорите со претставниците на клубовите, „јасно е дека постои консензус против организирање на оваа турнеја во Катар“, рече генералниот секретар на Федерацијата Хакан Сјостранд во изјавата.

„Ќе видиме дали ќе најдеме алтернатива. Она што е сигурно е дека нема да патуваме во Катар во јануари”, додаде тој.

Меѓународните невладини организации постојано го осудуваат Катар за условите во кои работат неколку стотици илјади  мигранти.

Според најновиот извештај на Амнести интернешенел, катарските власти не успеале да ја истражат смртта на неколку илјади работници, што е поврзано со изградба на објекти за Светското првенство во таа земја.


ПСЖ му одговори на Тебас: Гледајте си го вашето првенство, оставете не нам!

Од ПСЖ одговорија на критиките на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој пред една недела го обвини францускиот клуб дека е штетен за фудбалот.

Според него ПСЖ ги нарушува правилата за финансиски фер-плеј и дека тој проект е штетен за европскиот фудбал. ПСЖ денес му одговори со специјално соопштение.

„Господине Тебас си дозволувате јавно да го напаѓате нашиот клуб, француското првенство, нашите играчи и францускиот фудбал и коментирате дека ги кршиме правилата. Очигледно е дека некои шпански клубови и вашата лига натрупале огромни долгови поради лошото раководење, а финансирањето на шпанскот фудбал во последната деценија не сакаме ни да го споменуваме. Сега вие не напаѓате нас бидејќи некои играчи решија да го напуштат вашето првенство“.


Камавинга: Дојдов заради исполнување на сонот, а не заради пари во Реал Мадрид

Новото засилување на Реал Мадрид Едуардо Камавинга беше претставено пред медиумите како играч на тимот. Тој ја изрази својата голема радост за неговиот трансфер, што го опиша како остварување на сонот од детството.

„Многу сум задоволен и горд што сум тука и ги бранам боите на овој клуб. Благодарам на претседателот за довербата и на целото мое семејство. Ако некој ми кажеше години наназад дека ќе бидам тука, немаше да му верувам. Уште од млада возраст сонував да играм за овој тим и ќе се обидам да дадам се од себе за тоа. Во моментот кога сфатив дека ќе бидам играч на Реал Мадрид, се чувствував многу среќен. Размислував за моето семејство и сите проблеми низ кои поминавме. Многу сум горд што сите сме тука во моментов. Веќе реков дека доаѓам да учам. Морам да му покажам на тренерот дека сум подготвен. Ќе работам напорно и ќе се обидувам да имам минути за игра за да уживам. Дефинитивно бегството од војната во Конго како дете ми помогна и ме направи посилен. Главно моето семејство ми помага и кога играм, го правам тоа за нив. Тоа ме прави посилен“ рече Камавинга.


Милевски: Можевме да освоиме барем уште четири бода на овие три меча

Новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски трет натпревар по ред мораше да се задоволи само со освоен бод во квалификациите за СП во Катар.

Македонија на „Тодор Проески“ одигра 0:0 против Романија и со ова не ја искористи шансата по ремито на Ерменија и Лихтејнштајн да се искачи на второто место на табелата во групата Ј.

„Би сакал да изразам сочувство до сите фамилии кои имаат жртви во несреќата во Тетово, од мое име и од мојот тим. Без разлика на се, Македонија тоа што го покажа на овие три натпревари, мислам дека досега во историјата никогаш не играла ваков фудбал. Немам замерка за момците, играа фудбал кој е задоволство да се гледа. Имавме многу ситуации, каде и состојбата на теренот искрено, срамота е да се игра на ваков терен. Има уште четири натпревари до крај, во оваа група до последниот натпревар нема да се знае кој ќе дојде до второт место, секој следен натпревар треба да ние е најважен. До последното коло против Исланд, сакам и се надевам дека ќе останеме конкурентни. Не можеме да бидеме задоволни од бодовите кои ги освоивме во овие три натпревар. Мислам дека заслужуваме најмалку уште четири бода. Сепак не можам да бидам незадоволен од тоа што го пренесоа момците на теренот, напредуваме ментално, сега видовме уште поагресивна напаѓачка Македонија се секако ментално постабилна. Благодарност до навивачите за нивната поддршка, овие момци го заслужуваат тоа.“ – изјави селекторот Благоја Милевски.

Македонија во следното седмо коло од мундијалските квалификации ќе игра со Лихтејнштајн на гостински терен, натпреварот е закажан за 8 октомви.


Саутгејт на удар на англиската јавност поради потег незапаметен во последните 25 години

Англија во квалификациите за Светското првенство одигра 1:1 против Полска, а англискиот селектор Герет Саутгејт се најде на удар на јавноста бидејќи не направи ниту една замена.

Тоа е потег каков англиската репрезентација не памети 25 години, уште од полуфиналето на Европското првенство против Германија. Оваа одлука на Саутгејт посебно изненадува ако се знае дека правилата се променети и сега селекторите имаат можност да направат по пет замени.

„Знаев дека мојата одлука ќе се доведе во прашање, но постои јасна причина зошто ја донесов таа одлука. Бевме доминантни, ја контролиравме играта и мислев дека измените само ќе го нарушеа тој ритам.“ – вели Саутгејт, чија репрезентација го прими погодокот во судиското надополнување.

Англискиот селектор откри дека сакаше да направи замени, но се премисли по водечкиот погодок на Кејн во 72. минута.

„Зошто да се менува нешто кога добро ни оди?“ – се запраша по натпреварот.


Јапонија ќе го откаже домаќинството на Мундијалот за клубови

Одржувањето на овогодишното Светско клупско првенство продолжува да биде неизвесно, а ФИФА досега одбиваше да ги коментира гласините дека Јапонија има намера да се откаже од одржувањето на турнирот.

„Деталите за ова натпреварување ќе ги објавиме наскоро“, велат од светската фудбалска централа.

Новинската агенција Киодо во вторникот објави дека Јапонската фудбалска федерација (ЈФА) преговара со ФИФА за преместување на турнирот поради новиот пораст на болеста ковид-19 во земјата. Така, стадионите повторно ќе останат празни и двете страни нема да заработат пари од турнирот.

Киодо тврди дека една од опциите е да се одложи шампионатот, кој треба да се одржи од 9 до 19 декември, за во 2022 година. Засега, Челзи, Окланд Сити (Нов Зеланд) и Ал Али (Египет) се сигурни учесници во ова натпреварување.


Интер подготви нови договори за тројца клучни фудбалери

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, може да го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Фабрицио Романо. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, управата на клубот има намера да потпише нов договор со 24-годишниот Аргентинец, кој ќе се пресметува до летото 2026 година.

Исто така, следната недела, Интер ќе разговара за договори со Никола Барела и Марсело Брозовиќ.

Во сезоната 2020/21, Мартинез одигра 48 натпревари за Интер, постигна 19 голови и 11 асистенции. Актуелниот договор на Лаутаро со клубот трае до 2023 година.


Барса веќе пет години носи дресови без потпишан договор

Барселона од 1998. година ги носи дресовите на Најк, а во последните пет години тоа го прави без потпишан договор.

До 2016. година славниот клуб и производителот на спортска опрема имаа договор. Потоа, меѓу нив остана само прелиминарен договор кој никогаш не е формализиран.

Причините за тоа се недоразбирањата помеѓу двете страни, потоа пандемијата на коронавирусот и изборите за претседател на Барселона. Тоа, пишуваат шпанските медиуми, доведе до недоразбирања помеѓу клубот и Најк.

Во пролетта 2016. година, Барселона под водство на тогашниот претседател Бартомеу објави продолжување на договорот со Најк до 2028. година, иако тогаш на сила се уште беше договорот според кој спортскиот бренд плаќаше фиксни 105 милиони евра по сезона, што со бонуси можеше да стигне до 155 милиони евра. Според тој договор, Најк го осигура правото на користење на брендот и огласувањето на Барселона.

Тогаш партнерите договорија дека новиот детален и, како што беше најавено, „конечен“ договор ќе биде потпишан во рок од две години. Меѓутоа, тоа досега не се случи, пет години подоцна. Ккао што пишуваат медиумите, договорот од 2016. година беше услуга на Најк кон Барселона, која уште тогаш беше во голема финансиска криза.