feature

Прогласени најдобрите пливачи за 2021 година

Пливачката федерација на Македонија ги прогласи најуспешните пливачи за 2021 година. Според постигнатите резултати во 2021 година за најуспешни беа прогласени следните пливачи во одредени категории:

Најуспешни се следните пливачи:

Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 – Мажи

Деркоски Филип П.В.К.Орион

Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 – Жени

Крстевска Миа П.В.К.Орион

Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 – Мажи

Стојановски Андреј ПК Нептун

Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 – Жени

Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во Кадетска категорија за 2021 – Мажи

Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во Кадетска категорија за 2021 – Жени

Милковска Јана ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во категорија Постари пионери за 2021 – Мажи

Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во категорија Постари пионери за 2021 – Жени

Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во категорија Помлади пионери за 2021 – Мажи

Герасимовски Василиј П.В.К.Орион

Најуспешен пливач во категорија Помлади пионери за 2021 – Жени

Велкова Емилија ПК Нептун

Најуспешен пливач во Далечинско пливање за 2021 – Мажи

Евгениј Поп Ацев ПК Вардар 2018

Најуспешен тренер за 2021 година – Илија Стојановски П.В.К.Орион


Интер пронајде замена за Перишиќ во Гомез од Андерлехт

Веќе станува извесно дека Хрватот Иван Перишиќ на лето ќе го напушти својот сегашен клуб Интер, а управата на тимот веќе пронајде потенцијална замена за него.

Станува збор за шпанскиот фудбалер Серхио Гомез кој во моментот настапува за Андерлехт.

21-годишниот фудбалер осум години беше член на позната фудбалска академија на Барселона, Ла Масија. Неговиот договор со клубот од Белгија трае до 2025 година, и во моментот не е позната висината на неговото обештетување. За Гомез заинтересирани се и екипите на Манчестер Јунајтед и Олимпик Марсеј.


Чехот Барак на мета на двата гиганти од Милано

Интер и Милан водат битка за играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми. Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона и веќе има постигнато 10 гола и 4 асистенции, иако е играч за врска. Чешкиот играч за врска ги воодушеви Инзаги и Пиоли, кои сега го означија како примарна цел за следното лето. Верона е спремна да го пушти на крајот на сезоната и за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Миланските гиганти уште сега ги започнаа преговорите и сакаат да ја победат конкуренцијата и да го донесат во своите редови.


Халанд одбил астрономска понуда од Манчестер Сити

Манчестер Сити е фаворит за потписот на Ерлинг Халанд, но очигледно тренерот Пеп Гвардиола ќе мора да бара друг голгетер. Шпанските новинари тврдат дека Норвежанецот ја одбил првата понуда од „граѓаните“. Пред седум дена тие му испратиле понуда од 600.000 евра неделно, но тоа не било доволно.

Халанд им кажал „не“ на „граѓаните“ и тоа покажува дека чека понуда од Реал Мадрид и се надева на преселба во Шпанија. Парите не му биле важни, инаку ќе потпишел договор со Манчестер сити, пишува шпански „АС“.

„АС“ тврди дека не постои откупна клаузула од 75 милиони евра според која Борусија Дортмунд мора да го продаде, иако имаше такви шпекулации во претходните месеци.


Два европски гиганти го сакаат Пулишиќ од Челзи

Кристиjан Пулишиќ не добива голема минутажа на „Стенфорд Бриџ“ и е спремен да го напушти Челзи. 23-годишниот крилен фудбалер е мета на многу европски клубови, но медиумите пренесуваат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Баерн Минхен и Челзи.

Јувентус е силно заинтересиран за Американецот бидејќи приоритет на „бјанконерите“ ќе биде доведување на офанзивен фудбалер како замена за Дибала.

Од друга страна тренерот на Баерн, Нагелсман е голем фан на квалитетите на Пулишиќ и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим.


Меси и Ди Марија најавуваат репрезентативна пензија

Лионел Меси најави можност да стави крај на кариерата за „Гаучосите“ и да продолжи да игра само во клупски фудбал.

„Размислувам за она што доаѓа сега, во Еквадор. По Светското првенство ќе треба да преиспитам многу работи“, искрен беше Меси.

Аргентина ја совлада Венецуела со 3-0, но тоа остана во сенка на изјавите на Анхел ди Марија и Меси.

Ди Марија нема дилема дека само што го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, постигна гол и забележа асистенција.

„Би сакал само да ви се заблагодарам за големата љубов што ја добив.Отсекогаш сум сонувал за сето она што го поминав низ овие прекрасни ноќи.Ова веројатно беше мојот последен натпревар во овој дрес во Аргентина. Ви благодарам уште илјада пати“, рече Ди Марија.


Барса ќе испрати понуда за Левандовски

Барселона е спремна да понуди 50 милиони евра на Баерн Минхен за потписот на Роберт Левандовски, пренесува каталонски „Спорт“. Ако е потребно таа сума ќе достигна до 60 милиони евра, пренесува весникот кој е близок до Барселона. Вчера каталонски „Спорт“ ексклузивно објави дека Левандовски сака да се пресели во Барселона и дека неговиот агент Пини Захави е во постојан контакт со претседателот Жоан Лапорта.

Левандовски на лето влегува во последната година од договорот со Баерн Минхен, а неговиот агент потврди дека нема најави за продолжување на соработката.

Поради тоа големи се шансите полскиот голгетер да ја промени средината на лето, а негов прв избор е Барселона.

Барселона е спремна да понуди 50 милиони евра и се верува дека таа сума ќе ги задоволи финансиските апетити.


Муслиу: Португалија е фаворит само на хартија

Македонската фудбалска репрезентација вчера го одржа првиот тренинг по враќањето од Палермо, а во пресрет на решавачкиот меч со Португалија за пласман на СП во Катар.

По извонредниот настап на средбата во Италија, Висар Муслиу, пред дуелот со Португалците вели:

„Секако е дека емоциите за Италија се завршени. Сега цел поглед ни е кон Португалија. Мора да се потрудиме многу, знаеме дека ова е можеби шанса која ќе ја имаме еднаш во животот. Мора да дадеме максимум и да се потрудиме да победиме, па така ќе испишеме нова историја за нашиот фудбал. Секој нов меч е различен од претходниот, но знаеме дека чека еден многу тежок меч, со многу притисок и на наша и на нивна страна. Тоа мора да го отстраниме со нашата професионалност. Португалија е фаворит на хартија, сите го велат тоа. Но, ние не мислиме така. Знаеме за каков квалитет се говори. Италија исто имаше квалитет како европски првак, па така сметам дека и ние не сме без никакви шанси во финалето“.


Еурофарм Пелистер го доби дербито со Вардар среде Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа на големото суперлигашко дерби во Скопје против екипата на Вардар со 23-24 и го преземаа врвот на табелата во домашниот шампионат. Ова прва победа на Еурофарм Пелистер во Скопје, а истата доаѓа во незгодно време за „црвено-црните“.

Битолчани одиграа одличен меч во кој има апредност од еден гол уште во првиот дел (11-12). Во второто полувреме гостите успеваа да одржат континуирана предност, која на моменти беше и до 3 гола разлика. Вардар успеа да се врати, но не искористи шанса за реми.

Табоада постигна шест гола беше најдобар кај Еурофарм Пелистер, додека Дибиров запиша шест погодоци за Вардар.


Барди, Трајковски и Милевски добија дипломатски пасоши

Mакедонските репрезентативци Енис Барди и Александар Трајковски, како и селекторот на фудбалската репрезентација Благоја Милевски, ќе добијат дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Во Министерството за надворешни работи на Трајковски, Барди и селекторот Милевски ќе им бидат врачени дипломатски пасоши. Тие сега се наши најважни амбасадори и заслужуваат дипломатски пасош. Се надевам ќе продолжат да нè радуваат и во натпреварот со Португалија“, изјави министерот Бујар Османи.

Двајцата фудбалери и селекторот своите дипломатски пасоши ќе ги добијат по брза постапка и веќе од денес ќе ги имаат во своите раце.

Македонија одигра херојски натпревар против Италија во Палермо и со голот токму на Трајковски се избори за финален дуел за пласман на Светското првенство против Португалија, кое ќе го игра во Порто на стадионот „Драгао“ во вторник на 29.март со почеток во 20.45 часот.