feature

Јунајтед има план за доведување на еден од најдобрите напаѓачи на светот

Манчестер Јунајтед на списокот на желби го додаде Килијан Мбапе, еден од најбараните играчи на планетата во моментот е желба на англискиот клуб.

Мбапе потврди дека оваа сезона нема да замине од ПСЖ, но јасно му даде до знаење на клубот дека следното лето ќе замине од Париз.

Реал Мадрид и понатаму е главен фаворит за потпис на Мбапе, но сега „кралевите“ добија сериозна конкуренција во Манчестер Јунајтед кој не се откажува и најави дека следното лето ќе го донесе Французинот во Манчестер.

Како што пишува Мирор, Мбапе, Кејн и Халанд се топ приоритети на Јунајтед.


Заработува 12 милиони евра годишно, а не знае против кого игра наредниот натпревар

Хамес Родригез ги шокираше навивачите на Евертон кога во текот на еден пренос во живо рече дека не знае со кого игра Евертон викендов.

Колумбиецот не настапи на првиот натпревар сезонава бидејќи беше еден од петте играчи кои мораа тоа време да го поминат во изолација.

Евертон викендов гостува кај Лидс, но Родригез, кој активно работи на тоа да го напушти клубот пред крајот на летото, не знае ништо за тоа.

„Се враќам во понеделник, барем мислам дека е понеделник. Нема да играм овој викенд, јас и не знам со кого игра Евертон. Можете ли да ми кажете?“ – праша Родригез додавајќи:

„Мислам дека е гостински натпревар, бидејќи претходниот беше на домашен терен. Аха, Лидс во гости, кај Марсело Биелса, така е. Тоа ќе биде тежок натпревар, ќе видиме што ќе биде. Се надевам на победа.“

По оваа изјава, навивачите на Евертон упатија негативни коментари, што и не е неочекувано, бидејќи не е баш вообичаено ѕвездата на клубот, која заработува 12 милиони евра годишно, да не знае кој е следниот противник на неговата екипа.


Поранешен фудбалер на Јунајтед осомничен за кражба во Бразил

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Андерсон се наоѓа под истрага поради перење пари.

Според информациите, Андерсон е еден од осуммина кои јавното обвинителство ги доведе во врска со пренаменување на 5,5 милиони евра од државната берза и перење пари низ криптовалути.

Освен наведеното, тие се под истрага и поради кражба и припаѓање на криминална организација. Станот на Андерсон веќе беше под истрага.

Поранешниот фудбалер со криптовалути се занимава во последните две години, а за медиумите потврди дека неговата компанија продаде биткоин на компанија која е под истрага, тврдејќи дека не знаел дека тие пари стигнале од нелегални извори.


Бразилецот Рафаел Гоес потпиша за Работнички

Бразилскиот фудбалер Рафаел Гоес да Силва е нов фудбалер на Работнички.Тој стави потпис на договор со клубот од „Градски парк“ и треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред.

Потпишавме договор со бразилскиот интернационалец Рафаел Гоес да Силва. Има одлични препораки, ја минал младинската школа на славниот Фламенго и веруваме дека ќе биде квалитетно засилување за Работнички. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска, но може по потреба да одигра и во одбраната, изјави спортскиот директор на Работнички, Горан Станковски.

Гоес ја минал школата на славниот бразилски клуб Фламенго, а Работнички е негов прв клуб во Европа.


Мурињо му го краде планираното засилување на Јуве

Миралем Пјаниќ сигурно ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Пјаниќ сака да се врати во Јувентус и „бјанконерите“ важеа како фаворити за неговиот потпис.

Пјаниќ прифатил 20% намалување на платата за да се врати во Торино, но Јувентус треба прво да се ослободи од Рeмзи. Таквата ситуација сака да ја искористи Рома и веќе стапиле во контакт со неговиот агент, па сака да го „украде“ пред носот на големиот ривал.

Барселона е спремна да го даде Босанецот на двегодишна позајмица за да се ослободи од неговата висока плата, а Мурињо го убедува Пјаниќ да се врати во Рома.

Пјаниќ не може повеќе да го чека Јувентус, па е спремен да и каже ДА на Рома.


Бабиќ: Веројатно Мешков е најсилниот тим кој ни гостувал во Битола

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ во својата богата и успешна кариера го водел и белорускиот првак Мешков Брес. Баш еговиот поранешен клуб и најчестиот учесник на завршниот турнир на СЕХА лигата стои на патот на пелистерци на „фајнал-фор“ турнирот во Задар.

Пред првиот четтвртфинален дуел, в сабота во Битола, Бабиќ искажа зборови на респект за својот поранешен клуб. 

За противникот:

Мешков Брест е многу добар противник, кој минатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите. Во последно време има голем европски раст, победува големи европски натпревари и во последно време веројатно е најсилниот противник кој дошол во Битола. Ни следи еден голем предизвик, голема радост за сите нас. Спремни сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат без обзир што се тим од Лигата на шампионите и имаат силен тим. 

За подготовките и освоениот Суперкуп на Македонија:

Освоениот Суперкуп сигурно многу значи за самодовербата. Секако дека сите сме среќни, задоволни и горди. Сепак, познато е дека во спортот минатото не се брои. Нашата форма уште не е одлична, уште е припремен период, работите паралелно на физичка и тактичка припрема. Се виде на турнирот во Струга дека правиме многу технички грешки кои ние не ги правиме. Не сум загрижен, верувам во своите играчи, верувам во нашата работа и уверен сум дека ќе имаме многу добра сезона без разлика на исходот од натпреварот против Мешков Брест. Ни следи многу добра сезона и секако дека се надевам на уште некој трофеј. 

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Мешков Брест ќе го следат 500 гледачи, кои ќе добијат билет по онлајн продажба и мора да ги исполнат барањата за целосна вакцинација. 


Модриќ се повреди непосредно пред натпреварот против Леванте

Хрватскиот плејмејкер, Лука Модриќ се здобил со повреда на бутниот мускул на тренингот во петок, соопштија шпанските медиуми.

Поради тоа Модриќ не е повикан за мечот со Леванте, кој се игра во недела во рамките на второто коло од Примера.

Дополнителните лекарски прегледи ќе го покажат степенот на повредата и колку време ќе биде надвор од терените.

Карло Анчелоти не може да смета исто така на Крос и Себаљос, па против Леванте сигурно ќе бидат стартери Љоренте и Касемиро.


Донарума: Респект за Милан, но ми требаше промена во кариерата

Еден од најдобрите голмани на светот, Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и како слободен играч се пресели во Пари Сент Жермен.

Донарума сега објасни зошто донел таква одлука и итскна дека неговите амбиции во моментов биле различни со тие на Милан.

„Поминав осум прекрасни години во Милан, каде се чуствував како дома. Имам огромно почитување кон сите во клубот и секогаш ќе го сакам тој клуб. Меѓутоа, животот е полн со избори и јас во моментов имам различни амбиции. Имав потреба да ја променам средината за да напредувам и да станам посилен. Кога решив да го напуштам Милан немав договор со друг клуб“, изјави Донарума.


Нојер се повреди во Суперкупот на Германија, ќе паузира еден месец

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, кој се повреди на мечот со Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија, морал да го пропушти вчерашниот тренинг, стои во објавата на Баварците.

„Нојер го повреди десниот скочен зглоб на мечот со Дортмунд и нема да учествува на тренинзите“, стои во краткото соопштение без да се прецизира кога голманот ќе се врати на терените.

Фудбалерите на Баерн Минхен в недела ги очекува натпреварот против Келн во рамките на новото коло во Бундеслигата.


Зијеч нема да биде продаден, Мароканецот ќе добие уште една шанса кај Тухел

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, во последен миг се премисли и ќе го задржи во составот , Хаким Зијеч, кој претходно беше ставен на трансфер листата, објавија дел од медиумите во Англија.

Германскиот стратег се определил да му даде шанса на брзоногиот фудбалер што значи дека ќе пропадне најавениот трансфер во Милан.

„Росонерите“ сакаа да го ангажираат Зијеч како замена за Хакан Чалханоглу кој го напушти тимот  во текот на летово.