feature

Сити поразен, Гвардиола со пофалби за најскапиот фудбалер во историјата на лигата

Манчестер Сити на отворањето на новата сезона од Премиерлигата беше поразен во Лондон на гостувањето кај Тотенхем со 1:0. Тоа беше прв натпревар за Џек Грилиш, најскапиот фудбалер во историјата на англиската лига, во стартните 11 на Манчестер Сити.

По натпреварот, тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола имаше само пофални зборови за англискиот репрезентативец.

„Тој е така опасен во последната третина од теренот… кога ја имаме топката, тој секогаш има опција повеќе. Имаше неверојатен дебитантски настап и ќе биде доста важен дел од нашата екипа. Му честитам на борбеноста која ја покажа, обидувајќи се цело време да створи нешто на теренот.“ – изјави Пеп.

Манчестер Сити го доведе 25-годишниот Грилиш од Астон Вила за рекордни 117,5 милиони евра.


Македонија го освои ЕХФ шампионатот во Литванија

Македонската женска ракометна репрезентација во кадетска конкуренција го освои ЕХФ шампионатот во Литванија, откако во финалниот натпревар го совлада Исланд со 27:26.

Ива Младеновска беше прогласена за МВП на турнирот и очекувано се најде во идеалниот тим, заедно со Теодора Дукоска и Марија Јовановска.

Македонските ракометарки имаа безмалку перфектен настап на овој ЕХФ шампионат на кој загубија само од Шпанија во групната фаза.

Со овој успех, тие обезбедија пласман и на следното Европско првенство во оваа старосна категорија.


Секељи прогласен за најдобар голман на Струшкиот турнир

Викендов заврши 49-от Струшки ракометен турнир, а по драматичен финиш и по продолженија, Еурофарм Пелистер загуби од Вардар 1961 со 35-33. Тимур Дибиров е прогласен за најдобар играч на годинешното издание на традиционалниот летен ракометен собир.

Наградата за најдобар голман отиде во рацете на унгарскиот чувар на мрежата на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељи, а најдобар стрелец на турнирот е Златко Мојсоски од Бутел.

Еурофарм Пелистер три години по ред игра во финалето на турнирот, двапати загуби и еднаш победи во натпреварот за трофеј.


Бајиќ: Оваа Македонија не се плаши од ниту еден ривал

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ стигна до својата прва победа како предводник на националниот тим. По поразот од Швајцарија на 12 август, „црвено-жолтите“ синоќа ја совладаа Словачка во претквалификациите за Светското првенство 2023 година.

Честитки за момците за добриот натпревар. Благодарност и до публиката, тие беа еден голем ветер во грбот. Се надевам дека со Швајцарија ќе бидат во што поголем број. Имавме малку време за подготовка, ама максимално одговорија кошаркарите на сите задачи. Освен во втората четвртина, во другите бевме добри. Сосема заслужена победа. Сега следи Швајцарија, со која имавме голем притисок во првиот натпревар. Јас не им го создадов, туку целиот нов тим. Во последните два дена работевме да го тргнеме притисокот и работите испаднаа добро. Исто и оваа победа ништо не ни значи, како оној пораз од Швајцарија. Не се плашиме од никого, така ќе биде и понатаму. Се што е добро им препишувам на играчите, се што е лошо оди на моја душа, изјави Бајиќ.

Вториот дуел со Швајцарија, македонските кошаркари ќе го имаат денес од 19:00 часот, повторно во СЦ „Јане Сандански“.


Ѓорческа го освои фјучрсот во Белгија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа во конкуренција на двојки го освои  ИТФ фјучерсот во Коксејде (Белгија).

Ѓорческа во тандем со Валерија Страхова (Украина) во големото финале беа подобри од првите носителки Валентини Граматикопоулоу (Грција) и Валентина Ивахненко (Русија) со 6-4, 6-4.

За Лина ова е трета титула во дубл во тековната сезона.


Сколс верува дека Погба ќе потпише нов договор со Јунајтед

Манчестер Јунајтед на фантастичен начин ја започна новата сезона во Премиер лигата и тоа со триумф над Лидс од 5-1.

Легендата на Јунајтед, Пол Сколс верува дека ваквите изданија како денешното ќе го натераат Погба да потпише нов договор.

„Мислам дека ќе остане. Мислам дека тоа ќе го направи. Кога играше пред неколку години во тим кој не функционираше добро како што изгледа овој, со бројот на напаѓачки играчи, со вештината што ја има мислам дека ќе му додаде многу за овој тим. Мислам дека тој ќе заврши со потпис на нов договор. Ако овој тим продолжи на овој начин, напредува како што е – не сакам да се возбудувам премногу – но тоа е тим што може да продолжи и да освојува трофеи и тоа е она што тој сака да го направи“, истакна Сколс.


Холанѓаните дозволија гледачи на формула 1 трката во Зандворт

Организаторите на трката за Големата награда на Холандија го потврдија одржувањето на Формула 1 трката во септември со присуство на гледачи, објави официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Холандската влада дозволи трибините на автодромот Зандворт да се полнат до две третини од максималниот капацитет, поради ограничувања поврзани со коронавирусот. Така, околу 70.000 луѓе ќе можат да ја посетат трката од сезоната 2021 година.

Етапата од Големата награда на Холандија ќе се одржи од 3 до 5 септември 2021 година.


Европскиот првак бара 50 милиони евра за Абрахам

Челзи сака да добие 50 милиони евра за нивниот напаѓач Тами Абрахам, објавија медиумите од Островот. Интерес за фудбалерот има од италијанскиот тим Рома, но и од Арсенал.

Наводно, највисоката понуда која бид ададена за Абрахам е од клубот од Рим, но е во висина од 45 милиони евра.

Во сезоната 2020/21, Абрахам одигра 32 натпревари за Челзи, во кои постигна 12 гола и 6 асистенции. Меѓутоа, во изјава дадена во текот на вчерашниот ден, напаѓачот рече дека нема намера да оди во Рома.


Кањос: Го сонував овој старт и победата над Арсенал

Шпанецот Серхио Кањос не го криеше воодушевувањет откако беше стрелец на првиот гол во новата сезона во Премиер лигата во натпреварот во кој неговиот тим стигна до победа од 2-0.

Фудбалерите на Брентфорд не се исплашија од враќањето во најсилната англиска конкуренција после 74 години и го победија Арсенал. Еден од хероите на оваа победа беше Серхио Кањос кој го постигна првиот гол.

„Ова е неверојатно сонував како го постигнувам првиот гол на стадионот. Бевме многу возбудени поради овој натпревар, но заслужено победивме. Освоивме големи три побда, нека се радуваат нашите навивачи. Се уште не можам да верувам дека го постигнав првиот гол ол во сезоната, неверојатен момент за мене и моето семејство. Пресреќен сум. На крајот најважно е што Брентфорд победи“, изјави Кањос.

Во второто коло Брентфорд ќе игра против Кристал Палас.


Кер ќе го замени Попович на американската клупа

Стив Кер е фаворит за позицијата нов селектор на кошаркарската репрезентација на САД. Тој рече дека со задоволство ќе се согласи да стане нов селектор на американската репрезентација, ако добие понуда..

Грег Попович го напушти тимот по Олимпијадата во Токио, а Грент Хил наскоро ќе го замени Џери Коланџело како генерален директор. 55-годишниот Кер работеше како асистент на Попович и вели дека ако добие понуда ќе ја прифати без размислување.

„Немам идеја кој на крајот ќе го предводи американскиот тим на Олимписките игри во Париз. Има толку многу одлични кандидати овде. Ако ме сметаат за кандидат за функцијата, тоа ќе биде голема чест за мене. Се разбира, јас сум заинтересиран да ја водам репрезентацијата. Кој не би? Ајде да видиме што ќе се случи понатаму“, изјавил Кер.